Е сега во кои од овие работи ти се гледаш себвеси како роб? Оти работиш 8 сати за плата?:
Те заробија во војна? поради долгови си паднал во пропство? или си роден од роб?
Те клецка газдата? те има убиено? те продаде? сопственик е и на твоето семејство?
Мики, читни бе тро историја
Наспроти Твоево мудрување, каде се обидуваш да ми подметнеш некогашни робовладетелски принципи, кои се одамна надминати, еве една моја листа, со принципите од модерното робство:
- работење за наемнина/плата
- поднесување на секоја своеглавост од работодавците (мобинг, навреди, експлоатација, закани со истерување од работа, ненавремено исплаќање плата, кратење палата, казни по било кој основ и сл),
- немање никакво влијание и моќ во општеството
- немање можност за јавно изразување на своите ставови,
- можеш да гласаш “слободно„ а наредните 4 (и повеќе..) години да се каеш за што и за кого си гласал,
- станување економски зависен од работодавците,
- станување економски зависен од банките,
- давање хипотека кон банките, кои стануваат сопственици на Твојот имот (!),
- при губење на хипотеката, остануваш буквално на улица,
- при неможност за плаќање сметки, Те посетуваат утерувачи на дугови, кои легално Ти одземаат дел од имотот (!),
- здравственото осигурување Ти виси на конец и е условено со миљон услови, за кои не си свесен: ако не си осигуран и не можеш да платиш, идеш на улица,
- треба да почитуваш правила и закони, за кои не си свесен ни дека постојат,
- ако се огрешиш кон власта, треба да си платиш адвокат, кој ќе те застапува пред судот (а и ќе Те одере..)
- ако власта Те мобилизира за војна, ќе браниш туѓи имоти и интереси....
Да продолжам?!:....