ок за нормалната храна ама како тоа ќе помогне ако се работи за канцерогеното млеко....со него треба да се случат низа хемиски постапки и други такви работи за да стане нормално, претпоставувам, или па едноставно да се фрли, а не само една молитва...
За оној што верува се е возможно.
На Господ верувајте му јас само ги кажав она што Тој
Го вети.
--- надополнето: 11 март 2013 во 16:17 ---
Господ или сатаната кој владее во вашиот живот?
Чекориме кон нови современи стандарди во размислување и стил на живеење. Каде се живее вештачко однесување кое
луѓе денес го викаат разговор.
Каде што се поставени како модел на размислување предрасуди основани најмногу на средствата што ги поседува човекот,
не самиот човек.
Си директор те почитуваат и сакаат, истиот човек утре е служител
во училиштето веќе не го поздравуваат и почитуваат.
Значи личноста
неможе да биде перцептирана и примена од луѓето, немаат сила за тоа, а функцијата се перцептира и само таа е во фокусот.
Што е ова?
Идолопоклонство спрема функцијата.
Всушност ваквото идолопоклонско однесување е пројавено низ многу ситуации и различни свери во нашиот живот.
Ова однесување во Светото писмо е јасно дефинирано како демонско однесување.
Ваквиот животен стил кој ни е наметнат како единствен начин на живеење
всушност ја згаснува љубовта во нас, така луѓето немаат вистинска можност
да се сакаат и да живеат слободно преку вера и љубов во Господ Исус Христос
затоа што Тој е каналот преку кој ние пиеме и се напојуваме со љубовта.
Ако се отсечеме од Него ние пополека се сушиме, стануваме бесплодни.
Се раѓа страв, завист, и мн др карактерни црти кои се одлика на демоните,
а кога веќе човекот примил многу од овие црти во него, се отвара процеп
да демоните влегуваат во него, па почнуваат темни мисли, депресии, панични
напади, разврат, агресија, тепање овие состојби и однесувања не се секогаш предизвикани од ваква проблематика, самото живеење световен живот
е доволно за тоа да се случи.
Затоа да излезиме од слепилото и да го запознаеме Неговото слово и
СЛАВИМЕ БОГ.
Ако некој мисли дека ова не е вистина тогаш тој го негира Господ Исус Христос
и Неговиот Збор, а повеќето од вас веруваат во Исус Христос?
Или само декларативна е вашата вера ???
Ништо од напишаното не е надвор од Библијата..