Прашање за Христијанството III

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.412
Здраво Eisenhorn,
.......
Здраво Чорбаџија, долго те нема. Благидарам на одговорот и трудот околу објаснувањето, јас ги прашував верниците бидејки кога ја читав библијата „добриот“ бог кој многу не сака ми се виде како садистичко копиле.

Да, ептен сум засрамен, особено после ваков сет од прашања, со кои „као„ многу сакаш да дознаеш за што се работи...:confused:
Светото Писмо се пишувано во минатите времиња, во кои единствено познат општествен поредок било токму робовладетелството и никој, буквално ниту еден смртник не ни можел да помисли и замисли поинаква стварност, од онаа во која живеел.

Робовладетелството е само една од последиците од човековата огревовеност и логично, еден можен начин на општесетвено уредување, во кое луѓето би живееле едни со други и едни покрај други, без приота да се истребат меѓусебно. Така, ако Бог допушта постоење на робовладетели и робови (слично на денешново време, нели..) тогаш тоа е прифатлив модел на уредување.

Е сеа, ако запишаното во Писмото го префрлиш чисто механички и се обидеш да го примениш (пак механички...) на нашево време, ќе дојдеш до „заклучок„ дека запишаното во Писмото не „одговара„ на нашево време, така?...
Чекај, чекај. Сакаш да кажеш дека светото писмо е надминато и прегазено од времето?

ти треба да бидеш засрамен од твоево прашање
Зошто?
Мислам дека треба да се биде засрамен ако не се прашува за ропството. Или по тебе е ОК.

тој да знаел за срам нема воопшто да прашува работи на кои им го знае одговорот
за тоа го прашав на какво ропство мисли ама пошто го видов одма каков бесмислен одговор даде па не ни продолшив да му објаснувам
бар да ме прашаше за какво ропство станува збор ке беше друго
се воздржувам од почит спрема метта инаку имам и јас интересни прашања (вака истресени од ракав да некажам глупи) за прашања во ислам ама ај
Извини колега, многу јасно си пишува што е ропство во библијата. И казните за робовите се спомнати. Стап по глава и ако не умре одма се е ОК.
Според стариот завет е ОК и керките да се продадат во ропство.

Ако сум згрешил поправи ме, дај одговор каде грешам и какво е тоа ропство каде таткото ја продава керката како роб и каде сопственикот може да го претепа до смрт робот и каде ако газдата го ослободи робот може децата и жената на истиот да ги задржи како робови.

Е сега сето ова го пишува во библијата па те молам како христијанин објасни како тоа се разликува од Римското ропство или ропството на црнците во Америка во 19-ти век?
Те молам наведи ја разликата.
ШТо е тука глупо?

Не сум муслиман, не знам што мислиш со „глупави прашања“ бидејки за мене ропството ич не е глупо. А и во коранот не е забрането, напротив е и дозволено и можеш и да ги сексаш женските робови.

хехе,благодарам за почитта пријателе но сепак мислам дека другарчето што прашува не е муслиман.
нека ме поправи ако грешам.
Не сум муслиман, атеиста сум, роден во православно семејство.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Дали сите кој што е класифицираат како христијани на форумов немале секс се до првата брачна ноќ?

Дали и мастубрација-та се рачуна како грев?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чекај, чекај. Сакаш да кажеш дека светото писмо е надминато и прегазено од времето?
.
Тоа Ти го пишуваш, не јас...
Пепрочитај го погоре цитираното и ќе Ти стане јасно.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 13:12 ---
Дали и мастубрација-та се рачуна како грев?
Да, грев е.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Тогаш постои голема шанса дека 99,99% (ако не и повеке) се грешници.

Cool
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.412
Тоа Ти го пишуваш, не јас...
Пепрочитај го погоре цитираното и ќе Ти стане јасно.
Извини, не ги видов наводниците, моја грешка.

Значи, ропство ОК или не е ОК?
И ако е ОК, дали е ОК да ги тепаш робовите?

Пошто е допуштено во библијата. Или не е?

Благодарам.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тогаш постои голема шанса дека 99,99% (ако не и повеке) се грешници.

Cool
Грешно сме створени.
Со грев сме родени.
Да, сите сме грешни, чак и ние кои сме во Црквата...
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 14:07 ---
Извини, не ги видов наводниците, моја грешка.

Значи, ропство ОК или не е ОК?
И ако е ОК, дали е ОК да ги тепаш робовите?

Пошто е допуштено во библијата. Или не е?

Благодарам.
Робството е ОК, како веќе реков: тоа е последица од отпаднатата човекова природа и е допуштено и во Писмото.

Денес живееме со т.н демократија (каде привидно, сите сме „слободни„, нели...) и немаме искуствено сознание за тоа како се живее во робовладетелско општество, но затоа имаме куп предрасуди за робовладетелството, кои се последица од „комуњарски„ уредениот образовен систем, кој на сите минати општества и цивилизации гледа како на „лоши„ и „назадни„ општествени уредувања.

П.С.
Јас работам за плата во фирма, која има сопственик, т.е. мој работодавач. По што се разликува мојата положба во однос на работодавачот, споредена со положбата од робот кон робовладетелот?
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Пааа... не те тепа, не те ебе кога ке му се присака (доколку ти не го сакаш тоа и не му дозволиш) ти дава плата, можеш да си отидеш од кај него кога ке посакаш без никакви последици дека ке те фати и ке те убие итн итн итн....
П.С.
Јас работам за плата во фирма, која има сопственик, т.е. мој работодавач. По што се разликува мојата положба во однос на работодавачот, споредена со положбата од робот кон робовладетелот?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
П.С.
Јас работам за плата во фирма, која има сопственик, т.е. мој работодавач. По што се разликува мојата положба во однос на работодавачот, споредена со положбата од робот кон робовладетелот?
Tи можеш да си заминеш кога сакаш, можеш да си земеш одмор, боледување и газдата не може да ти ја продаде жената и децата на друг.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Tи можеш да си заминеш кога сакаш, можеш да си земеш одмор, боледување и газдата не може да ти ја продаде жената и децата на друг.
Да, можам, но во некое Твое општество, а не во реалното живеење.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Грешно сме створени.
Со грев сме родени.
Да, сите сме грешни, чак и ние кои сме во Црквата...
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 14:07 ---


Робството е ОК, како веќе реков: тоа е последица од отпаднатата човекова природа и е допуштено и во Писмото.

Денес живееме со т.н демократија (каде привидно, сите сме „слободни„, нели...) и немаме искуствено сознание за тоа како се живее во робовладетелско општество, но затоа имаме куп предрасуди за робовладетелството, кои се последица од „комуњарски„ уредениот образовен систем, кој на сите минати општества и цивилизации гледа како на „лоши„ и „назадни„ општествени уредувања.

П.С.
Јас работам за плата во фирма, која има сопственик, т.е. мој работодавач. По што се разликува мојата положба во однос на работодавачот, споредена со положбата од робот кон робовладетелот?
следно прашање што ке го добиеш е дали е дозболено робовладетелот твој да те тепа со стап па и да те убие

еве јас ке одговорам
денешниот твој робовладетел не те тепа со стап ама те тепа на психа и не те убива физички со стапот туку на 1000 други начини

морав да побрзам пред сите мики;)
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 14:24 ---
Да, можам, но во некое Твое општество, а не во реалното живеење.
точно
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.412
Робството е ОК, како веќе реков: тоа е последица од отпаднатата човекова природа и е допуштено и во Писмото.
Ти благодарам на одговорот, навистина. И тоа е уште една од причините заради која на религиите а пред се на Абрахамските (Јудеизам, Христијанство и Ислам) гледам како на заостанати сваќања који припаѓаат на општество од пред 2 милениума

Денес живееме со т.н демократија (каде привидно, сите сме „слободни„, нели...) и немаме искуствено сознание за тоа како се живее во робовладетелско општество, но затоа имаме куп предрасуди за робовладетелството, кои се последица од „комуњарски„ уредениот образовен систем, кој на сите минати општества и цивилизации гледа како на „лоши„ и „назадни„ општествени уредувања.
Извини Мики, али имаме и сочувани списи и законици од тоа време во кои убаво си е пропишано што и како било ропството.
Од Римското право па до „светото писмо“ каде освен тепање и сексуална експлоатација (додуше во стариот завет) е прошишано и дека таткото може својата керка да ја продаде во ропство.
Ништо не измислиле комуњарите, робовладетелите си запишале.


П.С.
Јас работам за плата во фирма, која има сопственик, т.е. мој работодавач. По што се разликува мојата положба во однос на работодавачот, споредена со положбата од робот кон робовладетелот?
Да го надополнам Лет 3 кој донекаде одговори, твојот газда не може да те камшикува, не може да те спречи своеволно да отидеш во друга фирма и не може да те спречи да поседуваш нешто што е твоја сопственост.

И ако татко продаде своја керка во ропство му следи затвор.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
да робовлатеделот денешен со тоа што ке те остава подолго на работа, што ти крати боледување, што ти крати плата, што не те осигурува и на крај што те брка од работа те убива барем 1000 пати
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да, можам, но во некое Твое општество, а не во реалното живеење.
Роб се станувало или со паѓање во заробеништво или поради долгови или по раѓање.
Роб немал никакви права можел да биде и убиен од газдата, газдата можел да клецка робинка, можел децата да и ги продаде можеше и робот да го продаде, каде одеше газдата - одеше и робот, ако некој роб го убиеше газдата - сите негови робовиу беа убивани на мачилиште, роб е роб 24 сати дневно 7 дена во недела 365 дена во годината, роб е роб и кога спие и кога јаде и кога клецка.

Е сега во кои од овие работи ти се гледаш себвеси како роб? Оти работиш 8 сати за плата?:
Те заробија во војна? поради долгови си паднал во пропство? или си роден од роб?
Те клецка газдата? те има убиено? те продаде? сопственик е и на твоето семејство?
Мики, читни бе тро историја
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
следно прашање што ке го добиеш е дали е дозболено робовладетелот твој да те тепа со стап па и да те убие

еве јас ке одговорам
денешниот твој робовладетел не те тепа со стап ама те тепа на психа и не те убива физички со стапот туку на 1000 други начини

морав да побрзам пред сите мики;)
Намерата ми беше: низ дискусија, да дојдеме до заклучокот кој веќе си го напишал, каде ќе се испостави дека нема суштинска разлика меѓу робовладетелот и робот од една и работодавецот и наемниот работник од друга страна...

Но добро, веќе си одговорил.

И да: ако робовладелот тепал и продавал робови, денешните робовладетели убиваат економски и психички.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Намерата ми беше: низ дискусија, да дојдеме до заклучокот кој веќе си го напишал, каде ќе се испостави дека нема суштинска разлика меѓу робовладетелот и робот од една и работодавецот и наемниот работник од друга страна...

Но добро, веќе си одговорил.

И да: ако робовладелот тепал и продавал робови, денешните робовладетели убиваат економски и психички.
или накратко кажано убиваат на модерен начин без да одговараат законски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom