Скопје расте на штета на граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Градот се шири на сите страни , и нормално се намалува и зелената површина , не одете подалеку , гледајте го центарот на Скопје.
Самиот плоштад изгуби големи зелени површини , изградбата на хотелите пред Мепсо , и другите објекти покрај Вардар од левата страна (театар , музеј , владини згради итн).
Жена парк исто така претрпе мало бронзирање.

Водно веќе дава знаци дека не ги поднесува сите ти згради кои многу брзо се множија.

Дебар Маало ти е Чаир 2.

Со проширување на неколку улици исто така исчезна зеленилото. (проширувањето беше неопходно заради метежот во сообраќај).

Сега пошто се зафатија местата низ центарот на градот , тргнаа кон Лисиче , а уште малце ќе одат и подалеку , пошто и тој простор им се троши.

Ако ви значи нешто да кажам дека од 2006-2011 во Скопскиот регион се изградени-завршени 10.919 станови

11.000 семејства , 40.000 луѓе (може да ја сместиш цела Струмица во овие станови)

И мерачите на квалитетот на воздухот ја забележуваат промената , тие велат дека градот е загаден.
 
Што ве гледам чудни,се знае што е работата,општинарите лапаат проценти и станови за да издадат градежна дозвола,секој инвеститор и изведувач ќе ти го потврди истото. Тарифата е два стана па до цел спрат,во зависност од локација.За жал Водно ке се гради уште повеќе од ова,најмалце до Видиковец.Ако не излезе народот и да го запре ова лудило нема да застане се дур има слободна педа за градење.Кога се доселив во Аеродром имаше 70% зеленило,сега има само 30% Кој е од Аеродром ке го потврди ова,и пак е најзелена населба од цело Скопје и покрај сето тоа градење.Н.Лисиче ке стане побројно по население од Аеродром за 5 години.Моментално сето тоа што беше зеленило или депонија,сега се згради,Турците што ги градат стокатниците кај Макоил,спроти Американскиот колеџ никнуваат 10-ина згради,кај Амбулантата Јане никна 8катница и ке се рушат сите бараки за да изградат нови 7+ спрата згради.А тек Карпош допрва што го чека па за тоа уште цел ден ке ми треба да пишувам.Кој и да дојде на власт истото ке се дешава зашто народот ќути,инвеститорите лапаат милиони,провинција упорно купува станови и се доселува масовно у Скопје без разлика дали имале потреба или не.Некој спомна морале.Од кај знаеш колку точно мораат а колку од чалам?Небитно е тоа,битно дур се купува како да е 300 евра квадрат а не 1300,и дур народот седи дома и ццка ке се градат уште многу и ке се надградуваат и тие ниските.
Уште градски парк остана зеленило,кај и да е и него ке го стокмат,почнаа покрај кеј.
И после немало воздух,немало снег у Скопје,епа ке нема.
Мене лично ми прекурчи од ова бетонско лудило и радо би се трампал за некој ранч у планина.
 
Само се чудам овие „будалестиве“ што доаѓаат овде
во Скопјево кај ќе ги пасат козите,кога зеленило веќе нема да
имаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа овде
а нивното таму ќе го покрие снегот-неиспасано и неискосено.
Е тоа е вистината,погледнете од автобус по полињата и нивите и ридовите по Овче поле и по другите места.
 
По мене проблемот не е градењето во Скопје. Проблемот е градењето во центарот и блиску до центарот на Скопје. Колку само слободна површина има на завршетоците на градот ехеее, може да се испланираат и паркови и згради и паркинзи и училишта, трговски центри и тн. Јас бидејки сум блиску до Хиподромот, и често одам кај коњачкиот клуб да се рекреирам, ви тврдам дека тука може да изникне најелитната населба или не мора да е елитна, туку најдобро испланираната населба, оддалечена 10 км од центар, со време на патување од 20 до 30 минути до центарот во зависност од густината на сообраќајот. Има простор колку ти душа сака, ее таму до Илинден тоа се може да се изгради, и тоа плански без да се пренатрупа.
Стварно не знам зошто не мислиме да се шириме туку гледаме да се упикаме што погусто. И ја не знам како некој купува стан некаде во центар или кисела вода на пример, а со терасите со комшијата од другата зграда се одалечени 2 метри. Никогаш не би можел да живеам во таква гужва и галама, и никогаш не сум можел да ги разберам луѓето поготово побогатите кои се пикаат во таа смрдеа во тој смог пример кај буњаковец.И после као се фалат или се горди што земале стан на елитно место. За мене единствено елитно место е двор со куќа на влез на град. По мене најдобро средени населби во кои повеќето од живеалиштата се згради се Ново Лисиче и Аеродром а Маџари е доста добро место за живеење во куќа, само уште еден добар трговски центар фали, друго се има во близина, и е мирно место за живеење.
 
Во цел свет имаме бегање од централните градски подрачја и населување на перифериите на градовите,само кај нас сите се бутаат во 3-4 населби во центарот и околу центарот на градот......
--- надополнето: 7 март 2013 во 01:49 ---
По мене проблемот не е градењето во Скопје. Проблемот е градењето во центарот и блиску до центарот на Скопје. Колку само слободна површина има на завршетоците на градот ехеее, може да се испланираат и паркови и згради и паркинзи и училишта, трговски центри и тн. Јас бидејки сум блиску до Хиподромот, и често одам кај коњачкиот клуб да се рекреирам, ви тврдам дека тука може да изникне најелитната населба или не мора да е елитна, туку најдобро испланираната населба, оддалечена 10 км од центар, со време на патување од 20 до 30 минути до центарот во зависност од густината на сообраќајот. Има простор колку ти душа сака, ее таму до Илинден тоа се може да се изгради, и тоа плански без да се пренатрупа.
Стварно не знам зошто не мислиме да се шириме туку гледаме да се упикаме што погусто. И ја не знам како некој купува стан некаде во центар или кисела вода на пример, а со терасите со комшијата од другата зграда се одалечени 2 метри. Никогаш не би можел да живеам во таква гужва и галама, и никогаш не сум можел да ги разберам луѓето поготово побогатите кои се пикаат во таа смрдеа во тој смог пример кај буњаковец.И после као се фалат или се горди што земале стан на елитно место. За мене единствено елитно место е двор со куќа на влез на град. По мене најдобро средени населби во кои повеќето од живеалиштата се згради се Ново Лисиче и Аеродром а Маџари е доста добро место за живеење во куќа, само уште еден добар трговски центар фали, друго се има во близина, и е мирно место за живеење.
--- надополнето: 7 март 2013 во 01:56 ---
Ова е катастрофа што се случува на секое ќоше во градов никнуваат згради, кај средново ѓорѓи димитров тубро градат згради, кај машински и тоа малце зеленило што го имаше се градат уште 2 згради.... Можам само да кажам среќен сум дека околу зградава кај мене има подземни гаражи и неможат да ми дигнат некој монструм.
Живеев таму 12 години и мојата барака од како пројде низ неколку раце од кога ја продадовме стана зграда. Пред едно можеби 14-15 години почнаа да се градат згради таму.Прво едната,што е на почетокот на таа слепата уличка таму (најголемата зграда)........направија дубари,ја градеа 100 години и испадна дупло поголема од што требаше да биде.После нејзе брзо уште 2-3 никнаа,а како што гледам трендот не запира....На место на една барака (таму беа бараки се..) никнува зграда.Збиено се,нема место ни да се сврти човек.....кај тесни уличките (некои се по метро широки) уште згради бапнуваа.Не дај боже пожар избие нема тероија да влезе пожарна во таа улица.....
За паркинг да не збориме,кога бев мал фудбал игравме на тоа кругот кај таа слепата улица околу кои има куќи,сега нема слободен простор ни за серва да се изигра.....на улицата се е затрпано,мои бивши комшии не можат од дома да излезат затоа што влезовите им се затрпани со коли паркирани.За ѓубре фрлање е исто хаос.... ги мрзи господата (повеќето новопечени скопјани) да најдат некоја канта,па ѓубрето им го подметнуваат, т.е фрлаат во кантите на тие од куќите.
Цела населба таму е уништена,а колку убаво место за живеење беше кога ќе ми текне....
 
Наместо да се мислеше на подобро поврзување на периферните делови од Скопје со центарот на градот, нас сосема други ни се приоритетите. 10-15 километри со добра инфраструктура воопшто не е далеку од центар, но кај нас тоа е патешествие, особено со градскиот превоз во одредени периоди од денот или одредени денови.
 
ако сакате зеленило имате планини, ете ви го водно па матка изелете надвор од скопје, ем помалку бучава ем повеке зеленило, нормално е во градот да се гради
 
За секоја крупна промена во градот/населбата треба да има еден вид референдум, барем така мислам дека би било најправилно.
Знам во Швајцарија (незнам дали е за сите кантони но за во Schwyz сум сигурен) имаат таква работа. Скоро имаа референдум за дали да се отстрани некое дрво старно 90 години, од центарот на градот (или така нешто).
 
ако сакате зеленило имате планини, ете ви го водно па матка изелете надвор од скопје, ем помалку бучава ем повеке зеленило, нормално е во градот да се гради

Па што и да се гради треба да биде плански и испланирано. Оди во некои од вистинските метрополи низ нашава Европа па да видиш што се случува во центарот на градот. Никако нема градежен хаос како овде. Ние сме едни од ретките, ако не и единствени што имаме планина - Водно на 2км од центар. Не треба да го изгубиме и тоа.
Па ова со референдумот би било супер идеја, ама џабе кој не врти нас. А има ли можност да се направи иницијатива за такво нешто, може ли некако да дејствуваме а не само да збориме? :D

Колку што знам инаку ќе се гради и во самиот парк, катна гаража, нешто околу салата Градски парк, нели ке се прави луна паркот, после на самиот кеј итн итн..
 
Сите сакаат да живеат во Центар. Таму се гради највеќе, сега после избориве ќе биде фатено и Маџир Маало. Ќе се рушат куќи ќе никнуваат згради како во Дебар Маало. Ете уште една коцка од Скопје која ќе се стане бетер од другиве места. Истово почнува и со периферијата да се случува. Гледам низ Ѓорче, Влае, Хром и Тафталиџе се почнала таа инвеститор шема. Еве ти куќа дај ни стан и клуч на рака а останатите продај ги. Се градат смешни згради во уште посмешни бои, некои места не ги фаќа светлина. Спалната соба од една зграда гледа во дневната на другата зграда. Зелени површини скоро и да нема, се стана бекатон коцки. Нема доволно паркинзи за колите, се ствара гужва, се блокираат улиците. Не може ниту камион да собере ѓубре, а не може ниту да дојде пожарно возило, не дај боже да треба на некој.

Скопје станува бетер од кинески кварт.
 
Скопје станува бетер од кинески кварт.

Само да не почнат како во Кина , насила да не тераат да си ги напуштиме домовите за они таму да градат згради. Очајни се веќе , од кај мене повеќе ни крстот што би се рекло не го гледам , бидејќи сеа секој гледа што повисока зграда да изгради. Кај им се Бардовци , Зелениково , Јурумлери-Мурумлери ... у нас. Аеродром планираат да градат облакодери ( 100 катници ) каде со таа глава. Ама ако , македончето може да преќути не е проблем за нас.
 
Јас сум за облакодери и и високи згради со решен паркинг простор. Облакодерите и високите згради зафаќаат помалку површина , и има повеќе простор за зеленило, паркчиња мали езерциља и сл. Проблемот е во Скопје што од тесни улици кај што има куќи направија згради со над 4 ката. А немаат ни кола кај да паркираат. Такви места каде што сакаат да се гради треба со темел да се срамни, и да се направат облакодери со катни гражи и за ефект ќе има на тоа место повеќе зеленило отколку што имало претходно. Си тие 4 згради облакодери со по 42 ката се планира да живеат 5000 жители а просторор не да е поголем од 9000 квадратни метри(зборам за висококатниците во Аеродром). Да се градеше како што се гради таму Скопје ќе имаше повеќе зеленило. Ако сакате повеќе зеленили место 15 згради остајте место за 3 згради и таму направете високатница и за место за уште 2 згради направете катни гражи сте заштетиле простор од 10 згради што може да направите убави паркови , езерца и сл. Ама кај нас толку ни е мозокот. Мислат дека облакодери ги прават за курчење не сфаќаат дека се потреба. И така Скопје место да има 50 облакодери. Скопје место нив има 5000 помали згради изгрдени во поранешни мали зеленила, и напревени во тесни улици каде што не можеш да возиш а не па да паркираш а да не правам мубает дека таму воздух нема. А 50 Облакодери чинат дури и поефтино од 5000 помали згради. Заклучок врска немаме од економија и ефикасност, врска немаме од екологија, врска немаме од урбанизам.
 
Види , од една страна не велам дека е лошо да има 100-катници меѓутоа да се запази малку редот. Значи околу тие 100 катници барем по 300 метра слободен простор да има , да се направат паркови едно друго. Кај нас тоа го нема тоа сакав да ти кажам, инаку баш сум среќен што тоа ниво го достигнавме да кај нас почнат да се градат 100-катници , мислам не е мала работа. Точно е тоа дека чинат помалце отколку да се кренат 10 па и повеќе згради со по 5 ката , но па ко ќе видиш 5 100-катници кренати во еден круг кој би можел да се искористи за нешто што на сите би ни било од корист малку е и за размислување, но кај нас нема кој да размисли со горната глава, сите идат водејќи се по долната глава ме разбираш ? :) А за ова подоле што ти е во болд , рака ти пружам се си е тоа на место што имаш пишано.
 
Ajде да не збориме глупости како прво.Скопје е град,голем град и што очекувате вие од Скопје..да биде село од разбиен тип..здради на километар?? Што да каже ондак Прага,погледни како е густо изградено таму....

Prague.jpg

Скопје ни приближно не е со таа густина изградено..Но не викам дека не е загаден град,загаден е и тоа многу..Проблемот со Скопје е друг.
Прв фактор,хигиената е на лошо ниво,културата на народов уште полоша.
Втор фактор,лош јавен транспорт,град кој се потпира само на автобуски превоз (голем град) има лош јавен транспорт..На Скопје му треба под хитно друга опција (трамвај,ЛРТ,метро..научна фантастика)
Трет фактор,Скопје лежи во котлина,опкружен со планини и со намален проток на воздух..густината на зградите не е предусна..
Многу сообраќај,метежи,тесни булевари и сл. Се тоа влијае на загадувањето.
 
Имаме ние далеку поголем проблем од зеленилово, ама нашиве „стручњаци“ никако да го видат тоа, т.е. се прават дека не гледаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom