Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Според сите правила,со копачка у гради ти е чист црвен,без разлика дали е намерно или ненамрено.
Тоа ти е исто ко да згазиш некој со автомобил и да викаш,ненамерно беше и затоа нема затвор.
Плус требаше да свират и пенал за Реал,но според судијата ќе беше премногу.
Како и да е интересен двомеч,заслужено Реал понатаму.
Igorcemk честитки,сосема заслужено поминаа твоите милионери. ;)

Пс:Добро го примивте и на 2те утакмици од Роналдо :свиркам:
 
Не ме заебавај, Варане ги изеде буквално сите во нападот на Јунајтед, Перси кој? Перси кој? Варане е по мене еден од најголеми таленти за дефанзива, почнав да го гледам од класикото со Барса, и детево е дијамант, ме потсетува на Карваљо, и се надевам дека еден ден ќе игра во Челзи, еден од најаки дефанзивци што имам видено, а има само 19 години, игра со неверојатна зрелост и елеганција. Голот на Јунајтед беше ептен среќен што го поткачи Рамос топката, инаку не влегуваше тоа.

без разлика дали бил срекен голот или не варане таков дуел не смееш да изгуби у 16тник а исто имаше и пропуст кога руни ја шибна над гол така да ги остава у 5терац да шутираат не смее... гледај само рамос како ги мачкаше мува не помина освен голот што си го мавна беше мен оф де меч
 
Гледам пост меч анализа со Мек'манаман, Овен и сите спомнаа една многу добра информација а тоа е дека сите сега ќе зборат за црвениот картон, а не за оставањето на Руни на клупа, и се прашуваа како сега ќе размислува Руни кога дојде време пред мене да играат Клеверли, Гигс, Велбек на големите натпревари, па што барам јас во клубот???

Плус спомнаа дека додека другите играчи на крајот од натпреварот сите отидоа кај судијата, додека Руни си се поздрави со сите и си замина, во стилот ма не ме интересира ова.
 
Мора да се запази традицијата, нели...?

Gerrard5.jpg


Шшшшшшшшшшшшшш......... ;)
У мај Гигси ќе се слика со две раце у вис да се знае кој е кој у Англија :D
 
Ја ги мислам манчестерци за горди, они на прв пораз одма плачат... сте ме разочарале максимално :D
Место пенал и црвен за рафаел, добија само црвен што значи пак им се фаќа танте за танте. Не е дека немаше никаков основ за црвен за нани иако може беше престрого, ама сепак основ имаше. И дај не бидете смешни, вие плачете за судиска помош...
bitch please...
 
Сеа ќе ви дојде Боб4е и ќе се расфрла со статистики и со тоа дека Бундесот е подобар од Премиер :icon_lol:


п.с Koj заборави да му ги даде апчињата на Шаринган, неодговорни едни ?
Па подобар е, нема шо да докажувам...

Дортмунд ги исплеска Сити.
Баерн и Шалке ги исплескаа Арсенал.
Баерн ќе ги исплескаше Јунајтед ама еве испаднаа.
 
Сеа ќе ви дојде Боб4е и ќе се расфрла со статистики и со тоа дека Бундесот е подобар од Премиер :icon_lol:


п.с Koj заборави да му ги даде апчињата на Шаринган, неодговорни едни ?

Ој легни си бе пилиштаааар.

Шчо те мачи Челзи шо не игра или сеа си наоштрен за овде да си тролаш и провоцираш?
 
На страна црвениот кој во голема мера го смени текот на натпреварот, мислам дека Ферги погреши кога после тоа се повлече а не продолжи да игра гради во гради. Откога Реал го сврте мечот, Манчестер прикажа игра со која покажа дека може да се носи и со играч помалце ама штетата веќе беше направена и немаше доволно време за поправен. Честитки до навивачите на Реал.

Исто така честитки до Igorcemk за пласманот на Дортмунд во 1/4 финалето.
 
А кога ке клизне некој со две нозе кренати,но противничкиот играч го одбегне клизачот нели даваат црвен и тоа е рецклесс
Тоа е намерен старт со отворен ѓон. Ова на Нани беше невнимателен и требаше да се казни со жолт картон.
 
По мене Фергусон е многу виновен за поразов. Јунајтед има капацитет за јака офанзива, има капацитет за надигрување, а одбра да игра стил на игра со која се крпи лоша офанзива со добра одбрана, не ми е јасен потегот со оставање на Руни на клупа во ваков меч, го внесе и згора на тоа Валенсија и Јанг, а Кагава пак остана, кој можеше да прати некоја топка до Перси кој беше отсечен во голем дел од натпреварот.
Одбра да игра пичкарски и да се брани со контри за напад, по мене многу голема негова грешка, во првиот меч Јунајтед изигра многу машки и многу подобро, ова беше срамотна претстава, без разлика од глупата одлука на судијата.

Друга работа, по мечов овој Лопез да се води на допинг тестови, како бранеше секоја му чест, јебеш Касиљас овај е стуб на голов, кои рефлекси вадеше, ко Матрикс да е. Секоја чест за Диего Лопез, еден од клучните фактори во победата на Реал, одбрани невозможни обиди.
 
Друг муабет, каде бе со Гигс во стартен состав....
Абе сеа у глава на еден Ферги се ставате, еве каде ...
Јунајтед има 1-0, Јунајтед ги има шансите на мечот, им висеше голот на Реал, не на Јунајтед, напаѓаа кoнстантно, све беше у нивна полза, Реал анемични, Ронално невидлив.
Црвениот све промени, не изборот на Ферги.
 
Едните или другите мора да испаднат, таков е фудбалот, а и спортот воопшто.Штеа само што натпревари за кој светот живее за нив, т.е ги гледа 2,3 000 000 000 народ, 3ца луѓе, од неодамна и 5ца се си даваат за право да уништуваат вакви натпревари.Честитки до фановите на Реал
 
Па подобар е, нема шо да докажувам...

Дортмунд ги исплеска Сити.
Баерн и Шалке ги исплескаа Арсенал.
Баерн ќе ги исплескаше Јунајтед ама еве испаднаа.
Значи белоруска лига е боље од Бундес... Бате го исплека Баерн..... ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom