Зошто не си помагаме едни на други?

  • Креатор на темата Креатор на темата LaChupacabraLoca
  • Време на започнување Време на започнување
Би сакала да потенцирам овде и еден друг вид на помош... Не само паричен надоместок .. Имам 17 години и мислам дека не треба да се зборува само за финансиите,језда дка тоа е основно нешто за да преживееме меѓутоа има и многу други работи на кои треба да обрнеме внимание и има многу други морални вредности кои веќе се полека но сигурно во изумирање.. Прашањето ми е ЗОШТО? Зошто се избегнуваме едни со други зошто да неможеме да подадеме рака и да бидеме поддршка на некој кому тоа му е најпотребно.. Се плашам од светот и од општеството,и од тоа колку сме едни од други оттуѓени и колку гледаме само на себе ..Всушност ние не гледаме само на себе,ние не гледаме за никого бидејќи да знаевме добро да гледаме на самите себеси ќе знаевме и како да помогнеме на некој друг.. Поздрав и се надевам дека нема да бидам погрешно сватена.. Сепак форумов е за искажување на свои мислења и ставови,не ? :)
 
Не знам дали има кај нас центар за волонтирање, каде се добиваат информации каде има потреба од волонтери и која би била ниванта задача.
 
Не знам дали има кај нас центар за волонтирање, каде се добиваат информации каде има потреба од волонтери и која би била ниванта задача.
Jас пред некое време, можеби има две години, а можеби и повеќе ... пратив безброј мејлови до една таква организација се со цел ако било како можам да помогнам, макар и на период од еден месец, за што и да е ... Никогаш никаков повратен одговор не добив. Ама ако ништо друго, од тогаш сум сигурна дека немаат потреба од волонтери зошто имаат доволно луѓе да се грижат за се што треба и ми е полесно. :)
 
Не знам дали има кај нас центар за волонтирање, каде се добиваат информации каде има потреба од волонтери и која би била ниванта задача.
Па,јас лично колку што сум информирана кај нас има повеќе центри за волонтирање кои ти пружаат шанса да волонтираш.Плус зависи за каков тип на волонтер станува збор,односно како што сакаш да волонтираш и да помагаш . Еве на пример доколку сакаш да помогнеш за заштита на животните имаш здружение "Anima Mundi" чијшто контакт можеш да го најдеш на нивната ФБ страница,потоа aко сакаш да волонтираш во "ЦРВЕН КРСТ" доколку не се лажам можеш да исконтактираш преку ФБ,или пак да отидеш до некои од нивните седишта... Се надевам дека помогнав колку толку :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom