Возевме: Volvo V40 (видео)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.639
Поени од реакции
35.996
Возраст
41
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Возевме: Volvo V40 (видео)

Еден од најубавите хечбек автомобили што се појавија минатата година, и кој со нетрпение чекавме да го тестираме, дефинитивно е новиот Volvo V40. Иако доаѓа со висока цена, овој модел навистина има што да понуди и како естетика и како квалитет, но и како безбеден и многу штедлив автомобил.


Фото: Димитар Петровски/Кајгана

Дизајн

Volvo на V40 продолжи со атрактивниот дизајн што скандинавците го почнаа со XC60 и со S60. Заоблените линии и креативните решенија доминираат, а интересните детали се присутни и во внатрешноста и во надворешноста. Маската почнува со агресивните предни светла и спуштениот „нос“ кој го навестува спортски дух на овој модел, а преку крилата, динамичните линии продолжуваат до мускулестите задни странични блокови и завршуваат на смирените, но атрактивно дизајнирани линии на багажникот и стоп светлата.

Конкретниот модел што го возевме имаше дополнителен спортски кит за праговите, спојлерот и дифузерот и уште неколку детали што дополнително го нагласуваат убавиот изглед.
Нема сомнеж дека ова е еден од оние автомобили кои со мерак ги гледате, им ја отворате вратата за да влезете во него и се посветувате на уживањето во убаво дизајнираните линии.

Ентериер

Белата кожа во внатрешноста во комбинација со сината боја на надворешноста му даваат посебен префинет и луксузен изглед, а со оглед дека тест возилото беше со највисокото ниво на опременост, Summum немаше недостаток на опрема и додатоци. Лебдечката централна конзола е обложена со алуминиумски детали кои се присутни и на воланот и на рачките на вратите, а префинетоста се забележува и кај останатите елементи.

Фото: Димитар Петровски/Кајгана

Volvo има применето интересно решение за брзинометарот кој е единствениот кружен инструмент што се гледа низ воланот, додека останатите се поставени вертикално, а дури ни инструментот за вртежите не е претставен како круг. Но, она што е најинтересно се индикаторите за тоа колку е штедливо возењето и оној за менување на брзините. Практични и корисни податоци, ако сакате да го достигнете максимумот во економичноста на V40.

Каков е за возење?

Со оглед на тоа дека 1.6 литарскиот дизел агрегат со 115 коњски сили е направен за економичност, Volvo V40 нуди мирно и сталожено возење низ град и на отворен пат. Во градските средини Start/stop системот се грижи за дополнителната заштеда на гориво кога стоите, а индикаторите на инструмент таблата ви покажуваат кога да ги менувате брзините и колку е моторот штедлив.

Според спецификацијата овој автомобил троши само 3,6 литри, а возејќи го низ Скопје и по отворен пат, можевме да забележиме дека е исклучително штедлив.

Штедливоста на моторот, во извесна мерка, е на сметка на перформансите, па 1.6 литарски мотор често нема доволно сила ако сакате поагресивно возење и му требаат 11,9 секунди за да стигне до 100 километри на час. Неговата максимална брзина е 190 километри на час.

Фото: Димитар Петровски/Кајгана

Што ни се допадна?

Дизајнот, удобноста и економичноста на ова Volvo вистински освојуваат. Убаво е да го гледате, да го возите или да патувате со него.

Што не ни се допадна?

Главната „мана“ на овој атрактивен модел на Volvo е неговата висока цена. Замерка може да му се даде и за разликата во удобноста кога се возите на предната и задната клупа. Моделот е наменет за помлади луѓе, кои немаат фамилија, па има голема разлика во удобноста на предните седишта во однос на „тврдите“ задни седишта.

Дали е возбудлив за возење

Дизелскиот 1.6-литарски мотор се покажа одлично кога е во прашање економичноста, па со тој мотор, V40 се фокусира на практичноста и на штедливоста. Ако сакате спортско возење, како опција се достапни дизелскиот 2.0-литарски мотор со пет цилиндри, како и бензинецот со 2,5-литри зафатнина, пет цилиндри и 254 коњски сили.

Колку е атрактивен?

Убавиот дизајн и префинетата внатрешност го прават прилично атрактивен. Паркирајте го некаде каде што минуваат многу луѓе и сигурно ќе привлече еден куп погледи.

Заклучок

За цената од 31.056 евра колку што чини овој модел со највисокиот степен на опрема (тест возилото имаше дополнителен спортски кит што ја зголемува цената до 35.000 евра) добивате навистина убав и квалитетен автомобил што ќе ве заштити со бројната безбедносна опрема, и ќе ви ги заштеди парите што би ги давале за гориво. Сепак високата почетна цена значи дека Volvo V40 ќе можат да се го дозволат само мал број луѓе, или пак само оние што вистински ќе се вљубат во неговиот убав дизајн.


Погледнете го видеото


-
 
35К влегува во поле на А5, па и со циркони да е на бандажите пак ќе е преценето.

Шасија и 50% од деловите мислам ги дели со Форд Фокус
 
Уфф, го обожавам аутово. :love: Одличен дизајн.
Повеќе мерак ми прави и од ауди а3.
 
31.056 евра за македонскиот народ што е премногу премногу е но сепак како што пишува погоре ќе си го дозволи оној кој има доста пари :) мада јас мислам дека и аутово малце повеќе е преценето ...
 
Убаво бе,убава линија,безбедно аутце..ама скапо бе мајке ми.
па и не е скапо,ама ако не даваш свој пари, да не спомнуваме сега тука
арамиски пари,овие од транзицијава и повеќеумието, него ми е збор,си тераш свој живот чесен,но оп од наследство ти дошле 200.000 Е,од некоја нива,во овој случај карши хотел „Белви“- на влезот во Скопје,која ти ја оставил предокот,а тебе не ти треба,и што сега ќе му мислиш колку кошта,или ќе му ги читаш само первомансите и само кажуваш која боја и бројот на сметката од банка.Него каде може да се уплати ова.
 
31.056 евра за македонскиот народ што е премногу премногу е но сепак како што пишува погоре ќе си го дозволи оној кој има доста пари :) мада јас мислам дека и аутово малце повеќе е преценето ...
(тест возилото имаше дополнителен спортски кит што ја зголемува цената до 35.000 евра)

па и не е скапо,ама ако не даваш свој пари, да не спомнуваме сега тука
арамиски пари,овие од транзицијава и повеќеумието, него ми е збор,си тераш свој живот чесен,но оп од наследство ти дошле 200.000 Е,од некоја нива,во овој случај карши хотел „Белви“- на влезот во Скопје,која ти ја оставил предокот,а тебе не ти треба,и што сега ќе му мислиш колку кошта,или ќе му ги читаш само первомансите и само кажуваш која боја и бројот на сметката од банка.Него каде може да се уплати ова.
И неколку милиони да имам на сметка, сепак пари се, разумно не би ги дал за оваа кола пошто едноставно не вреди (ниту волво е престиж, ниту има солиден мотор)
За истата сум ќе возам и класа погоре и преимум сегмент (А5, BMW 3 купе итн..)
 
(тест возилото имаше дополнителен спортски кит што ја зголемува цената до 35.000 евра)


И неколку милиони да имам на сметка, сепак пари се, разумно не би ги дал за оваа кола пошто едноставно не вреди (ниту волво е престиж, ниту има солиден мотор)
За истата сум ќе возам и класа погоре и преимум сегмент (, BMW 3 купе итн..)


Колку е почетна цена на А5 кај нас?
 
Задниот дел е ѕверски ..
 
Топ е количката и кадрите на снимањето се профи.

Acid аудиото не ви е добро,или мене ми делува ко девојката да има штипка на нос и ко да збори у тегла?
 
Јако, предниот дел некако не ми е по вкус, ама затоа задниот дел спие...Ама малку повеќе соленко е.
 
Kolava e super,uste da prisoberam pari i obavezno ja kupvam.
 
Back
На врв Bottom