Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Посочи ми еден "Бугарин" од филмот, кој е позитивен карактер. Толку ли мрази Бугарите Дарко Митревски дека барем еден добар Бугарин не стави во филмот? Еј така, за боја.

Бугарин со позитивен карактер кога Македонија ќе продуцира научна фантастика , до тогаш треба да се навикнете на вистината.
 
Бугарин со позитивен карактер кога Македонија ќе продуцира научна фантастика , до тогаш треба да се навикнете на вистината.

Не сум изненаден дека антибугарски филм има таков успех при вас, како гледам коментарите ви.
 
Не сум изненаден дека антибугарски филм има таков успех при вас, како гледам коментарите ви.

АНТИБУГАРСКИ ? Демек „Schindler's list“ , La vita e bella , Sophie's Choice, се` тоа се антигермански филмови?
Колку примитивни балкански сфаќања, БРАВО!

Инаку тапа е филмот ама од сосема други причини.
 
Не сум изненаден дека антибугарски филм има таков успех при вас, како гледам коментарите ви.
Реален филм,ништо повеке,бугарската војска шо била во Македонија е прикажана во сосема реално светло.
На кој да се остаи добро светло кога сите бугарски војници биле исти што дошле,бетер и од шваби и жабари.
 
Не сум изненаден дека антибугарски филм има таков успех при вас, како гледам коментарите ви.
Ами што правиме со Ало, ало која имаше светски успех? Антигерманска е и таа, исто како филмовите MissBiss шо ти ги кажа?
 
Ајде доста со муабетиве. Ќе замавам по некој казнен ако продолжите. Ќе се накотат овде после историски „познавачи“, а темава е за филм. Затоа со ум, зашто ќе следат санкции.
 
Промашен и аматерски филм, можеле доле да напишат и Проект на владата на РМ. А гледам нивна реклама, а филмов го гледам, нема разлика. Дарко Митревски нема поима човече. Треба да го пуштат да режира детски серии на МТВ, не да се пува во Холивуд. Толку лошо напишани ликови, реплики и сценарио богами немам видено до сега на филм, али пак е тука некаде со Балканкан. Стварно ми е криво што филмов не го откупи холивудско студио, а колку што знам причината за тоа бил он и поради тоа што неќел да дозволи да се смени сценариото на кое што самиот е автор. Сашко Коцев исто нема поима, тоа што кажува вицови на Златна Бубамара беше критериум да го изберат? Кој резил е типов кога манекенка успеа да го засени со глумата. Особено се примети во последната сцена со Раде Шербеџија, и сеа сценава као овие ги носат во логор, сите потресени, и доаѓа Сашко ко да носи роба за на пазар. :icon_lol: Нити тон на глас мења, ниту некаква гримаса прави. :) Охридско не го коментирам, само ни кажува колку Дарко не го бива. И уште една ствар која ми сметаше кај него е што човеков тотално немал осет за тоа на кои делови од филмот колку време треба да им се посвети, па така во филм за фудбал посветен на тим кој ја бранел честа на Македонија тој става рандом ликови што трчаат наоколу со топката и не знаат што прават, и повеќе муабет тераат на терен него ли што играат а сепак победуваат.:) До толку не можеше вистински фудбалери да вклучи на терен? Смешно изгледаше тој дел, а според мене беше еден од најважните, и навистина немаше потреба од маказите на крај, ем не знаат да одат ем макази прават.:icon_lol: Поради тоа почнав за Левски да навивам во филмот.:) На волку лош филм, клише моментите не ги ни спомнувам, само ми е криво што е сменет оригиналниот крај а и прашање е дали нешто оригинално има во целиот филм, а толку потенцијал имаше филмов (инаку Шпиц потоа станува тренер на Вардар и умира на утакмица после победата на Вардар над Хајдук или Динамо, а за време на окупацијата претседателот Павлов буквално го вади од воз во Србија и го спасува од сигурна смрт пред да биде депортиран, а да и Павлов е стрелан од комунистите после ослободувањето). Треба стварно да си талентиран да усереш таква приказна, со она што го знаев претходно за приказната барем просечен холивудски филм ќе излезеше сигурно. Се на се тапа глума и лошо сценарио кое уште полошо е реализирано. Позитивни појави се полковник Гарванов, претседателот Павлов, и нормално Раде Шербеџија со Ричард Самел. Последниве двајца не знам како се нафатиле да глумат во ваква гротеска.
 
Очекував да добие хејт филмов и од нас, ама до волку не очекував.
И шо сте се фатиле за тоа како било стварно тоа. Дарко Митревски сакал да го режира на тој начин, сакал да ја спои приказната така и готово. Никаде не пишува дека филмот е биографски за тимот Македонија, само е базиран на вистински настани, а тие настани што се извртени тоа е веќе друга приказна.
На крај краева сите филмови низ светот кои се базирани на вистински настани не се правени точно како што се одвивале тие настани. Секој режисер си го прави филмот како му одговара.
 
На крај краева сите филмови низ светот кои се базирани на вистински настани не се правени точно како што се одвивале тие настани. Секој режисер си го прави филмот како му одговара.


Е тоа е и проблемот, зошто поголемиот дел од гледачите го сфака тоа како вистина. Кога правиш историски филм нека биде историски а не алтернативна историjа. И не го прави режисерот филмот. Финансиерите го прават.
 
Абе се некои филмски експерти на форумов, ова не чинело, она не чинело, ова вака било а уствари така требало да биде, да му се смачи на човек да ве чита.
Земете вие направете еден филм и просветлете не нас што сметаме дека Трето полувреме е супер филм, а уствари не бил, што е уствари добар филм и издржана режија, сценарио итд...
Филмот си е супер, иначе се слагам со еден член погоре што пишал дека некако на сите македонски филмови мана им е звукот...
Посебно ми се свиѓаат они моменти кога се навива за Македонија и кога народот на еден свој начин искажува бунт против србите/бугарите :)
 
За Ричард Самел се сложувам. Кај го нашле не знам ама човекот заслужува поголемо препознавање низ светов, навистина ми остави голем впечаток. :cuc:
 
Го тргнаа од Ју Тјуб. Кој го симна го симна кој не за друг пат памет во глава.
Ништо страшно...кој сака да го гледа може да го симне од торент...... проблемот е еднашсамо да се појави ..после тоа се е полесно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom