L
Luki Junior
Гостин
Помош се дава на деца, болни и стари.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па што ако утре тропа на други врати?Прво и најосновно треба да почнеме повеќе да се почитуваме едни со други ... и да се прекине со поделбите кои се вештачки ...
... зборам за нашиов народ Македонски ...
Треба да се учи од грешките и да се сфати еднашка дека кога двајца се караат, секогаш третиот користи ...
А што се однесува до помагањето ... џабе што на питач/бездомник ќе му дадеш парче леб или пари и сл. кога утре пак ќе застане на истото место и ќе си продолжи со ’’бизнисот’’ му ... не е тоа тоа дај му денес, а од утре пак по старо ќе си тера ... секој човек треба да стои на свои нозе ... од хуманитарна помош да бидеме реални се живее од денес до утре или задутре но вечно не ...
Да бидам пореален не сум, никогаш не сум бил и нема ни да бидам хуманитарец, поготово не лажен хуманитарец...
... ако некој ми побара леб(било кој) ќе му дадам или некаква друга помош(од поситен карактер) но сепак не е тоа тоа утре тој човек на кого сум му дал денес леб знам дека пак ќе биде гладен и ќе тропа по други врати ... и се така до бескрај !
Па што ако утре тропа на други врати?
Можеме да помогнеме сите до еден, но што се случува? Се организира хуманитарна акција и излегуваат десет души да донесат стара облека од Кајгана. Се организира протест излегуваат 10 души од кои повеќе жени од мажи.
Што мислиш, на тие луѓе им е битно да се грижат за себеси, да соберат пари, да направат нешто, мислиш дека уопште им е битно за нив самите? Не, кај нив е поише прашање на самоубиство или седење на улица.Сакам да кажам дека тоа не е решението ... денеска ќе тропне кај мене ќе му дадам, утре ќе биде пак гладен и ќе тропне кај некој друг и да речеме и тој ќе му даде, но задутре пак ќе биде гладен и се така до бескрај ... значи проблемот не е решен, а проблемот ќе биде решен кога самиот ќе заработува пари ... подобро било каква работа отколку питачење !
Треба да се помага на луѓето во невоља, но сепак решението на проблемот не е тоа !
Што мислиш, на тие луѓе им е битно да се грижат за себеси, да соберат пари, да направат нешто, мислиш дека уопште им е битно за нив самите? Не, кај нив е поише прашање на самоубиство или седење на улица.
Замисли државата ова да го прави преку систем, дали 0,5 дени ќе стасаат до корисник, се ќе покрадат лоповите. И добитникот гарант ќе биде некој пријател на службеникот кој има пари, а овие му фалеле за ауди.Зар неможе 1 % од месечните плати да одат во хуманитарни цели, а да не се злоупотребуваат, тој процент нив ништо нема да им значи, ама на некој ке му значи парче леб и продолжен живот ..
Ние обичниве смртници сме во можност да собериме некој ситниш или стара облека ама не е тоа трајно решение.Себични се луѓето, зошто би се замарале кога може да одмораат. А не е тешко да собереш месечно еднаш пари од сите и да ги дадеш некому. Десет десет, на некој дедо ќе му значат.
Јас затоа зборам за стари и хендикепирани лица (плус болни). За другите има утовар и растовар на Јужен Булевар 500че ќе земат денес. У Кавадарци за гроздобер луѓе неможат да се најдат. За тутун исто.Ние обичниве смртници сме во можност да собериме некој ситниш или стара облека ама не е тоа трајно решение.
Има една кинеска поговорка која вели: Give a man a fish, you feed him for a day. Teach a man to fish, you feed him for a lifetime.
Каде се во случајов бизнисмените, тие што се финансиски моќни во државава и на кои ништо не им значат 6000-8000 денари месечно, да речиме... па нека вработат некој од ваквите случаи и решен е во најголем дел проблемот. Плус и здравствено осигурување ќе си имаат луѓето. Нормално, не сите сакаат да работат. Некои едноставно САКААТ да бидат сожалувани, да лежат и да ги ранат други. Ама зошто да не им се помогни на тие што сакаат да работат. Не е битно каква работа, за секого се најдува нешто да работи. Доволно е некој од бизнисмениве да плати некој ваков случај да му ги брка сите споредни работи за него... на пример, сметки плаќање, разни административни работи, работи во домаќинство, сијалица да му смени крај-краева ако треба, да му испазари од маркет...
Џабе јас ќе му дадам на некој сиромав 100 или 1000 денари ко трајно не сум му го решил проблемот. Ќе ги потроши за неколку дена и после што? ...пак ќе молиме од луѓето. Тие што стварно се во можност да помогнат, не се заинтересирани.
Зошто луѓето се толку бедни во душа и за секое дело бараат аплауз, а глумат или патриоти или хуманитарци. Тоа се ситни и бедни души кој за секој свој чекор бараат орден за заслуги без разлика од која природа е. Ако му дадат на сиромавиот еден денар он треба на ТВ да каже и да им се заблагодари јавно, за таква хуманитарност или патриотизам станува збор. Не прај ништо ако чекаш аплауз скриј се во некоја глувчја дупка и цркни.
Ме налути сликањето со бездомникот, многу лошо изгледа сета таа слика. Дај му пари и замини човече, зошто нешто би очекувал ако го правиш од срце, лицемери.