Многу грешки правам при пишување. Си редам запирки како ќе ми текне. Често нови реченици започнувам со мала буква и ред други работи за кои сум повеќе или помалку свесен, но така ми тргнало. Неретко правам и грешки кои други, пописмени од мене, ги воочуваат наместо мене. Кога треба да напишам нешто, а не се работи за форумски пост, порака, електронска пошта и слично, знам да го консултирам правописот. Сериозно. Грешки секогаш има, но колку поретко, толку подобро. Во секојдневниот говор не се оптоварувам многу околу тоа како зборувам. Побитно е што и како велам.