Владата се преиспитува за повисока граница за пензионирање

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Апропо дигање на границата,има и дигање на пензиите за 5% , или 550 ден линеарно.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Апропо дигање на границата,има и дигање на пензиите за 5% , или 550 ден линеарно.
Зошто сега покачуваат пензии во иднина ќе покачуваат години за пензионирање, ама ако нека се радува народ:D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Државата годинава ќе исплати 37,03 милијарди денари (602 милиони евра) за пензиите на 287.200 пензионери, покажуваат официјалните податоци од централниот буџет. Просечната македонска годишна пензија изнесува околу 2.100 евра годишно односно 10.744 денари месечно.
Буџетската ставка наменета за македонските пензионери е една од најголемите поединечни ставки во централниот буџет.
Најголем дел од парите наменети за сегашните пензионери и сите лица кои ќе се стекнат со тој статус годинава ќе пристигнат од активното работно население во земјава. Од сите вработени годинава државата проектира да наплати 28,47 милијарди денари од придонесите за социјално осигурување кои на сегашните вработени им гарантираат пензија од државниот пензиски фонд во иднина по навршување на 64 години за мажи и 62 години за жени.
Останатите 8,56 милијарди денари (139 милиони евра) кои недостигаат и се појавуваат како разлика меѓу уплатените и потребните приходи и годинава како и досега ќе ги одвои Министерството за финансии од сите приходи на централниот Буџет.
Но, пензиите не се единствената дејност на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување годинава. За други социјални трансфери годинава од Фондот за ПИОМ се резервирани 8,5 милијарди денари. Вкупниот износ за сите активности за социјални бенефиции изнесува 45,58 милијарди денари од што за пензии се наменети 37,03 милијарди денари.
И годинава како и многу години досега за исплата на пензиите се грижат 724 вработени на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување за Република Македонија. Вкупниот буџет на оваа институција за годинава изнесува 46,07 милијарди денари, од кои 45,58 милијарди денари се наменети за пензии и други социјални бенефиции за различни социјални слоеви во земјава.
За својата годишна работа секој вработен во Фондот за ПИОМ годинава ќе направи оперативни трошоци од 0,65 милиони денари (нешто повеќе од 10.000 евра годишно). Вкупниот буџет за плати на сите вработени во оваа институција, која оперира со Буџет од 749 милиони евра изнесува 288,5 милиони денари ( околу 469.000 евра).
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не плаќам пензиско ако го направат ова. Што, демек со овој стресен живот некој од нас ќе дочека 70 години? Како не бе.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
ти велиш дека размерот е 1,5 према еден сега ќе ти каже чичко Меља како се решаваат работите

  • помали плати за политичарите
  • помали плати за администрација
  • помали плати за војска и полиција
  • помал данок
  • флексибилен ДАНОК на додадена вредност скалест наместо фиксен
  • Помалце бракови од интерес и казнување на таквите со закон
  • рестрикција на купување нови и скапи возила или оданочување
  • помалце кафичи и кафани за младите
  • поголема социјалност и дружење на младите и решавање на егзистенцијални проблеми
  • Ја би додал уште една ставка: 100 стапа за оние кои купувааш колишта, одат по кафани и не се социјализираат.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Македонија - Земја на пензионери.... у оваа држава ти е рај да си албанец или пензионер.. сите права ги уживаат и се ко заштитени мечки - за другите .!. ги заболе знаџи се па живи работава.... демек земја на информатичари сме биле... знаењето нели беше сила и моќ се тупеше на сите страни за високо образование и за студентите на крај ништо....
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213

Затоа коа ќе си одиме се прашуваат како да ги задржеле младите и зошто си заминувале...епа затоа што ете ти многу убаво напиша погоре каква е ситуацијата
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Затоа коа ќе си одиме се прашуваат како да ги задржеле младите и зошто си заминувале...епа затоа што ете ти многу убаво напиша погоре каква е ситуацијата
баш сега на вести кажуваат дека една третина од младите се веќе во странство затоа што тука не им се вреднува трудот.... па многу нормално - што има тука за да задржи некој млад? прва прилика и ја би ја „здувал“ од државава
--- надополнето: 7 март 2013 во 17:55 ---
да се надополнам на муабетот...

29% со факултет се во странство, 85% студенти сакаат да си одат

29 проценти од лицата кои завршиле факултет заминале во странство. 85 одсто од студентите во завршната година од студирање сакаат да ја напуштат државата.
Причините за тоа ги гледаат во ниските плати, нестабилната економија и малите шанси за напредок во кариерата. Токму затоа, Министерството за образование изготви национална стратегија за спречување на одливот на мозоци.
Од таму велат, платата неможе да ја зголемат но ќе се интервенира во обезбедување на работни места за интелектуалците, стипендирање, повеќе пари за истаржувачите, поголема соработка со приватниот сектор.
Стратегијата предвидува и враќање во Македонија на оние кои веќе заминале во старнство, преку нудење работа во приватниот и јавниот сектор.
Националната стратегија сеуште е во работна верзија и ќе претрпи измени според потребите на студентите, професорите и стопанството . Министерството за образование веќе одвои буџетски средства се со цел младите мозоци да се задржат во земјава.

како ке ги задржите младите бре? наместо 12 ке им дадете плата 15 000? - ке ви успее кај и да е... ако не оваа година за 100 години МОЖДА...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.052
Поени од реакции
5.964
А што правиме ако млади невработени цури масовно почнат да се мажат за пензионери како што сега Канада се соочува со тој проблем?Чим си отиде пензионерот од овој свет цурата на 20 и нешто години ќе ја наследи неговата пензија доживотно.Е тек тогаш на колку години ќе ја поместат старосната граница за заминување во пензија.За среќа ова ретко се случува во Македонија но никогаш не се знае кон која насока ќе се движат работите.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Интересна можност....
Мене ме фасцинира нешто друго....
Пред повеќе децении, вработените одењето во пензија, го примаа како лична трагедија..., како крај на животот..., како лична маргинализација,... како предзнак на сиромаштија и слично. Многумина се обидуваа да го избегнат или пролонгираат одењето во пензија.
Денес е сосема друга ситуација.
Сите тежнеат да отидат во пензија, верувајќи дека со тоа ќе обезбедат социјална сигурност ( секој први пензија )
Мислам дека нешто е погрешно во сегашниот пензиски систем и системот на работни односи
Инаку до Стопанската реформа од 1965, во пензија се одеше со полни 70 години старост. По 1965, започнаа помлади да се пензионираат. Тогашните власти тоа го правеа, надевајќи се дека на тој начин ќе се овозможи запослување на помладите, што се покажа илузорно.
 
И сега е така ама само во државните фирми.Верувај ми кај мене на работа сите што можат го пролонгираат рокот за пензионирање.Дури имаше и такви што пред да го донесат законот за пензионирање доколку се вработиле пример на 18 години а треба на 58 да се пензионираат по стариот закон бараа луѓе за 1000 евра што ќе им направат измена во изводот на матичната книга со што ке ги направат неколку години помлади само за да не одат во пензија.:)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
нека не си играат со народот
тоа е изживување- да мачиш некој со бастунче да мора да оди на работа- само затоа што некому така му се сакало

Kajgana Shop

На врв Bottom