Молам појаснување како тоа добар бог дозволува ропство.
И тука земам само од новиот завет, дека стариот завет е премногу садистички настроен кон робовите:
Лука 12 47-48
47 А оној слуга, кој ја знаел волјата на својот господар, и не приготвил и не постапил според неговата волја, ќе биде многу биен.
48 А оној, кој не знаел, а направил нешто што заслужува биење, ќе биде малку биен. Од секој - кому му е дадено многу - ќе се бара многу; и кому му е поверено многу, од него ќе се бара повеќе.”
(Ова го кажува Исис лично. Значи немал ништо против на тепање на робовите)
Ефесијани 6
5 Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!
Тимотеј 1-6
1 Робовите, кои се подјармени, да ги сметаат своите господари достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и науката.
2 А оние кои имаат верни господари, да не ги презираат, затоа што се браќа, туку да им служат подобро, зашто оние кои се ползуваат од нивните услуги се верни и возљубени браќа! Така поучувај и проповедај!
_________________________________________
Геноцид и масовно силување друг пат.