Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сигурност за домашните а за странците бетер него Африканци ги гледаат (особено тие не-европјаните како нас).
Па добро затоа во останатите држави од ЕУ и во селата наскоро ќе почнат паркинг да наплаќаат. На пример Словачка и Чешка не само во големите градови што насекаде се наплаќа туку и во малите ,за да имаш паркинг место пред твојата зграда ќе плаќаш по неколку стотици евра годишно ,а во центарот во малите градови не чини многу само во зависност од градот 0.50 центи - 2 евра саат.
Знаеш колку е паркирање во сред Берлин, Минхен во строг центар?

Европа сме сакале бе значи коа ќе испадне некој со ваква реплика. Кога се работи за апашење реплицираат "сакавте Европа" а кога се работи за права на народот реплицираат "епа не сме развиено општество". Дај ми европска плата од 3000€ почетна за моја струка и бакшиш ќе им оставам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ми зборуваш за Европа но изгледа поима немаш од Европа и како таму функционира и како се направени тие паркинзи ,ми зборуваш каква им е социјалната и правната сигурност на тие во ЕУ но сигурно за тебе само највеќе 10 држави во ЕУ се познати ,другите кој врска немаат ниту од социјална и правна сигурност не постојат.Ако мислиш на закони за социјална и правна сигурност тогаш и ние ги имаме повеќето ако не и сите што ги имаат во ЕУ ,тоа ќе мора да си прашаш во партијата бидејќи тие ги носат.
Зборуваш за Анексија на паркинзи а јас ти кажувам дека во ЕУ каде што живеев година дена успеав да видам само 2-3 паркинга кој беа слободни за паркирање без наплата ,дури и тие пред зграда им ги рентаат на станарите за големи суми но како некој погоре што Смрта рече сигурно и за тебе тоа е само такса а не грабеж за паркинг место пред твојата куќа.
У ствари ти и го почна муабетот за Европа.
Дали ги знаеш просечните примања во повеќето градови во Европа, нивната социјална сигурност, бонуси и додатоци за бременост, деца и таканатаму, дали ги знаеш средствата за транспорт во тие градови, структурата на население во центрите како и тоа каде се сместени поголемите трговски центри. Во една постсоц. земја, моите колеги земаат 4-5 пати поголема плата плус бонуси плус прекувремено ако работат. Плата е едно, плус парите што ги земаат се сосем друго. Сосем поинаку фукнционираат.
На крај краева Европа и нивните услови не ме занимаат. Живеам во Скопје од 60-тите, никогаш не било ни се плаќало нешто во сопственост на сите граѓани на Македонија. Ако ти си настроен да плаќаш за нешто за кое ние и нашите родители сме го граделе заеднички, а сега на готово го присвоија градските натрапници, јас не сум. За 3-4 часа присуство на свадбена веселба или роденден кај пријател во центар, мора да платам плус 120-150 денари.
 
Член од
5 јануари 2013
Мислења
91
Поени од реакции
39
Знаеш колку е паркирање во сред Берлин, Минхен во строг центар?

Европа сме сакале бе значи коа ќе испадне некој со ваква реплика. Кога се работи за апашење реплицираат "сакавте Европа" а кога се работи за права на народот реплицираат "епа не сме развиено општество". Дај ми европска плата од 3000€ почетна за моја струка и бакшиш ќе им оставам.
Незнам , ќе ме просветлиш?

Иначе која е твојата струка Астронаут ? Во Европа за 3000 евра почетна плата и Германците сонуваат често.
--- надополнето: 4 март 2013 во 18:31 ---
У ствари ти и го почна муабетот за Европа.
Дали ги знаеш просечните примања во повеќето градови во Европа, нивната социјална сигурност, бонуси и додатоци за бременост, деца и таканатаму, дали ги знаеш средствата за транспорт во тие градови, структурата на население во центрите како и тоа каде се сместени поголемите трговски центри. Во една постсоц. земја, моите колеги земаат 4-5 пати поголема плата плус бонуси плус прекувремено ако работат. Плата е едно, плус парите што ги земаат се сосем друго. Сосем поинаку фукнционираат.
На крај краева Европа и нивните услови не ме занимаат. Живеам во Скопје од 60-тите, никогаш не било ни се плаќало нешто во сопственост на сите граѓани на Македонија. Ако ти си настроен да плаќаш за нешто за кое ние и нашите родители сме го граделе заеднички, а сега на готово го присвоија градските натрапници, јас не сум. За 3-4 часа присуство на свадбена веселба или роденден кај пријател во центар, мора да платам плус 120-150 денари.
Не ги знам во повеќето но ги знам во тие што сум живеел или знам некој кој живее/живеел, а тука следува прашањето дали ти ги знаеш трошоците во тие градови ?
Баш ме интересира која е таа земја бидејќи и јас живеев во нив па ништо од тоа немаа дури во некој случај беа дискриминирани како и ние а за 4-5 пати поголема плата мало морген.
Прекувремено и тука имаш само зависи во која компанија работиш.
Јас го почнав бидејќи секаде читам и слушам сакаме во европа а никој не сака европски закони.
Ако толку ги познаваш екс социјалистичките земји ќе знаеш дека тие европски теркови и закони им ја имаат уништено економијата помалку или повеќе што ја имале пред да влезат во ЕУ.
Дали било во сопственост на сите граѓани? Ако кај нас било тогаш и во екс Социјалистичките земји во ЕУ било но сепак е како кај нас па и полошо.
Леле големата сума ,па иди со такси бе пријателе немој кола да користиш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Леле големата сума ,па иди со такси бе пријателе немој кола да користиш.
во отсуство на докази за "бедата на капиталистичкиот запад" и "падот на к**вата Вавилонска", ваква реплика неповрзана со темата немам одамна чуено.
Впрочем зошто ти сакаш да ти наплаќаат во центар, заради Европа? Европа од нас не бара цени на паркирање, бара други нешта (освен т.н. името) кои ние не ги исполнуваме ни за 100 години. Твоето одборување да му наплаќаат на народот е доказ повеќе дека влада може само да посака ваков народ.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
УУУ каква иронија
Абе друже ај пресели се во ЕУ и ич да не се грижиш ниту за швалерки ниту за плаќање за паркинг нели се ти е бесплатно исто така можеш и да не се грижиш за правната и социјалната сигурност слушнав ептен сигурни биле ,особено за луѓе од балканов бидејќи повеќе од браќата и сестрите ги сакале таму.

Прашањата погоре што беа поставени бидејќи тврдиш дека нешто се добивало и требало да се добива и кај нас само се сомневам дека е нешто друго од едно големо ништо:
Што да добиеш за возврат ? Што добиваш за возврат во ЕУ на таквите паркиралишта?
И во ЕУ и кај другитецивилизирани народи постојат правни норми. Една од тие норми, дека секоја обврска може да потекнува или од облигационен однос или од закон. Тоа на Латински јазик се вели:
Omnis enim obligatio vel ex contractu nascitur vel ex delicto
Ти си видел нешто, дека во Германија наплатувале паркирање и воопшто не навлегувајќи во суштината, заклучуваш дека и кај нас треба да наплатуваат.
Ако Женава, со сопствени пари изгради паркиралиште таа може да наплатува, бидејќи тоа е нејзино паркиралиште. Ама, таа не направила ништо а сака да „ стопанисува и поштено заработува “со градските улиците кои се јавно добро во општа употреба.
Таа „ стопанисува “ врз тоа што општинските лешинари одлучиле да наплатуваат за паркирање.
Е тоа не може, бидејќи според Уставот сите јавни давачки мораат да бидат однапред предвидени со закон.
Тоа не е некоја наша измислица, туку е одредба која важи од Magna Carta Libertatum што значи од времето на Робин Худ, Кралот Џон и шерифот од Нотинген - поточно од 1215 година
Во тоа време, Англиските барони се побуниле и го присилиле Кралот да потпише дека во иднина ќе се наплатуваат само кралските даноци. А даноците што шерифите сами ги пропишале но иднина нема да се наплатуваат.
Е тоа се случува во Скопје - Општинските лешинари кој се чувствуваат како шерифи сами си распишале данок за паркирање
Еве прочитај за Магна Карта Либертатум
http://mk.wikipedia.org/wiki/Магна_карта
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Незнам , ќе ме просветлиш?

Иначе која е твојата струка Астронаут ? Во Европа за 3000 евра почетна плата и Германците сонуваат често.
--- надополнето: 4 март 2013 во 18:31 ---

Не ги знам во повеќето но ги знам во тие што сум живеел или знам некој кој живее/живеел, а тука следува прашањето дали ти ги знаеш трошоците во тие градови ?
Баш ме интересира која е таа земја бидејќи и јас живеев во нив па ништо од тоа немаа дури во некој случај беа дискриминирани како и ние а за 4-5 пати поголема плата мало морген.
Прекувремено и тука имаш само зависи во која компанија работиш.
Јас го почнав бидејќи секаде читам и слушам сакаме во европа а никој не сака европски закони.
Ако толку ги познаваш екс социјалистичките земји ќе знаеш дека тие европски теркови и закони им ја имаат уништено економијата помалку или повеќе што ја имале пред да влезат во ЕУ.
Дали било во сопственост на сите граѓани? Ако кај нас било тогаш и во екс Социјалистичките земји во ЕУ било но сепак е како кај нас па и полошо.
Леле големата сума ,па иди со такси бе пријателе немој кола да користиш.
Ќе те просветлам. Во најстрогиот центар на градот паркирањето е евро од саат на паркинг со обезбедување што значи дека колата ти е безбедна и никој не може да ти ја здрпа како што нели може на наши паркинзи.

И не туку треси дека Германци сањале за таа плата, инжењери и доктори во Германија без 3000 евра со бонуси и додатоци не седнуваат да работат, затоа од Балканов цело време доаѓаат натаму, настрана што има мањак од тие струки таму зошто не им се исплати да студираат на тие потешките факултети. Како и да е, на тој стандард евро е од саат, убаво ти кажаа тоа за наш стандард треба да е 5 денари, ама не е.

И ајде сега те молам, објасни ми, како тоа вие поддржувачите на вакви пердашења викате сакавте Европа а кога ќе треба нешто да е во полза на народот викате чекајте не сме економска сила уште?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ги замолувам сите што во иднина имаат намера да палат возила... Тоа да бидат возилата на пајак службата. За општо добро - Џиш.

Sent from my iPhone using Tapatalk 2
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
ЈП Паркиралишта или како и да се вика, најави дека во Струмица ќе воведува зонско паркирање.
Ваљда заради работата со загуби...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЈП Паркиралишта или како и да се вика, најави дека во Струмица ќе воведува зонско паркирање.
Ваљда заради работата со загуби...
Веројатно се надеваат дека ако воведат зонско повеќе ќе „ заработуваат “. Инаку работат со загува. Ти подобро ја знаеш ситуацијата во Струмица. Колку што разбрав, во Струмица имало една подземна и една катна гаража, во кои, изгледа, никој не паркира. А главен приход им е што паставуваат лисици . Претпијатието има 11 вработени
Еве од каде ми се информациите
http://www.strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1317&Itemid=301&lang=mk
Погледнете пост # 556, на страна 38 - кој го напишав за струмичките зонаши
Еве и на YouTube за „ успесите “ на струмичките зонаши
http://www.youtube.com/watch?v=qaThDm2bwVA
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Веројатно се надеваат дека ако воведат зонско повеќе ќе „ заработуваат “. Инаку работат со загува. Ти подобро ја знаеш ситуацијата во Струмица. Колку што разбрав, во Струмица имало една подземна и една катна гаража, во кои, изгледа, никој не паркира. А главен приход им е што паставуваат лисици . Претпијатието има 11 вработени
Еве од каде ми се информациите
http://www.strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1317&Itemid=301&lang=mk
Погледнете пост # 556, на страна 38 - кој го напишав за струмичките зонаши
Еве и на YouTube за „ успесите “ на струмичките зонаши
http://www.youtube.com/watch?v=qaThDm2bwVA
Kонстатациите од пост # 556, на страна 38 ти се сосема на место.
Инаку, ЈП стопанисува со подземниот паркинг, имаат пајак, а од катната гаража имаат 17% од заработката, бидејќи, според податоците од фискалната сметка, со неа стопанисува Делукс инжинеринг. Главниот приход им е 1000 денари по блокатор, во соработка со МВР, што е незаконски, како што порано дискутиравме, да не се повторуваме (кој вика дека ВМРО и СДСМ не се сакаат, а? :))
Најголемата глупост им е пајакот. Ако тој подига возило, се блокира целосно сообраќајот каде и да било во градот, оти и булеварите се во најдобар случај со две ленти.
Претпоставувам дека во најскоро време, после локалните избори, без оглед кој ќе победи, ќе постават рампи со општински амин на некои паркинзи кои се сега слободни, а и отсекогаш биле, како на пр. зад Хоризонт и зад Пелагонија (струмичани знаат каде, строг центар), како и воведување на зонско паркирање по бул. Ленинова и бул. М. Тито (исто строг центар)
 
Зонско, рампи, лисици никаде не чини.
Ако пречи на некое место да се паркира - тие треба да постават знак за забрането паркирање и готово. Или уште подобро - забрането паркирање од толку до толку саат
Зонско, рампи, огради, е само понижување на граѓаните бидејќи - ограда е за стока, а закон е за луѓе
Ме бендиса делот од твојот пост „кој вика дека ВМРО и СДСМ не се сакаат“
постојано тврдам дека политичарите не третираат како стока
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
У повеќето европски метрополи паркирањето у центар е отров,макар и за мештаните. Другарка ми во Рим плаќа 300 евра месечно за да паркира една кола пред зграда. Ама тоа е цената за да живееш таму. Разбирам и кај нас во центар да се плаќа одредена сума за станарите и друга сума за привремен паркинг,ама не разбирам како може општина како Аеродром да плаќа зонско на скоро секој паркинг што постои,па и Лисиче!? Уште па до 23ч се плаќа додека во Центар е до 21ч.
Или на Матка и Градски парк се наплаќа и во недела и празници.Се наплаќа селективно таму кај што има одговара,се наплаќа и на места кај што едвај една до две коли паркираат у денот.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90

Абе се собрале сите на куп од ГП и констатирале дека 2+2=4. Во реонот на Палма/Хепи кафе чет,пет,саб,нед е хаос невиден. Таму живеам и е страшен проблем за паркирање. Копуциве го видоа тоа и од Ред до булевар и лево и десно по едносмерната направија зонски. Не дека се среди проблемот со паркирање, само се напунија пари и си свиркаат :mad:
 
Тоа е работата,што не го решија проблемот со паркинг.Кај плаќаш па одозгора пак нема каде да ја паркираш колата,или ја паркираш на 150м од влез.Се што е зонско надвор од центар е со цел да се лапа пари а не да се решавало проблеми со паркинг простор.
Стевче најавува дека ако победел на локални ке немало зонско паркирање у неговата општина.
Не ли е тоа малце дискутабилно,мислам многу лесно народот може да се буни и за другите општини,зашто некој да плаќа а некој не.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Пред се да му се заблагодарам на daci92 што не просветли со информациите како било во Европа, пошто очигледно само он има биометриски пасош и само он прошетал надвор од нашиве граници. За членот што спомна дека другарка му плаќала 300е за паркинг во центар во Рим нека праша колку кошта исто такво паркинг место во центар во Скопје (ако се јави во ПОЦ ќе му кажат дека кошта 100е, па мислам дека нема потреба да се дискутира за нашиот и нивниот стандард).
Е сеа моето искуство со ПОЦ е следново. Колата ја паркирав кај баба ми пред зграда, поточно во дворното место пред зградата (кое владата навелико го рекламираше за да се откупи од страна на станарите) за кое станарите си имаат имотен лист, што значи е во приватна сопственост. Ама ПОЦ се дрзна да ми пише казна или они како што ја милуваат "дневна карта" и покрај тоа што колата не ми беше паркирана на место каде што они стопанисуваат. Е сеа можда и ја сум направил прекршок ама дефинитивно за тоа не е надлежна ПОЦ, затоа има сообраќајна полиција која ќе одлучи дали законски или не сум ја оставил колата. Ама ни жалби ни поплаки не помогнаа и казната морав да ја платам, ако не извршител на врата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom