Христијанството и човечките раси

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Хептаграм XI - Ги мрзи сами да побараат, треба неверниците за нив да им ја завршат домашната задача :).
Човек терба да ги знае сите свети книги и ШТО кажуваат! Ако сака да ги критикува или зборува за нив... Штета што постојат верници, па сите вистински истражувачи мора да бидат „неверници“ :mad:
Но сепак, се знае веќе дека:
„All words are sacred and all prophets true; “ - Liber AL, Chapter I, Verse 56 :love:
 
тапа фраер ...

Точно - ја има ЛИЛИТ во Стариот Завет кај Исаија, Глава 34, Стих 14:

וּפָגְשׁוּ צִיִּים אֶת-אִיִּים, וְשָׂעִיר עַל-רֵעֵהוּ יִקְרָא; אַךְ-שָׁם הִרְגִּיעָה לִּילִית, וּמָצְאָה לָהּ מָנוֹחַ

Исаија: 34:14 Таму ќе се среќаваат дивите мачки со хиените, јарците ќе се повикуваат еден друг; таму ќе се одморува Лилит - ноќно привидение - наоѓајќи почивалиште.

А во еврејскиот фолклор ја има многу Лилит - како и Шекина... Тоа може да го најдете во Стариот Завет но е малку - задскриено. Евреи...

Од самиот контекст на текстот може јасно да се види дека таму станува збор за некое животно, некоја ноќна ѕверка или птица (нешто како був можеби). Луѓето порано си ги врзувале своите богови, ѓаволи, демони со многу животни, природни феномени, Сонцето, Месечината и сл. Нормално лошите богови и демоните ги врзувале со дивите ѕверки и ноќните птици како бувот, утките и сл. Но тоа што некои луѓе подоцна си врзале некаква личност со ова животно, тоа не нзачи дека и Исаија зборува за таа митолошка личност во својата книга. Талмудот и Мидрашот се напишани со векови после Исаија.
--- надополнето: 3 март 2013 во 16:38 ---
Накратко, спрема Библијата, Бог ги создал Адам и Ева, од кој настанаа сите други луѓе, вклучително и Ное и жена му и децата. По големиот потоп, на земјата останаа од луѓето Ное, жена му трите сина со жените и тие повторно ја населија земјата. Денес имаме разни раси на луѓе, и библиската прикаска дека потекнуваат сите од исти предок, не може да опстои без помош на науката - еволуцијата.

Да не бидеме расисти. И белците и црниците и жолтите сите сме од една раса - човекова. Разликите во ДНК помеѓу нас се тривијални. ДНК од кои било двајца луѓе на светов, општо земено, се разликуваат за само 0.2%. Од овие 0.2% само 6% (значи 0.012%) можат да се поврзат со расни категории, остатокот се варијации во "расата".

Бојата на кожата зависи од пигментот меланин. Доколку го имаме во поголема количина ние сме поцрни, а доколку го имаме во помала количина ние сме побели, меѓутоа кај сите луѓе на планетава тоа е истиот пигмент - меланин. Ако воопшто немаме меланин, каков што е случајот кај албинистите, тогаш би имале бела или светло бела боја на кожата.

Оваа ситуација не важи само за бојата на кожата. Општо земено, која било карактеристика да ја споредуваме кај една група луѓе таа нема суштински да се разликува од истата карактеристика кај сите други луѓе, иако можеби надворешно таа разлика делува позабележително. На пример, очите на еден Азиец се разликуваат од типичните очи на еден Кавказец само поради тоа што содржат повеќе маснотии. И кај Азиецот и кај Кафказецот има маснотии, само кај едниот ги има повеќе, а кај другиот помалку.
Колку подрастично групирање ќе направите меѓу луѓето, толку поголема природна или вештачка селекција ќе настане меѓу гените во секоја група. Но тука се работи за генетика, а не за еволуција. Тука немаме создавање на нови информации во гените, туку само регрупирање и селектирање на веќе постоечките.
 
Од самиот контекст на текстот може јасно да се види дека таму станува збор за некое животно, некоја ноќна ѕверка или птица (нешто како був можеби). Луѓето порано си ги врзувале своите богови, ѓаволи, демони со многу животни, природни феномени, Сонцето, Месечината и сл. Нормално лошите богови и демоните ги врзувале со дивите ѕверки и ноќните птици како бувот, утките и сл. Но тоа што некои луѓе подоцна си врзале некаква личност со ова животно, тоа не нзачи дека и Исаија зборува за таа митолошка личност во својата книга. Талмудот и Мидрашот се напишани со векови после Исаија.

Постојат и постари култови кои ја издигнуваат на ниво на божество поголемо и од Адам и Ева (двајца кои се присутни под разни имиња кај разни народи, истото и за Лилит). Со тек на времето пропагандно и се намалува значењето и улогата, до степен каде едвај се спомнува низ религиозните тесктови.

Инаку нормално е да биде споредувана со животни и ѕверови. Сите демони биле споредувани исто на сличен начин, а неа ја прати репутација на ноќно, демонско битие. И самиот антихрист е нарекуван Ѕверот (мислам во Откровение) :).
 
Ок господ ги создал Адам и Ева...тие имале двајца синови Каим и Авел....и како се создал светот?

1. Адам и Ева имале повеќе синови и ќерки. Тоа не биле само Каин и Авел.

2. На многу луѓе им е несфатливо како е можно од една фамилија со инцест да се создало човештвото, но забораваат или пак не биле информирани дека и според Давинистичкото гледиште (ткн „теорија“ на еволуцијата) човештвото исто така би настанало со инцест, бидејќи денес имаш современи луѓе што имаат односи со блиску роднини (да не именувам држави каде што тоа е почеста пракса), а може да замислите како би било кога навистина би постоеле тие примитивни човеколики мајмуни и колку тие би се замарале дали нивната симпатија им е блиска роднина.

3. Најновите научни откритија за „Научниот Адам“ и „Митохондриската Ева“ донесуваат дополнителни аргументи во тоа дека сите луѓе поттекнуваат од еден маж и една жена. Да не ви пастирам линкови, ако некој го интересира нека ги пребарува на Google фразите "Scientific Adam" и "Mitochondrical Eve".

4. Денес не е дозволено, со закон, стапување во брак на брат или сестра (и на полубрат и полусестра, итн.), бидејќи постои недозволено висок ризик нивните деца да се родат со деформитети. Колку поблиску се родителите по роднинска линија, толку поверојатно е дека некој од потомството ќе биде со деформитети.

Постои многу оправдана и лесно разбирлива генетска прична за таквиот закон. Секој човек има две групи на гени, со приближно 130000 парови кои ја одредуваат неговата градба и функција. Секој човек наследува по еден ген за секој пар од едниот родител. За жал, гените денес содржат многу грешки (поради гревот и Казната), и овие генетски грешки резултираат со најразлични аномајлии (деформитети) кај луѓето.
Колку се родителите подалечни роднини, поверојатно е дека децата ќе имаат различни грешки во своите гени. Тие наследувајќи по една група од секој родител, веројатно ќе имаат по еден пар гени што ќе содржат најмногу по еден неправилен ген во секој пар. Добриот (доминантен) ген во парот има тенденција да го потисне неправилниот (рецесивниот) ген така што деформитетот нема да се пројави.
Меѓутоа, доколку брачните сопружници се поблиски роднини, поверојатно е дека тие ќе имаат слични грешки во своите гени, бидејќи се наследени од исти родители. Затоа, брат и сестра најверојатно ќе имаат слични грешки во своите гени. Децата од брачна заедница меѓу брат и сестра можат да ги наследат истите лоши гени на истиот генетски пар од двата родитела, што ќе доведе до две лоши копии на гените и до сериозни аномалии.

Меѓутоа, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки!
Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било "многу добро" (Битие 1:31, Библијата), така што нивните гени биле совршени - без грешки.
Но, според Библијата, кога гревот навлегол во светот, Бог го казнил светот, по што совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање. (Римјаните 8:22, Библијата) Во Битие пишува дека Бог дури и ја проколнал Земјата (Битие 3:17, Библијата). Значи потоа Земјата повеќе не била добра и не давала добра и здрава храна за исхрана на човекот.

Со текот на времето оваа деформација произвела најразлични генетски грешки во живите битија.
Каин бил од првата генерација деца што се родиле на Земјата. Тој примил гени од Адам или од Ева практично без грешки, бидејќи ефектот од гревот и Казната во почетокот бил минимален и потребно било време за да се акумулираат овие грешки при копирањето на гените. Потоа гледаме како животниот век на човекот постепено се намалува, од неколку стотини години, до сто и нешто, потоа и под сто години.

Во таква ситуација, браќа и сестри можеле да стапуваат во заедница со Божјо одобрение, без каква и да е потенцијална можност за создавање на деформирани потомци.
Адам и Ева имале многу синови и ќерки (Битие 5:4, Библијата), така што Каин си земал за жена една од нив.

Во времето на Мојсеј (неколку илјади години подоцна), дегенеративните грешки се акумулирале во таков обем што се јавила потреба Бог да ја забрани брачната заедница меѓу брат и сестра ( и поблиски сродници Левит 18:6-18, Библијата)
Во тоа време на Земјата веќе живееле огромен број луѓе и немало потреба од бракови меѓу блиски роднини. Бог испланирал се.

Секако, очекувано дека ова објаснување нема да биде задоволително за оние кои воопшто не веруваат во Библијата, кои не веруваат дека гревот има деструктивно дејство во повеќе области, па дури и на генетско ниво.
 
А да се мавнеш од христијанството - посебно од христијанските секти произлезени во поново време - и ако толку сакаш да следиш еврејски богови и принципи и философии - да се запознаеш добро со еврејската традиција и јазик и текстови и рабински објаснуавња?

Што велиш на тоа?

„Митолошките личности“ се такви заради новите религии и нивното неразбирање на старите школи и потребата да се дискредитира старото и прогласи за неточно / зло - наместо истото да се менува и усовршува. Не постојат митологии - постојат заборавени магиски пракси и ритуали - кои за чудо не се изурмени - само се тргнати од очите додека не дојде време пак да се појават како „нови“ меѓу луѓето! За тоа кој е крив?

Во однос на тоа што „бладал“ Исаија во своите визии... запознај се со „митолошките“ симболи на Јарец, диви мачки, и слично ... има доволно материјали и ќе знаеш што е како е.
А ако сакаш Стариот Завет да ми го толкуваш преку христијански погледи и објаснувања - паѓаш во старт. Зафати се со еврејските доктрини и заборави на христијанството - ќе добиеш инаку искасапеност и погрешно разбирање на еврејската мисла во нивната света книга.

П.С. НА еврејски како се пишува АДАМ и ЕВА? И што значат тие зборови? Знае некој? Ајде одете барајте таму по нет... :)
П.П.С. Не е до толку врзан еврејскиот закон со материјалното - посебно не во однос на создавањето . Ве читам што се пишувате и се чудам... Префрлете ја темата во МИСТЕРИИ ако веќе почнуваме да пишуваме за теории на заговори :)
 
О

Да не бидеме расисти. И белците и црниците и жолтите сите сме од една раса - човекова. Разликите во ДНК помеѓу нас се тривијални. ДНК од кои било двајца луѓе на светов, општо земено, се разликуваат за само 0.2%. Од овие 0.2% само 6% (значи 0.012%) можат да се поврзат со расни категории, остатокот се варијации во "расата".

Тоа ќорбачи, значи дека со тек на време луѓето еволуирале. Ете потпоот бил пред 2000 години (библиски) и веќе се појавиле неколку раси кои не постоеле на почетокот.

Помеѓу човек маж и мажјак на шимпанза ДНК разлика е 1,5%
Помеѓу маж и жена (човечки суштества) ДНК разликата е 2-5% во зависност од методологијата на споредување
Ова што значи?
 
Тоа ќорбачи, значи дека со тек на време луѓето еволуирале. Ете потпоот бил пред 2000 години (библиски) и веќе се појавиле неколку раси кои не постоеле на почетокот.

1. Се збуни малку со бројкава од 2000год. Знам дека знаеш историја, не мора да те корегирам.

Помеѓу човек маж и мажјак на шимпанза ДНК разлика е 1,5%
Помеѓу маж и жена (човечки суштества) ДНК разликата е 2-5% во зависност од методологијата на споредување
Ова што значи?

1. Разликата меѓу човек маж и мажјак на шимпанза не е 1.5%, туку околу 4% пресметана со методот на редупликација на човековиот ген со оној на шимпанзото. Таа првична бројка беше направена во 2001 година кога во целост бил познат човековиот ген, но не и генот на шимпанзото и споредбата била направена само со мал дел од шимпанзото, а потоа со метод на генерализација се претпоставило дека процентуалната сличност е иста и ако се гледа во целост на генот. Но мислам дека беше во 2005 година кога се откри целиот ген на шимпанзото, со методата на редупликација се востанови дека разликата е 4%. Тие различни 4% претставаат 120 милиони парови бази. Телесната сличност меѓу човекот и шимпанзото е сосема очекувана заради морфолошката и биохемиската сличност на нивните тела.
Тука е добро да се спомне дека оваа разлика се однесува само на нивните тела т.е. материјалниот дел. А за духовниот дел, тоа е друг муабет.

Сличноста меѓу организмите е сосема очекувана ако се земе предвид дека сите се создадени од еден ист Создател Кој ги создал да живеат во една иста животна околина, да споделуваат еден ист воздух, слична храна, иста течност за пиење (вода) итн. Замислете компирот, оризот, доматите итн да имаа сосема различна биохемиска структура од нас луѓето. Тогаш тие сигурно не би ни биле нам за храна.

2. Генетската разлика меѓу мажот и жената е во 23-от хромозомски пар. Додека жената има XX - хромозом, мажот има XY - хромозом.
Y - хромозомот е составен од 59,373,566 парови бази. Ако се земе предвид дека целиот човечки геном има 3.2 милијарди парови бази, Y - хромозомот претставува само 1.86% од човековиот геном. Дури и да претпоставиме дека Y - хромозомот нема никаква сличност со X - хромозомот, од тоа би следело дека генетската разлика меѓу мажот и жената не би можела да биде поголема од 1.86%.
 
Но мислам дека беше во 2005 година кога се откри целиот ген на шимпанзото, со методата на редупликација се востанови дека разликата е 4%. Тие различни 4% претставаат 120 милиони парови бази. Телесната сличност меѓу човекот и шимпанзото е сосема очекувана заради морфолошката и биохемиската сличност на нивните тела.
Тука е добро да се спомне дека оваа разлика се однесува само на нивните тела т.е. материјалниот дел. А за духовниот дел, тоа е друг муабет.

Убо е што почна да следиш наука, науката ќе ти отвори очите, зошто е разликата ете тие 4% (твои) или 1,2 на други (сеедно мнооогу мала разлика)
затоа што (Овие во Америчкиот музеј за природна истоија уште се држат на 1,2% ралика - немаат мрднато во науката од 2005) The chimpanzee and another ape, the bonobo, are humans' closest living relatives. These three species look alike in many ways, both in body and behavior. But for a clear understanding of how closely they are related, scientists compare their DNA, an essential molecule that's the instruction manual for building each species. Humans and chimps share a surprising 98.8 percent of their DNA...... As humans and chimps gradually evolved from a common ancestor, their DNA, passed from generation to generation, changed too. In fact, many of these DNA changes led to differences between human and chimp appearance and behavior.

http://www.amnh.org/exhibitions/pas...ding-our-past/dna-comparing-humans-and-chimps
 
Убо е што почна да следиш наука, науката ќе ти отвори очите,

Јас науки следам уште пред да станам верник. Иако не е правило, кај мене науката многу допринесе за да поверувам во Бог.

затоа што (Овие во Америчкиот музеј за природна истоија уште се држат на 1,2% ралика - немаат мрднато во науката од 2005)...
http://www.amnh.org/exhibitions/pas...ding-our-past/dna-comparing-humans-and-chimps

Таа бројка е само за оној поголем дел од геномите кои што можат директно да се споредат, но не и на целиот геном. Ако се земе предвид целиот геном, сличноста е 96%, а разликата 4%.

An international research consortium has unraveled the chimpanzee genetic code, finding that humans and chimps share 96 percent of their genetic blueprint...
Извор (University of Harvard): http://www.news.harvard.edu/gazette/2005/09.15/11-chimp.html

"The recent publication of the complete chimp genome, marked by a celebratory issue of the journal Nature, tells us that humans and chimps share 96 percent of the same genetic material."
Извор (University of California): http://www.cs.ucr.edu/~eamonn/DNA/

"A new study demonstrates that specific traits that distinguish humans from their closest living relatives – chimpanzees, with whom we share 96 percent of our DNA "
(Posted by Howard Hughes, Medical Institute, March 10, 2011)
Извор (Global Education Network): http://world.edu/missing-dna-helps-human/
 
Јас науки следам уште пред да станам верник. Иако не е правило, кај мене науката многу допринесе за да поверувам во Бог.

Таа бројка е само за оној поголем дел од геномите кои што можат директно да се споредат, но не и на целиот геном. Ако се земе предвид целиот геном, сличноста е 96%, а разликата 4%.

An international research consortium has unraveled the chimpanzee genetic code, finding that humans and chimps share 96 percent of their genetic blueprint...
Извор (University of Harvard): http://www.news.harvard.edu/gazette/2005/09.15/11-chimp.html

"The recent publication of the complete chimp genome, marked by a celebratory issue of the journal Nature, tells us that humans and chimps share 96 percent of the same genetic material."
Извор (University of California): http://www.cs.ucr.edu/~eamonn/DNA/

"A new study demonstrates that specific traits that distinguish humans from their closest living relatives – chimpanzees, with whom we share 96 percent of our DNA "
(Posted by Howard Hughes, Medical Institute, March 10, 2011)
Извор (Global Education Network): http://world.edu/missing-dna-helps-human/

Првиот линк е од 2005,
Вториот е од 2005
Третиот е од 2011

Линкот јас кој го ставив е од 2013 година.

Али на страна тоа, ете прифаќаме и јас и ти научни докази дека ДНК на шимпанзата и човекот се преку 90% слични. Тоа е многу голема сличност, на пример стаорот и глушецот имаат под 70% сличности во ДНА друго е поентата, сличностите на ДНК не ги откри или истражи црквата, ауката е заслужна за тоа и црквата и денес со сета сила сака да го оповргне тоа затоа што води кон заклучок дека е сличноста во ДНК плод на еволуција и еден заеднички предок на луѓето и мајмуните, исто како што тој предок има ист предок со кравите, мачките... Линковите кои ти ми ги наброја вака велат, Во првиот линк самиот наслов е:
Chimp genome effort shines light on human evolution

Вториот линк ти вели : what exactly does it means to say that we share 96% of our DNA with our closest living cousins? а во третиот : The finding mirrors accumulating evidence from other species that changes to regulatory regions of DNA – rather than to the genes themselves – underlie many of the new features that organisms acquire through evolution. заклучокот е јасен. Еволуција
 
1. Адам и Ева имале повеќе синови и ќерки. Тоа не биле само Каин и Авел.

2. На многу луѓе им е несфатливо како е можно од една фамилија со инцест да се создало човештвото, но забораваат или пак не биле информирани дека и според Давинистичкото гледиште (ткн „теорија“ на еволуцијата) човештвото исто така би настанало со инцест, бидејќи денес имаш современи луѓе што имаат односи со блиску роднини (да не именувам држави каде што тоа е почеста пракса), а може да замислите како би било кога навистина би постоеле тие примитивни човеколики мајмуни и колку тие би се замарале дали нивната симпатија им е блиска роднина.

3. Најновите научни откритија за „Научниот Адам“ и „Митохондриската Ева“ донесуваат дополнителни аргументи во тоа дека сите луѓе поттекнуваат од еден маж и една жена. Да не ви пастирам линкови, ако некој го интересира нека ги пребарува на Google фразите "Scientific Adam" и "Mitochondrical Eve".

4. Денес не е дозволено, со закон, стапување во брак на брат или сестра (и на полубрат и полусестра, итн.), бидејќи постои недозволено висок ризик нивните деца да се родат со деформитети. Колку поблиску се родителите по роднинска линија, толку поверојатно е дека некој од потомството ќе биде со деформитети.

Постои многу оправдана и лесно разбирлива генетска прична за таквиот закон. Секој човек има две групи на гени, со приближно 130000 парови кои ја одредуваат неговата градба и функција. Секој човек наследува по еден ген за секој пар од едниот родител. За жал, гените денес содржат многу грешки (поради гревот и Казната), и овие генетски грешки резултираат со најразлични аномајлии (деформитети) кај луѓето.
Колку се родителите подалечни роднини, поверојатно е дека децата ќе имаат различни грешки во своите гени. Тие наследувајќи по една група од секој родител, веројатно ќе имаат по еден пар гени што ќе содржат најмногу по еден неправилен ген во секој пар. Добриот (доминантен) ген во парот има тенденција да го потисне неправилниот (рецесивниот) ген така што деформитетот нема да се пројави.
Меѓутоа, доколку брачните сопружници се поблиски роднини, поверојатно е дека тие ќе имаат слични грешки во своите гени, бидејќи се наследени од исти родители. Затоа, брат и сестра најверојатно ќе имаат слични грешки во своите гени. Децата од брачна заедница меѓу брат и сестра можат да ги наследат истите лоши гени на истиот генетски пар од двата родитела, што ќе доведе до две лоши копии на гените и до сериозни аномалии.

Меѓутоа, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки!
Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било "многу добро" (Битие 1:31, Библијата), така што нивните гени биле совршени - без грешки.
Но, според Библијата, кога гревот навлегол во светот, Бог го казнил светот, по што совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање. (Римјаните 8:22, Библијата) Во Битие пишува дека Бог дури и ја проколнал Земјата (Битие 3:17, Библијата). Значи потоа Земјата повеќе не била добра и не давала добра и здрава храна за исхрана на човекот.

Со текот на времето оваа деформација произвела најразлични генетски грешки во живите битија.
Каин бил од првата генерација деца што се родиле на Земјата. Тој примил гени од Адам или од Ева практично без грешки, бидејќи ефектот од гревот и Казната во почетокот бил минимален и потребно било време за да се акумулираат овие грешки при копирањето на гените. Потоа гледаме како животниот век на човекот постепено се намалува, од неколку стотини години, до сто и нешто, потоа и под сто години.

Во таква ситуација, браќа и сестри можеле да стапуваат во заедница со Божјо одобрение, без каква и да е потенцијална можност за создавање на деформирани потомци.
Адам и Ева имале многу синови и ќерки (Битие 5:4, Библијата), така што Каин си земал за жена една од нив.

Во времето на Мојсеј (неколку илјади години подоцна), дегенеративните грешки се акумулирале во таков обем што се јавила потреба Бог да ја забрани брачната заедница меѓу брат и сестра ( и поблиски сродници Левит 18:6-18, Библијата)
Во тоа време на Земјата веќе живееле огромен број луѓе и немало потреба од бракови меѓу блиски роднини. Бог испланирал се.

Секако, очекувано дека ова објаснување нема да биде задоволително за оние кои воопшто не веруваат во Библијата, кои не веруваат дека гревот има деструктивно дејство во повеќе области, па дури и на генетско ниво.
Исклучително интересно. Оперира ли гревот и на епигентско ниво, не само на генетско? На пример ако имаш сосема арни гени, ама ебеш предбрачно и госпот ти врши метилација на извесни гени и ти дава рак? Ова би можело да се вметне во молитва во институциите што лечат рак со цел да се изнајде деметилациска молитва за оздравение. Работите ли во тоа култот на вакви проекти?
 
сличноста во ДНК плод на еволуција и еден заеднички предок на луѓето и мајмуните, исто како што тој предок има ист предок со кравите, мачките...

Сличноста може да се интерпретира и вака и онака. Сличноста за некого е аргумент за еволуција, а за друг е аргумент за заеднички т.е. ист Создател. Пежо 206 и Пежо 306 имаат доста заеднички и слични делови, но тоа е така не затоа што Пежо 306 еволуирало од 206, туку затоа што имаат еден ист креатор и дизајнер: компанијата Пежо.
Порано на луѓето и соѕвездијата им биле слична на некои животни, па така се именувани Големата Мечка, Малата Мечка, Стрелецот. Така настанала и астрологијата, па затоа молекуларниот биолог и еволуционист, Мајкл Дентон, во својата позната книга „Еволуцијата: теорија во криза“, напишал дека теоријата на еволуцијата „повеќе личи на принцип на средновековна астрологија отколку на сериозна научна теорија во 21 век.“ Тој ја нарекува Дарвиновата еволуција една од најголемите бајки на нашево време.

Линковите кои ти ми ги наброја вака велат, Во првиот линк самиот наслов е:
Chimp genome effort shines light on human evolution

Добра забелешка. Намерно го направив тоа. Намерно побарав еволуционистички материјали за да не ме обвиниш дека ти постирам субјективни креационистички сајтови, сакајќи да ти укажам на тоа дека и многу од еволуционистите се согласуваат со тоа дека генетската разлика меѓу нас и шимпанзата е 4%. Ако беше работата за текстови од креационистички сајтови, немаше потреба ни да пребарувам на гугл :)
Мене битен ми беше фактот, а не интерпретацијата на тој факт.
Еволуционистот истото би го изјавил и ако разликата беше 40%, и ако е 10%, и ако е 4’% и ако е 2% и ако е 0.01%. Сеедно и 100% да беше разликата, искуството покажало дека никакви аргументи не можат да ги расколебаат Дарвинистите од својата цврсто втемелена догма: „Животот морал да настане без Создател и точка. Ако сега нема објаснување, ќе мора да има во иднина.“
 
Denton however is not a creationist. He describes himself as an evolutionist, and he has rejected biblical creationism.

Со многу науки религијата е скарана, со биологија,историја геологија археологија, астрономија.. Нивниот свет и објаснувања на работите - никако не се поклапаат со научните истражувања. Не корисат микроскопи, телескопи за да видат проверат и потврдат работите туку цитираат стихови од книги на непознати автори. Генетика докажува заеднички гени меѓу суштествата, што поголема сличност - тоа поблиско сродство (во поскоро минато сме се разделиле евулутивно од тој вид) имаме процент на исти гени и со крави и со глувци дури и со инсекти, дарвинизмот и тоа го вели, 40% истоветност генетска значи дека порано сме се оделиле, 90% - покасно.
Еволуцијата може да даде одговор зошто има кенгури во Австралија. Дали религијата може да објасни од каде кенгури во Австралија?
 
Denton however is not a creationist. He describes himself as an evolutionist, and he has rejected biblical creationism.

Пак тој ми објаснува нешто што и јас самиот сум го кажал:

...па затоа молекуларниот биолог и еволуционист, Мајкл Дентон, во својата позната книга „Еволуцијата: теорија во криза“, напишал дека теоријата на еволуцијата „повеќе личи на принцип на средновековна астрологија отколку на сериозна научна теорија во 21 век.“ Тој ја нарекува Дарвиновата еволуција една од најголемите бајки на нашево време...

Значи намерно ти цитирам еволуционист, за да увидиш дека и меѓу нив има такви што ги гледаат бизарностите на таа „теорија“. Кога сме кај него, еве ти еден цитат од таа книга:

„Универзалниот заклучок на палеонтологијата... е дека, иако карпите континуирано даваа нови, возбудливи, па дури и бизарни форми на живот... никогаш не покажале некоја од Дарвиновите милијарди преодни форми. И покрај неверојатно зголемените геолошки активности во секое катче на планетата, и покрај откривањето на многу необични и досега непознати форми, безбројните поврзувачки алки се уште не се пронајдени, а фосилните наоди се уште остануваат во прекин, какви што биле кога Дарвин ја пишувал неговата книга Потекло на видовите. Меѓуформите останаа недофатливи, како што биле отсекогаш, а нивното отсуство цел век подоцна е една од највпечатливите карактеристики на фосилните наоди“
(Мајкл Дентон, Еволуцијата: Теорија во криза [Chevy Chase, Md.: Adler & Adler, 1986] стр. 162.)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom