Прашање за Христијанството III

Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Абе и ја ама и вие замарате, ама ај, јас ке ви простам.

веројатно знаеш дека има и 3та смена
има и некои што работат само 4 дена
можеби е на боловање
можеби тоа и му е работа

не сме ние фанатици ниту пак ке те убиеме ако збориш лошо за христијанство туку ке те замолиме да не замараш
и ајде поздрав
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Плиз бе Мики.

Подобро ја знаеш библијата. Да не утнам па останам во заблуда.
Евангелие по Лука, 16.16.
Галатјаните, 3.24.

Кажи ми што пишува...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Евангелие по Лука, 16.16.
Галатјаните, 3.24.

Кажи ми што пишува...
мики дај те молам пиши ти што пишува
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 16:33 ---
дека дечкото кажа се замара сам да бара
вака те има тебе да му кажеш
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.412
Евангелие по Лука, 16.16.
Галатјаните, 3.24.

Кажи ми што пишува...
Благодарам но:

Лука ми е нејасен.
15 И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.”
16Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.
17 Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.

Ко да се контра едно со друго? Законот не важи али неможе да пропадне?

Галатјани е ептен јасен.
23 А пред да дојде верата, бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие.
24 Така, Законот ни беше наш воспитач до Христа, за да се оправдаме преку верата.
25 А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.

Но некако ми е контра со Матеј кој веке го цитирав каде Исус вели дека нема да ги смени законите и пророците.

Матеј 5 17-18
17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.

Разбираш зошто не ми е јасно? Кој од овие да го следам? Или е по избор па кој што сака?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
мики дај те молам пиши ти што пишува
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 16:33 ---
дека дечкото кажа се замара сам да бара
вака те има тебе да му кажеш
Лука:
„...Законот и пророците беа до Јован: а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилие се обидува да влезе во него...„

Галатјаните:
„...и така, Законот беше за нас воспитивач да не‘ доведе до Христос, за да бидеме оправдани преку верата...„:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.412
Види пост горе.

Двосмислено и нејасно.

Лука 50/50

Галатјани 100% дека е по ново

Матеј 100% дека е по старо.


Кое е точно или можам да бирам по потреба?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Разбираш зошто не ми е јасно? Кој од овие да го следам? Или е по избор па кој што сака?
Постојат неколку Закони:
1. Природниот./моралниот Закон, кој не е запишан во книга,
2. Законот Мојсеев, со неговите 600 и кусур одредби и
3. Законот на 10-те Божји Заповеди.

Првиот Закон природно постои, преку совеста, вториот/Мојсеевиот заврши со евангелието Христово, а третиот е се‘уште важечки, со таа разлика што Христос ги издигна Заповедите на духовно ниво‘, не само на телесно, како што Законот важеше во Стариот Завет.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Зборуваш за САД и нивното ропство до средината од 19-от век, така?...
Бискупите поканети на Никејскиот сабор имаа право со себе да донесат по три роба секој. Тоа беше тро порано од Америчкиот средина на 19сти век
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Бискупите поканети на Никејскиот сабор имаа право со себе да донесат по три роба секој. Тоа беше тро порано од Америчкиот средина на 19сти век
овде мешаш бускупи и христос
можеш ли нив на исто ниво да ги ставиш?
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:01 ---
темава да се потсетиме е прашања за христијанство а не за христијани
значи се зборува за библија и пророци а не за бискупите
отворете нова тема таква па да ви се придружам
па ке збориме и за бускупи и папи и попови итн
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:02 ---
значи прашањата воглавно треба да се за учењето на исус мојсе ......
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
овде мешаш бускупи и христос
можеш ли нив на исто ниво да ги ставиш?
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:01 ---
темава да се потсетиме е прашања за христијанство а не за христијани
значи се зборува за библија и пророци а не за бискупите
отворете нова тема таква па да ви се придружам
па ке збориме и за бускупи и папи и попови итн
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:02 ---
значи прашањата воглавно треба да се за учењето на исус мојсе ......
A Исус овде одговара?
Ако христијанските бискупи на првиот никејски собир носеле со себе робови, што тоа кажува за ставот на христијанството кон ропството? Ти ќе ми кажеш или то што бискуп држел робови?
Ти имаш поинаков став и мислење од оние кои во Никеја ги решавале најбитните работи и прашања во христијанството?
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
A Исус овде одговара?
Ако христијанските бискупи на првиот никејски собир носеле со себе робови, што тоа кажува за ставот на христијанството кон ропството? Ти ќе ми кажеш или то што бискуп држел робови?
Ти имаш поинаков став и мислење од оние кои во Никеја ги решавале најбитните работи и прашања во христијанството?
интересни
ако живееме според 3законите на бискупите поповите и остала багра“ ке возевме сите х5 и ке имавме палати ;)
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:19 ---
види едно е да живееш според христијанство а друго според уредување на црквите
јас црквите не ги признавам т.е светениците
исус кажал и дека бог е секаде околу нас и во нас а не во градбите од дрва и камен
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
интересни
ако живееме според 3законите на бискупите поповите и остала багра“ ке возевме сите х5 и ке имавме палати ;)
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:19 ---
види едно е да живееш според христијанство а друго според уредување на црквите
јас црквите не ги признавам т.е светениците
исус кажал и дека бог е секаде околу нас и во нас а не во градбите од дрва и камен
Значи ти си најоригиналниот христијанин кој знае точно шо сакал и како сакал Исус. Какви бискупи какви папи теолози митрополити кардинали превзибитери се е то шљам, слушај фраеро шо ќе ти каже то је оно право.
То така ти иди знаењето или си читал нешо околу тоа? Мислам то шо и како сакал Исус, чисто од новиот завет ти е знаењето или имаш читнато и нешто одстрана?
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
siguren si deka taka kazal , moze li bibliski citat kade jasno i glasno veli,jas sum bog mene obozuvajteme.
што збориш бре
јас реков ИСУС казаж дека БОГ е секаде околу нас и во нас а не дека Исус е Бог

немаш сватено добро што кажав
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 18:22 ---
интересни
ако живееме според 3законите на бискупите поповите и остала багра“ ке возевме сите х5 и ке имавме палати ;)
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 17:19 ---
види едно е да живееш според христијанство а друго според уредување на црквите
јас црквите не ги признавам т.е светениците
исус кажал и дека бог е секаде околу нас и во нас а не во градбите од дрва и камен
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
што збориш бре
јас реков ИСУС казаж дека БОГ е секаде околу нас и во нас а не дека Исус е Бог

немаш сватено добро што кажав
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 18:22 ---
Е добро сега незначи дека ќе го прифатам тоа дека Бог е секаде околу нас, пред се тоа не е мое верување т.е. не учи така Исламот. Сепак да не одам оф топик јас ќе поставам неколку прашања до сите кој што сакаат да ми одговараат без да бидам нападнат, добронамерно ќе ги поставам според пишаното погоре и така сакам да добијам одговор. Благодарам на сите кој што така ќе пристапат кон мене?

Дали според тоа што го кажал Исус дека “Бог е секаде околу нас“, дали со тоа се докажува дека Исус не е Бог?

Доколку Исус не е Бог според сето кажано, зошто тогаш се користи зборот ’’Господ-Бог Исус Христос’’?

Доколку Исус не е Бог тогаш кој е Бог?

Доколку Исус не е Бог, дали тоа ќе биде дека Светото тројство не е едно Исто?

П.С/Не постирам прашања да навредувам, туку постирам прашања според тоа што го цитирав коментарот од тапа фраер, јас се трудам да не навредувам на никој ниту во делот за Ислам, па така сакам да не бидам навреден. Тој кој мисли дека со овие прашања сакам да провоцирам го молам однапред нека не одговара на прашањата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom