Умре Чавез

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Поддржување на нацизам (супериорност на една нација врз однос на остантите) и фашизам (уредување кадешто државата на чело со диктаторот има право на сопственост на цел твој имот и идентитет) е поблиско до поддржувањето на твојот драг Чавез. Комунизмот за жал е уредување поблиско до фашизмот неголи капитализмот кој го осознава правото на сопственост. Така што ако веќе споредуваш со Хитлер, мислам дека Чавез е правиот пример.
Не, воопшто не е блиско, затоа што не гледам каде во Венецуела се проповеда супериорност и каде Чавез имал право на сопственост на туѓ имот. По однос на комунизмот, Венецуела не е комунистичка земја туку е демократска по уредување, и тоа земја во која опозицијата и опозициските медиуми матер му ебаваа на „диктаторот“ додека беше жив. Да поедноставиме - Куба и Венецуела не се исто. Иако Чавез по идеологија е комунист, Венецуела како општество не е комунистичко.

Имплицирам на тоа дека Обама не зима ништо у џеб.
Чавез зимал.
Во ред, потврди, како, што земал?

Околу здравството, види го линкот што го постирав погоре.
Еве ти тоест, ќе го постирам пак, прочитај за квалитетот на медицинската нега во Венецуела.
http://frontpagemag.com/2010/david-paulin/venezuelas-collapsing-health-care-system/
Кажи ми само кој е изворот бидејќи немам време да барам. Дали е релеватен извор или соросоиден?
Како и да е, никој не имплицира дека во државна клиника ќе го добиеш квалитетот на услуга што ќе го добиеш на приватни клиники. Станува збор само за тоа дали можеш да си дозволиш поквалитетно здравство, а за тоа повеќе веројатно во Sicko на Мајкл Мур
 
Не, воопшто не е блиско, затоа што не гледам каде во Венецуела се проповеда супериорност и каде Чавез имал право на сопственост на туѓ имот. По однос на комунизмот, Венецуела не е комунистичка земја туку е демократска по уредување, и тоа земја во која опозицијата и опозициските медиуми матер му ебаваа на „диктаторот“ додека беше жив. Да поедноставиме - Куба и Венецуела не се исто. Иако Чавез по идеологија е комунист, Венецуела како општество не е комунистичко.

Партијата од која е Чавез е Комунистичка Партија на Венецуела.
http://news.bbc.co.uk/2/hi/americas/country_profiles/1229345.stm

Во право си за тоа дека практично, Венецуела е со демократско уредување, но постојат големи реформи кон правецот на комунизмот за време на Чавез. Да не го читаш цел линк, ќе цитирам еден дел од истиот.

Radical reform, political unrest and deep divisions have characterised the president's term in office. His supporters - known as "chavistas" - and his detractors have both staged street protests.
Supporters say his economic reforms - including the nationalisation of much of the economy, especially the oil sector - and his expansion of social programmes has helped the poor benefit from the country's oil export revenues.

Во ред, потврди, како, што земал?
Ова е шпекулација од моја страна која е резултат на educated guess. Ако Венецуела ги национализира секторите за нафта што би требало да допридонесе до зголемување на вредноста на парите и подобрување на економијата, а стандардите опаѓаат во истата, има инфлација и здравството губи од квалитет, не ми е јасно како е тоа возможно освен ако парите не исчезнуваат во нечиј џеб?
Не тврдам дека имам евиденција за ова, ниту пак дека причината за тоа не е од друг карактер кој не ми е познат, но сега за сега со информациите кои ги поседувам имам таков заклучок. Ако имаш подобро објаснување, кип ролинг!:)

Кажи ми само кој е изворот бидејќи немам време да барам. Дали е релеватен извор или соросоиден?
Како и да е, никој не имплицира дека во државна клиника ќе го добиеш квалитетот на услуга што ќе го добиеш на приватни клиники. Станува збор само за тоа дали можеш да си дозволиш поквалитетно здравство, а за тоа повеќе веројатно во Sicko на Мајкл Мур

Изворот е релевантен. Мислам дека оригинално е земено од Вики Ликс, ама не ме фаќјај за збор. Повеќе солидни страни со добро реноме го имаат објавено тоа, така што мислам дека е out of doubt. Тоа се официјални настани кои можеш да ги провериш ако ја гледаш историјата на Венецуела од 2009 па наваму. Муабетот е дека Чавез отпуштал многу добри доктори кои не биле задоволни со неговиот режим и поради зголемувањето на институции за лекување, ставал ненадлежни воени лица и слично како главни администратори на чело на болниците. Треба да прочиташ.
 
Ама во Либија немаше народот избор,само Гадафи имаше избор што да прави со парите (немаш во Либија протести каде да се трошат парите,јавни трибини,ако ги потрошиш погрешни избори за да те сменат итн.,што ќе каже и реши Гадафи тоа ќе е ).......тоа е целата поента.
Немавме ние таа среќа да лежиме на нафта......
Си имаме и ние ресурси само не се користат.
Од толку вода,сонце и ветер ние увезуваме струја(хидроцентрали,ветерници,сончева енергија)
Од толку пасишта и планини ние увезуваме млеко.
Од толкава Пелагонија ние увезуваме пченица и ај сега извади НЗС.
Да не философирам се разбираме ваљда не дека ние немаме туку дека сме глупави кој ќе стигне да не краде.

Во врска со Гадафи точно дека парите се под негова контрола ама кога ќе ти се префрлат на твоја сметка кој ти брани да се иселиш на запад?
Чим на студентите им било дозволено каде било да студираат не гледам како би го натерал да се врати ако сака да остане, а очигледно веќе добил ресурси.

Тоа е проблемот кај нас и да сакаат 90% немаат пари да се иселат(или памет)
 
Ниту вода,ниту сонце ниту ветер имаме премногу за да бидеме сериозен производител на енергија......
Еден обичен мит е тоа што си го кажуваме самите....
Една ТЕЦ Неготино дава повеќе струја од сите хидроелектрани.....

Ај за Пелагонија и се сложувам,премногу празни ниви има таму.Mожеме за нас да си вадиме доволно,но по која цена е друго прашање..... Сепак со толку мала површина тешко дека би можеле да им конкурираме на Русите,америнаците (и јужна и северна), Србите (Војводина), Унгарците.......
Пелагонија за Војводина е џуџенце,а не пак за некои земји со поголеми пространства и плодни почви....

Баш и немаме толку ресурси колку што ние самите си се убедуваме,иако и тие што ги имаме не го користиме доволно и како што треба.
 
Па ќе кажам, 14 години Чавез критизираше Америка... но најголем извоз и увоз имаше баш од таа Америка. Лебот шо го јадеше - амерички беше. Чавез не направи за 14 години најважен партнер да му еРусија или Кина или Северна кореја... туку Америка. И во право е поарно во џепови да ти шушкаат долари од колку рубљи или ... како се викаат бе кинеските и севернокорејските пари??
Јуани и вона :)
А со кој сакате вие да праел трговија? Нормално дека ќе и ги цица парите на Америка кога е најблиску. На Русија и Кина не им се ни исплаќа да праат трговија со толку далечна земја.
 
Јуани и вона :)
А со кој сакате вие да праел трговија? Нормално дека ќе и ги цица парите на Америка кога е најблиску. На Русија и Кина не им се ни исплаќа да праат трговија со толку далечна земја.
Нафта е во прашање, стратешки производ, венецуела не извезува чадори и пластични влечки, башка приателски односи бе, заеднички неприател и то... или не важи ко ќе е кешот во прашање?
 
Ниту вода,ниту сонце ниту ветер имаме премногу за да бидеме сериозен производител на енергија......
Еден обичен мит е тоа што си го кажуваме самите....
Една ТЕЦ Неготино дава повеќе струја од сите хидроелектрани.....

Ај за Пелагонија и се сложувам,премногу празни ниви има таму.Mожеме за нас да си вадиме доволно,но по која цена е друго прашање..... Сепак со толку мала површина тешко дека би можеле да им конкурираме на Русите,америнаците (и јужна и северна), Србите (Војводина), Унгарците.......
Пелагонија за Војводина е џуџенце,а не пак за некои земји со поголеми пространства и плодни почви....

Баш и немаме толку ресурси колку што ние самите си се убедуваме,иако и тие што ги имаме не го користиме доволно и како што треба.

Друга ми беше поентата.
Точно дека за да размислуваме за извоз сме светлосни години назад.
Муабетот ми беше дека имаме многу ресурси кои може да ги добиеме со домашно производство, а ние само увезуваме со што се зголемува дефицитот.

За мала земја како Македонија ова што го имаме е и повеќе од доволно.
Со добри капитални инвестиции можеме да станеме енергетски независни што е моментално најголем проблем кој со време ќе станува само посериозен.

Побарувачката за храна цело време се зголемува така да нема и некој проблем да е пласман да се најде поголемиот проблем е што ние за нас не произведуваме доволно, а не пак за извоз да размислуваме.

Уште да се поработи малце на инфрастуктура да се поврзе патот Македонија-Бугарија-Албанија ќе тргнеме напред со добро темпо.

Со евтина струја и добри патишта ќе ги прелетаме соседиве.

Само тешко дека некој размислува подалеку од сопствениот џеб(барем тие што се на власт)
 
Во текот на 14-годишното владеење, лидерот на Венецуела предизвикувал бројни контроверзии.

chavez.jpg

За него се знаеше дека нема влакна на јазикот и дека никогаш не се воздржуваше да си го каже своето мислење.
Тој им се потсмеваше дури и на највлијателните лидери, бранејќи ги претседателите и лидерите кои другите ги осудуваа.
-Ќе го паметиме Гадафи цел живот како голем борец, револуционер и маченик - За полковникот Моамер Гадафи, водачот на Либија.
-Ти си како Боливар, се дигна на оружје за да го ослободиш својот народ. Ти си и ќе бидеш како Боливар, вистински борец за слобода - За Роберт Мугабе, претседател на Зимбабве.
-Голем националист и патриот - За Иди Амин, починат претседател на Уганда.
-Ти си измамник Обама. Оди и прашај ги луѓето во Африка кои можеби ти верувале поради твојата боја на кожа, поради тоа што татко ти е од Африка. Ти си потомок на Африканец, но си срам за сите тие луѓе - За Барак Обама, претседател на САД.
-Кукавица, убиец, сторител на геноцид, алкохоличар, пијаница, лажго, неморална личност, господин Опасност. Најлош помеѓу најлошите на оваа планета - За Џорџ Буш, поранешен претседател на САД.
-Ќе бидеме со Иран во секое време, под било какви услови. Ќе бидеме со Иран засекогаш - За Иран.
-Како можам да не го подржувам Асад? Тој е легитимен лидер на Сирија - За Башар ал Асад, претседателот на Сирија.
-Да се биде богат е лошо, тоа е нехумано - За богатството.
-Ѓавол, олицетворение на ѓаволот. Вчера овде беше ѓаволот. Баш тука. Дури и денеска се уште мириса на сулфур - За Џорџ Буш, поранешен претседател на САД.
-Таа е сексуално фрустрирана. Би можел да ја повикам да излеземе на состанок, да видам што би се случило помеѓу нас - За Кондолиза Рајс, поранешна секретарка на САД.
-Израелците многу го критикуваат Хитлер, исто како и ние, но тие направија нешто многу слично, уште полошо од тоа што го направија нацистите – за Израел.
-Кристофер Колумбо беше закана за најголемата инвазија и геноцид што некогаш е направен во историјата на човештвото - За вистинскиот домородски народ.
-Џвакам листови кока секое утро и што ми недостасува? - За листовите од кока.
 
Постои разлика од тоа Америка да владее со твојата земја до Америка да влијае и да зема учество во твојата внатрешна и надворешна политика.
Ако се случи првото, и ние станеме една од земјите на САД, верувај ми ќе процветаме.
Затоа што се случува второто, венееме.
Ако Америка владее со нас можеш комотно да заборавиш на органската храна бидејки со закон ке биде наметнато да се одгледува ГМО низ цела територија.Цела вода од градските водоводи ќе се флуоризира а образованието ќе претрпи такви измени да наредните генерации што доаѓаат бидат се поглупи и поглупи за можат лесно да манипулираат со нив исто како што сега им се случува на американците.
--- надополнето: 6 март 2013 во 16:49 ---
http://www.ivonazivkovic.net/UGO CAVEZ.htm
 
Ако Америка владее со нас можеш комотно да заборавиш на органската храна бидејки со закон ке биде наметнато да се одгледува ГМО низ цела територија.Цела вода од градските водоводи ќе се флуоризира а образованието ќе претрпи такви измени да наредните генерации што доаѓаат бидат се поглупи и поглупи за можат лесно да манипулираат со нив исто како што сега им се случува на американците.

Ние јадиме органско и пиеме нефлууоризирана вода, просечен животен век во МК е 72 години за мажи и 76 за жени. Американците се трујат со флуори и органски модифицирана храна и просечно мажите живеат 75 а жените 80 години.
Нашетио образование е подобро но нашите млади се навработени и без идеја шо да прават освен да заминат америка (или друга западна земја) да работаат за добра плата

Ко ќе се види - давајте ја америка овде сега сместа!
 
Споредбата што ја направи не е релевантна затоа што е контрадикторна.Кај нас животниот век е пократок најмногу поради стресот предизвикан од невработеноста, безпарицата,несигурноста и така натаму а не поради храната што ја конзумираме.
 
Тоа значи
1. Без разлика што се јаде или пие животниот век не зависи од тоа (органско - неорганско флуор нефлуор)

2 америчкиот систем обезбедува помалце стрес помалце нервози и повеќе вработеност ми со тоа продолжуваат животот на граѓаните
 
Партијата од која е Чавез е Комунистичка Партија на Венецуела.
http://news.bbc.co.uk/2/hi/americas/country_profiles/1229345.stm

Во право си за тоа дека практично, Венецуела е со демократско уредување, но постојат големи реформи кон правецот на комунизмот за време на Чавез. Да не го читаш цел линк, ќе цитирам еден дел од истиот.

Radical reform, political unrest and deep divisions have characterised the president's term in office. His supporters - known as "chavistas" - and his detractors have both staged street protests.
Supporters say his economic reforms - including the nationalisation of much of the economy, especially the oil sector - and his expansion of social programmes has helped the poor benefit from the country's oil export revenues.

Е де, тоа му е партијата, тоа му е идеологијата. Не го спорам тоа. Факт е и натаму дека Венецуела има плурализам и избори. Не може да го реформираш тоа можеш само да го укинеш и да смениш систем, што е неизводливо. Тоа дека преземал мерки за искоренување или намалување на сиромаштија, ништо нема ненормално тука.

Ова е шпекулација од моја страна
Тоа е тоа.

Изворот е релевантен. Мислам дека оригинално е земено од Вики Ликс, ама не ме фаќјај за збор. Повеќе солидни страни со добро реноме го имаат објавено тоа, така што мислам дека е out of doubt.
Ни сам не си сигурен од каде е и што е, така да беспредметно е. Што е „солидна страна со добро реноме“? Мене ништо не ми значи тоа.

Никако не значи ова што го пишувм дека тврдам дека бил којзнае каков лидер, добар, доблесен, чесен и што ти ја знам. Но сигурно не е она што го претставуваат неговите непријатели, внатрешни и надворешни. Прво, имам респект за сите лидери кои не дозволуваат некој да им го гази суверенитетот и да им ја купи државата за кило грав. Второ, во неколку рандом реченици од Чавез има повеќе суштина и разбирање за работите отколку во сите празни верглања на комлетната администрација на САД и ЕУ која е полна од бирократи кои продаваат празна слама. Ништо човечно не можеш да чуеш од нив и секој резултат на спор кој го решаваат некаде е перверзија на се што е чесно и нормално.

Затоа Чавез го има (уште одамна) мојот респект, како и остаатите лидери во јужна Америка.

Американците се засега единствени кои не изразија сочувство и кои се радуваат на смртта на Чавез. Остатокот од светот очигледно нема проблеми со него.
 
Тоа значи
1. Без разлика што се јаде или пие животниот век не зависи од тоа (органско - неорганско флуор нефлуор)

2 америчкиот систем обезбедува помалце стрес помалце нервози и повеќе вработеност ми со тоа продолжуваат животот на граѓаните
За второво си во право али за првото прашај било кое медицинско лице ќе ти го каже спротивното.
 
За второво си во право али за првото прашај било кое медицинско лице ќе ти го каже спротивното.
Храната во америка сигурно поквалитетно се одгледува и подобро контролира од ова овде. Ние јадиме месо кое замрзнато оди од граница до граница па каде ќе успее да се протне, кое е оригиналното потекло - господ знаи, во БТ помини во пазарот покрај дуќанчината каде надвор во куттии седат набапкани колбаси, ребра коленици.. без име и презиме а во фрижидери спаковани во обични најлон ќеси нешо замрзнато со неодреден облик и боја и само по напис на ќесата знаеш дали е мисирка пиле или свинско. Е да таму видов и замрзнато свинско од швајцарија (не сум знаел дека швајцарија е позната по извоз на свинско) а популарни се и бразилски џигери (70 денара кило) па удри математика каков квалитет на месо добиваш од прекоокеанска земја помината низ најмалце 3-4 раце дур стигне во маркет.... Во секое време би порачал побрзо амерички стек од колку дупло поголема порција швајцарско свинско, бразилски џигерии анадолски мисирки (ако стварно таму лежи замрзнат леш од свиња, мисирка или пиле а не од маче куче)
И сигурно е помалце штетен тој стек од било кое наведено месо кое овде се нуди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom