FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Сега знаеш.
Некој ваков :D
Parrot+Straddle.jpg
 


Не е некое мерило статистиката, но сепак Челзи играше вонземјански во второ полувреме, наметна такво пеколно темпо, што Манчестер машки го издржа. Да беше друга екипа и да го немавме Торес, одамна ќе паднеа како круши.
 
Уште 2 лајк4иНа и у топ 10 мислења ке влезеш..Екстрим доби сериозна конкуренција...
Некој уште не се оладил.......треба да мавне некој ладен туш пред да напише нешто за што ќе зажали ;)
 
Дефинитивно треба да воведат во ФА куп или Авеј гоал Рул, или продолженија. Драпајси јајцава е ова сега повторена утакмица. Кај така Челзи има 65323653234 утакмици изиграно, па и оваа +. Челзи ја губи утакмицата 90% сум сигурен, 15тина играчи играат 60+ утакмици сезонава, најмногу изиграни имаат во Европа. Заморот ќе си го направи своето, па уште и утакмица имаат со Стеауа во Европа Шит лигата. Нека настапи таму дебелиов со Бенајун/Аке/Фереира/Марин/Торес па макар и отпаднале.
 
Некој уште не се оладил.......треба да мавне некој ладен туш пред да напише нешто за што ќе зажали ;)

Tреба да си мавнеш доза реалност за да сфатиш дека твојот Арсенал е помизерен од било кој друг клуб во Англија...
А ова со зажалувањето... имам само 2 збора да ти кажам, FUCK OFF!
 
Челзи машки излеше во вториот дел, нешто што искрено не го очекувал ни САФ дури ако се знае за дефанзивната игра на Челзи во последен период под палка на Бенитез. Според прикажаното од вториот дел Челзи го заслужи пласманот, ние рано поведовме во мечот и по добриот старт некако играчите ја оставија топката на сините кои немаа нешто во првиот дел, но машки во вториот дел не стегнаа и само ДДГ е заслужен за тоа што сме сеуште во игра. Чича покажа уште еднаш дека против Челзи знае да даде гол, но секоја чест за погодокот на Хазард. Челзи во него доби многу во иднина зошто има брзина, техника, контрола и физичка снага да се носи со секого во ПЛ.
 
Дефинитивно треба да воведат во ФА куп или Авеј гоал Рул, или продолженија. Драпајси јајцава е ова сега повторена утакмица. Кај така Челзи има 65323653234 утакмици изиграно, па и оваа +. Челзи ја губи утакмицата 90% сум сигурен, 15тина играчи играат 60+ утакмици сезонава, најмногу изиграни имаат во Европа. Заморот ќе си го направи своето, па уште и утакмица имаат со Стеауа во Европа Шит лигата. Нека настапи таму дебелиов со Бенајун/Аке/Фереира/Марин/Торес па макар и отпаднале.
Tоа со заморот не држи...за тие пари што ги земаат можат по 2 утакмици неделно комотно да играат...да копаа на нива или во рудник па да разберам уморени ама некој да те плаќа за у тератана и во спа и тренинзи, многумина би сакале да се на нивно место! Така да муабетот за уморот е само вадење, мора да изиграат се и да победат што е најбитно!
 
Првото полувреме ни припадна нам, второто на Челзи ама комплетно на Челзи. Топка не фативме значи :facepalm:

Валенсија е мизерија годинава уште кога влезе знаев дека ќе биде крш неговата игра. Единствени кои заслужуваат пофалба откај нас се Де Геа и Керик кои константно значи секоја утакмица од изминативе 40 ја одиграа на ниво и заслужуваат огромни пофалби а знам дека сепак малоумните фанови на Јунајтед ќе го изгласаат РвП за играч на годината :tapp:
Челзи се консолидираа во второ, Хазард требаше да почне откај нив дефинитивно исто како што требаше откај нас Велбек наместо Кагава. Ама тоа е што е, Де Геа не спаси и ќе гледаме реприза на СБ.

Се слагам со членот што пиша погоре дека треба една утакмица и крај, вака само неизвесност ама доброто е што ќе имаме утакмица плус за гледање :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom