Еве еден апел од мене до сите домакинства потрошувачи на вода,струја,парно и смет.Со плаќање на декемвриските сметки обавезно да барате писмена потврда од наплатните служби од сите овие претпријатија дека целиот долг за изминатата година ви е подмирен.Со таква потврда можат да се сликаат во случај да им текне дека некоја сметка немате платено за одредена година.Дома имаме обичај да ги чуваме сите сметки што ги плаќаме. Нормално, не вечно да ги чуваме туку некој разумен период од неколку години. До сега 2 пати се имаше случено да доаѓаат извештаи, односно предупредувања пред тужба за неплатена сметка за струја. 2 пати до сега среќа што ги чувавме веќе платените сметки за да ги приложиме и за да се повлечат истите.
Но, еве денес повторно, по 3 пат. Само што сега сметката е од 2005 година. Значи тоа се еб..и 8 години! Пред 8 години е таа сметка платена и нормално сега веќе е во пепел претворена.
( нема веќе "шпиц" па користам сметки за ќумбето ).
Ние дома сме едногласни и сигурни дека сите сметки се плаќани по ред, без исклучок.
Оваа сметка немаме намера да ја платиме, па макар и до Стразбур да дојдеме за неа.
Прашањето ми е дали и вие сте се нашле во ваква ситуација? Неодамна ми се пожали пријател за истиов случај, со неплатена сметка од пред неколку години во износ нешто поголем од 12 000 денари. Дали овие од ЕВН играат на картата, ако пројде, пројде, ако не, никому ништо?!
Изгледа дека ќе треба да го проширам подрумот...
--- надополнето: 6 март 2013 во 09:12 ---
Јас не го знам законот после колку време застарува сметка ама знам дека во Водовод по неколку години стари сметки што се тужени ако не ги плати корисникот одат на извршител и после тоа присилна наплата.Што ми кажувале луѓе што подмирувале вакви сметки кај извршителот сумата е околу 2.5 пати повисока од првичната на сметката.Стара финта. Според Законот Комунална Сметка со навршена една година од денот на доставувањето, а не е наплатена се смета за застарен ДОЛГ и немораш да ја платиш. Тоа ЕВН со закани за Тужби го прави зошто многу граѓани не си ги знаат за правата. ЕВН неможи да тужи зошто знае дека дека тужбата ке му биде одбиена. Доколку ве исклучат слободно тужи. ЕВН нема шанси да остави таков долг од пред 8 годни. Се знае 3 месеци не плати - исклучваат струја.