Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
26 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
12
Возачите се виновни и за зонското и за пајаците и за цените по паркинзите и сл.
Видете ги само моторџиите колку се организирани, само што најавија дека ќе воведат паркинзи со плаќање за мотоциклите одма се заканија со протест. И наредниот ден предлогот беше повлечен... нешто слично се случи и есента кога започна петицијата за укинување на зонското и оп надлежните одма ја намалија цената.
Така да ако малце им се покаже заби, не само што можеби и драстично ќе се намали цената туку може и да се укине зонското. Иако возам скутер, сепак криво ми е што вака ги дерат возачите, но сепак штом не се бунат јавно очигледно им одговара
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Во Општина Карпош и понатаму ќе нема зонско - ветува Јакимовски, а пренесоа повеќе медиуми
http://maxim.mk/jakimovski-vetuva-deka-kje-go-ukine-zonskoto-parkiranje-vo-karposh
Сепак ќе има зонско, но жителите на Карпош нема да плаќаат, сигурно ќе биде со тој еднократен надоместок како што е и во Општина Центар. Прочитај подобро, во статијата вели
Карпош ќе остане општина без зонско паркирање само за жителите на оваа општина
што значи дека сепак ќе се воведе зонско, но жителите нема да плаќаат.
Мене ме интересира што се случува ако една кола се користи во две зони?
Бидејќи ние дома имаме една кола, јас сега се префрлив во Карпош 1, а на колата веќе имам налепница од ПОЦ. Дали би можела да извадам за две зони налепница со оглед на тоа што би се паркирала и во Центар и во Карпош?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сепак ќе има зонско, но жителите на Карпош нема да плаќаат, сигурно ќе биде со тој еднократен надоместок како што е и во Општина Центар. Прочитај подобро, во статијата вели

што значи дека сепак ќе се воведе зонско, но жителите нема да плаќаат.
Мене ме интересира што се случува ако една кола се користи во две зони?
Бидејќи ние дома имаме една кола, јас сега се префрлив во Карпош 1, а на колата веќе имам налепница од ПОЦ. Дали би можела да извадам за две зони налепница со оглед на тоа што би се паркирала и во Центар и во Карпош?
Ќе биде жалосно ако и во Карпош оптинските лешинари воведат зонско
Досега граѓаните од Карпош, Влае, Ѓорче. и други паркираа преку Рузвелтова и пешки одеа во Центар
Инаку за тебе лично не очекувај ништо добро од зонско.
Во центар има и градски и општински зонаши. Не ги признаваат картичките едни на други на паркинзи еден до друг, а не за различни општини
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ќе биде жалосно ако и во Карпош оптинските лешинари воведат зонско
Досега граѓаните од Карпош, Влае, Ѓорче. и други паркираа преку Рузвелтова и пешки одеа во Центар
Инаку за тебе лично не очекувај ништо добро од зонско.
Во центар има и градски и општински зонаши. Не ги признаваат картичките едни на други на паркинзи еден до друг, а не за различни општини
Не, не очекувам истата налепница да ми ја признаат, на налепницата јасно ја пишува зоната кај што е пријавено живеалиштето и кога одам во друга зона си плаќам паркинг.
Прашањето ми е дали може за истата кола да се извадат две посебни налепници за две различни зони?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не, не очекувам истата налепница да ми ја признаат, на налепницата јасно ја пишува зоната кај што е пријавено живеалиштето и кога одам во друга зона си плаќам паркинг.
Прашањето ми е дали може за истата кола да се извадат две посебни налепници за две различни зони?
Не верувам...
Зонашите имаат некои свој „правила “. Тоа што тие го прават не е според некој закон, туку според нивен „ќеиф“. Постојат граѓани на кои зонашите не им издаваат картички и ако во истата зграда има други граѓани , нивни соседи кои имаат картици.
Се работи за обичен криминал и тука нема некоја законска процедура за да се заштитиш.
На пример: во Државна болница, немаат сите вработени лекари и друг персонал картички. Тоа го имаа само некои, а останатите едноставно немаат картички и нема ниту кому да се жалат
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не верувам...
Зонашите имаат некои свој „правила “. Тоа што тие го прават не е според некој закон, туку според нивен „ќеиф“. Постојат граѓани на кои зонашите не им издаваат картички и ако во истата зграда има други граѓани , нивни соседи кои имаат картици.
Се работи за обичен криминал и тука нема некоја законска процедура за да се заштитиш.
На пример: во Државна болница, немаат сите вработени лекари и друг персонал картички. Тоа го имаа само некои, а останатите едноставно немаат картички и нема ниту кому да се жалат
За другото можеби е точно, но за во Државна морам да кажам дека не е точно затоа што пред еден месец извадивме картичка без апсолутно никаков проблем, повеќе вработени извадија без проблем, а тие што имаа стари картички веднаш ги заменија исто така без некои компликации.
Исто и кај што живеам на сите им дадоа налепници без посебни филозофии. Не велам дека се согласувам со зонското, но ако имаш комплетна документација се добива налепница.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За другото можеби е точно, но за во Државна морам да кажам дека не е точно затоа што пред еден месец извадивме картичка без апсолутно никаков проблем, повеќе вработени извадија без проблем, а тие што имаа стари картички веднаш ги заменија исто така без некои компликации.
Исто и кај што живеам на сите им дадоа налепници без посебни филозофии. Не велам дека се согласувам со зонското, но ако имаш комплетна документација се добива налепница.
Kaj Зелен пазар има зграда која се наоѓа во самиот паркинг. На станарите на таа зграда не и даваат картички Им велат, вие имате каде да паркирате.
За Државна болница....
Пред месец или два таму „ стопанисуваше и поштено заработуваше “ друго претпријатие.
Тие почнаа да делат картички за лекарите и после некое време престанаа - наводно немале доволно картички. Така да многу лекари останаа без картички.
Сега таму е Градски паркинг. Каква е сега ситуација - немам информации
Јас сум голем противник на наплатата на пркирање. Сигурно дека сум пристрасен, но она што се случува во Државна болница е нешто нај срамно.
Тоа е болнички круг, каде што треба да биде чисто, мирно, тихо, да има само паркови во кои болните ќе се опоравуваат, а зонашите го направија пракиралиште
И сега имаме Државна болница - паркиралиште
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Предупредување!
Во Населба Пролет ( позади Олимпискиот базен ), општинските зонаши поставуваат табли за зонско.
Денес поминав и ги видив дека и денес иако е недела и две недели пред локалните избори „ вредно “ поставуваат табли за зонско
Со оваа се губи уште едно место каде граѓаните можеа безпари да паркираат
Инаку на интернет страницата на општинските лешинари најдов каква е улогата на сегашниот градоначалник околу ова. Ќе ни ја „ подигаат свеста “. Очигледно тие не сметаат за стока
......
Ќе се подигнува јавната свест за паркирање во центар

Во општина Центар ќе се подигне јавната свест за правилно паркирање на јавните пракинзи во општината заради подобрување на мобилноста на сообраќајот и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и останатите корисници на пешачките патеки.
Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Никола Ангеловски и Маргарита Бакев, директор на ЈП за јавни паркиралишта- „Паркинзи“ на општина Центар, денеска потпишаа Меморандум за воспоставување на заеднички проект за подигнување на јавната свест за правилно паркирање на јавните паркинзи во интерес на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Во рамки на проектот ќе се емитуваат видео спотови, јавни пораки и флаери со кои граѓаните ќе се упатуваат на користење на регуларните места за паркирање. Проектот треба да се реализира во 2013 година, во траење од една година.
Ангеловски истакна дека сообраќајот во централното градско подрачје е најфрекфентен, тротоарите и зелените површини треба да им бидат оставени на пешаците, а возилата да се паркираат прописно.
http://www.poc.com.mk/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Плусифо е пренесена изјава на еден кандидат за градоначалник во Аеродром дека ќе го укине зонско во неговата општина
http://www.plusinfo.mk/vest/83828/Velkovski-veti-besplaten-parking-vo-opshtina-Aerodrom
Сакам да Ви го изнесам мојот план:
Деновиве очекувам кандидатите за советници од разни партии да ме посетат и да пропагираат да гласам за нив. Планирам секој од нив да го прашам:
Што мислите Вие за зонско? Дали ќе се залагате да се укине зонско? Дали знаете какви проблеми имаме со зонското? Дали сте слушнале дека има кандидати кои ветуваат укинување на зонско?
И ќе им поставам други слични прашања, се со цел да ги наведам да се изјаснат против зонско.
Ви предлагам и Вие да го направите слично. Ве молам да изнесете што друго да ги прашуваме кандидатите околу зонското?
 
Член од
26 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
12
Интересен текст, споредба зонско во Македонија и Германија:

Авторот на „Автомагазин“, кој поради природата на работата е често надвор од Македонија, а и истата му наложува да ги следи овие трендови, како пример го посочува Франкфурт кој има приближно иста големина и жители како и Скопје, многу посреден јавен транспорт и просечната плата која се движи над 2.000 евра
- „Паркирањето во подрачјата каде има голема фреквенција на возила е ограничено на еден до два часа по цена од 1 евро од час. Тоа е случај со уличното паркирање околу големите банки или во туристички атрактивниот дел Заксенхаузен. На паркиралиштата околу и во шопинг центрите цената по час е иста, со тоа што после 4 часа не ви се наплаќа дополнително под услов да го отстраните автомобилот во ист ден, или датум ако сакате, кога сте влегле на паркингот. Доколку презентирате сметка поголема од 50 евра, а се наоѓате на паркинг во сопственост на стоковната куќа или шопинг центар, тоа е бесплатно. Во резиденцијалните квартови, без оглед каде се наоѓаат во градот, резидентите плаќаат 20 евра годишна такса за паркирање и загарантирано им е паркинг местото надвор од работното време. За возилата кои не припаѓаат на таа адреса паркирањето е ограничено на три до четири часа по цена од 20 до 50 евро центи, односно, 12 до 30 денари од час, а во многу случаи е и бесплатно. Доколку го споредиме стандардот во Германија и нашиот лесно ќе заклучиме дека цената на паркирањето во Скопје не е скапа, туку буквално е „дерење“ на граѓаните“, објаснува Барзов. http://www.akademik.mk/zp
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Интересен текст, споредба зонско во Македонија и Германија:
http://www.akademik.mk/zp
Браво....
И што е најважно таму се наплатува такса која е приход на општината, а кај нас „ услуга паркирање “ Која се користи за директорски плати, плати на шефови на кабинети, плати на советници, издржување швалерки и многу други за нив корисни работи
И кај нас е „ специјалитет “ ако не платиш, веднаш ти ставаат лисици, па за еден час ти ја земаат колата со пајак и те тераат да платиш 60 денари на сат за „ чување “ на колата во депото. И ако за 30 дена не платиш за се трајно ти го одземаат возилото
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Заебаваш или? Ова е според нивен правилник или закон донесен од собранието на РМ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Заебаваш или? Ова е според нивен правилник или закон донесен од собранието на РМ?
Вистина е ....
Тоа е според Одлука за комунален ред на град Скопје објавена во Службениот гласник број 6/98
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Заебаваш или? Ова е според нивен правилник или закон донесен од собранието на РМ?
Eве повеќе информации околу одстранувањето и отуѓувањето на возила
Одлуката за комунален ред на Градот Скопје е од 1998, но во 2002 е пречистен текстот и таа е така објавена.
Оваа Одлука може да се погледа на страницата на Градот Скопје - Службен гласник број 11 од 2002 година
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben glasnik so konverzija.nsf
Се работи за членовите од 36 до 47 од оваа Одлука.
Посебно е значаен членот 43 кој гласи:
^len 43

Ovlasteniot subjekt, go otstranuva voziloto od ~len 41 na ovaa odluka na prethodno obezbeden prostor za ostavawe na vozilata i gi ~uva do primopredavaweto na sopstvenikot, odnosno na nositelot na prvoto na koristewe na voziloto.

^uvaweto na voziloto ne mo`e da trae podolgo od 30 dena od ostavaweto na obezbedeniot prostor.

Po istekot na rokot od prethodniot stav ovlasteniot subjekt go otu|uva voziloto soglasno so va`e~kite propisi.

Prostorot od stav 1 na ovoj ~len go opredeluva ovlasteniot subjekt soglasno urbanisti~kite planovi, po prethodna soglasnost na nadle`niot gradski organ za komunalni raboti.

.........
Можете да ги погледате и другите членови во кој е одлучено како ќе се наплаќа, за лисици и друго.
Оваа Одлука е донесена пред 15 години. Во службите на Градот постои групација околу Секторот сообраќај и ЈП Градски паркинг., која систематски сака да се наметне како фактор. За жал до сега ниту една градска администрација не успеала да ги разбие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom