Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
И доби ли потпис шом си отсуствувала (бар) на едно предавање? :) Кој тоа не доби потпис? Тие шо не дошле на ниедно? Па ваљда до толку труд треба да вложат студентиве :icon_lol:
Да, не се секирај ти за мојот потпис. Не ми е поентата да ги дискутирам моите потписи и моите оценки туку да го одговорам прашањето за поените на Спасов.
 
Ако грешка те сфатив и се буниш дека ви дале екстра поени заради присуството за полесно да се земе оценка, а и воопшто полесно да се положи, тоа чисто доаѓа од нервирање дека други посериозно си го сфатиле процесот на идење на предавања и успеале да ги соберат сите поени од предавања (со шо добиле повисоки оцени). Јасно дека не било најфер од нив да ви лупнат нов начин на добивање поени шо не се во системот, но тие биле поени шо идат над 10ката и се само гратиси за полесно положување (или борење за просек). Ако биле задолжителни за потпис пак, зашо тогаш не си се потрудила да се осигуриш дека ќе го имаш потписот и да фураш на сите предавања, за на крај да се изненадиш со 30 поенчиња плус?

П.С. Не ми е поентата да се секирам за било шо, за било кого. Чисто ми е смешно низ темиве колку се ругаат од прв до последен професорите, и на сите му наоѓаат мани, дури и таму кајшо давале повеќе гратиси/видоизменети проекти и начини за зимање поени. Тоа ме нервира.

Еве ја да кажам, без тие поени комотно можеле луѓево да положат.
 
Да, грешка си ме сфатил.
Јас го наведов моето искуство само како пример, не како жалење.
Не е дека јас не сум била редовна, Спасов имаше тенденција да пушта список кога ќе му текне и по некоја случајност на неколку предавања што не бев во можност да присуствувам се реши да пушти список.
Едноставно, од максимум 3 изостаноци на предавања како услов за потпис правилото го смени за поени што беше доволно да имам една оценка минус.
П.С. Не ми е поентата да се секирам за било шо, за било кого. Чисто ми е смешно низ темиве колку се ругаат од прв до последен професорите, и на сите му наоѓаат мани, дури и таму кајшо давале повеќе гратиси/видоизменети проекти и начини за зимање поени. Тоа ме нервира.
Јас не гледам ругање во мојот пост. Само ги наведов фактите.
 
Не мора да значи, кај Спасов по податочни и компјутерски комуникации ми фалеа 5 поени за 9 поради што ги немав сите поени за присуство, а не пишуваше нигде дека е задолжително.
Прво пушти некој муабет дека присуството било задолжително за потпис, после се предомисли на сред семестар и реши да одзема поени.

ПКК сите пуштаа списоци.

Емкаа лани немаше списоци кај ниту еден од професорите, али најдобро е тоа да решите уште од прв час со професорот дали се задолжителни или не.
 
Да, грешка си ме сфатил.
Јас го наведов моето искуство само како пример, не како жалење.
Не е дека јас не сум била редовна, Спасов имаше тенденција да пушта список кога ќе му текне и по некоја случајност на неколку предавања што не бев во можност да присуствувам се реши да пушти список.
Едноставно, од максимум 3 изостаноци на предавања како услов за потпис правилото го смени за поени што беше доволно да имам една оценка минус.

Јас не гледам ругање во мојот пост. Само ги наведов фактите.
Не е до тоа дека имаш оцена минус. Поентата е дека немаш оцена плус. Гратис поени е клучниот збор. Ако не се рачунаа тие ко поени, туку само за потпис, тогаш ќе имаше 9ка? Not really.

Се извинувам шо те сфатив грешка, дека според мене начинот на којшо зборуваше за поените ми беше многу негативен. :)
 
Дај бе кажете што е фркава со негативниот степен ? пример 7 на минус 3. ако беше парен степенот се добива парен резултат, а ако е непарен, непарен резултат се добива ? :D Дај објаснете ми, како се решава ? Сум заборавил и немам од каде да видам :D
 
7 на степен -3 ти е реципрочната вредност од 7 на 3та.
1/(7^3)

Општо: a^(-b) = 1/(a^b)
 
Дај бе кажете што е фркава со негативниот степен ? пример 7 на минус 3. ако беше парен степенот се добива парен резултат, а ако е непарен, непарен резултат се добива ? :D Дај објаснете ми, како се решава ? Сум заборавил и немам од каде да видам :D
Парноста на степенот нема никаква врска со резултатот, на пример ако имаш 2^3 = 8 (парен број) а ако имаш 2^4 =16 Исто така парен број. Ако пак имаш непарна основа, без разлика дали степенот на кој ја креваш е парен или непарен резултатот ќе биде непарен број ( под услов да претпоставиме дека степенот е цел ненегативен број). Исто така важно за степените е тоа што ако бројот го креваш на парен степен да речеме (-2)^4 тогаш добиваш позитивен резултат, односно (-2)*(-2)*(-2)*(-2)=16, минусот помножен со минус дава плус. Е сега ако имаш (-2)^3 во тој случај добиваш негативен резултат затоа што имаш (-2)*(-2)*(-2)= -8 затоа што првите 2 минуса даваат плус но ти останува уште еден минус кој заедно со предходниот плус дава минус. Се надевам дека ти помогнав :D
 
Каков е овај практичен дел по ДМ2?
 
Му предавал на некој Антовски Љупчо? Може да сподели импресии и општо за предметот Архитектура и организација на компјутери., дали може само од презентации да се учи или мора и од книга

Љупчо спомна нешто сите што имаат над 90 поени одат кај него на разговор за десетка, точно е ова?
 
Каков е овај практичен дел по ДМ2?

Ќе има задачи за во Mathematica. На лабораториски ќе се работи во неа, но најверојатно нема да ви се задолжителни. Сепак, ако сакаш да положиш за помалку од 60 поени (во зависност од тоа колку ќе извадиш на практичен), ќе треба да го полагаш и тој дел.
 
Му предавал на некој Антовски Љупчо? Може да сподели импресии и општо за предметот Архитектура и организација на компјутери., дали може само од презентации да се учи или мора и од книга

Љупчо спомна нешто сите што имаат над 90 поени одат кај него на разговор за десетка, точно е ова?
За предметот незнам, али Анто е...... посебен.
Знае да замара со домашни доста, мада тоа зависи и од предметот... Предавањата му се интересни пошо пола предавање забегува за некои тотално неповрзани работи од типот "Зашо бугарите не ја признаваат вината за евреите", културата и начин на живот во Америка, неговите патешествија низ светот и слично... Пробува да има интеракција со студентите на часовите. Иначе опуштен, кул, али си бара знаење на крај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom