Евангелие по Лука, 16.16.
Галатјаните, 3.24.
Кажи ми што пишува...
Благодарам но:
Лука ми е нејасен.
15 И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.”
16 ”
Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.
17 Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.
Ко да се контра едно со друго? Законот не важи али неможе да пропадне?
Галатјани е ептен јасен.
23 А пред да дојде верата, бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие.
24 Така, Законот ни беше наш воспитач до Христа, за да се оправдаме преку верата.
25 А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.
Но некако ми е контра со Матеј кој веке го цитирав каде Исус вели дека нема да ги смени законите и пророците.
Матеј 5 17-18
17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
Разбираш зошто не ми е јасно? Кој од овие да го следам? Или е по избор па кој што сака?