Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
Не викам дека немал контакт со вонемјани, но се сомневам во деталите на информациите, кога веќе материјалот што беше издаден од него како доказ беше докажан дека лажен.

Ќе постирам подоцна зошто мислам дека самите тврдења за контакт можно е да му се вистинити.
Те разбирам што сакаш да кажеш. Јас само постирав видео што одговара на темата, не ми беше целта да докажувам нешто или да навлегувам во тоа дали и колку е вистинито или не.
Сепак кај ваквите видеа има доста работи во кои може човек да се сомнева, затоа реков секој сам нека си пресуди.
 
Малце оф топик. Каде можам да ја купам книгата досиејата на ФБИ низ Скопјево?
 
Малце оф топик. Каде можам да ја купам книгата досиејата на ФБИ низ Скопјево?
Више преку...со таа книга. Една книга се преведе и сега сите да ја купат. Не дека е лошо, туку преку глава веќе. (НИШТО ЛИЧНО) Иначе можеш да ја набавиш во Веро Центар. ;) Книгата е супер.:)
 
Више преку...со таа книга. Една книга се преведе и сега сите да ја купат. Не дека е лошо, туку преку глава веќе. (НИШТО ЛИЧНО) Иначе можеш да ја набавиш во Веро Центар. ;) Книгата е супер.:)
Фала друже ќе ја побарам
 

Во краткиот документарец кој во 20 минути ги прикажува сите битни докази, дека Католичката црква е една од најинформираните институции за вонземјаните и дека таа со векови работи на прикривање на нивното постоење
Многу јака емисија фала шо ја постира скоро сите епизоди ги изгледав :D
 
Ако некој може да ја најде книгата "Досиејата на ФБИ" , нека ја прочита книгата е фантастична , многу работи си го наоѓаат своето место во сложувалката , особено за убиството на Кенеди , и како образложува со цврсти докази дека Освалд во животот уствари никогаш не ни пукал со огнено оружје , а камоли да убие претседател на најголемата светска сила. Нема да ви откривам повеќе , најдете и читајте. :)

Книгата е комплетна глупост. Треба да се смести на полиците за најлудите научно фантастични книги.
Постојат толку многу грешки, кои според мене се намерни (иако книгата е пишувана пред 2 децении, авторот можел на многу лесен начин да ги провери информациите) со најверојатна цел, популаризација на книгата.
 
Те разбирам што сакаш да кажеш. Јас само постирав видео што одговара на темата, не ми беше целта да докажувам нешто или да навлегувам во тоа дали и колку е вистинито или не.
Сепак кај ваквите видеа има доста работи во кои може човек да се сомнева, затоа реков секој сам нека си пресуди.

Сега проверив.

Има случај на вонземски контакт од Јужна Африка, во почетокот на 50те години, со група претставници на цивилизација која тврдела дека доаѓа од планета која се наоѓа во Алфа Кентаури системот. Сите собрани описи и карактеристики одговараат на наводните ""Плејаданци" кои Маер и останатите после него тврдеа дека имале контакт со нив (високи, развиени, белци, плава коса, плави очи, итн.). Сега, што ме води до заклучокот, дека Маер можеби навистина дошол во контакт со вонземциве - Човекот со кој контактираат во Јужна Африка, пред да заминат му викаат дека следен човек кој треба да биде контактиран од нивнава цивилизација е човек со една рака кој е од Швајцарија. Сега, колку души знаеме кои имаат една рака, се од Швајцарија, и имале контакт со вонземјани? Само Били Маер :).

Работата е следната - зошто цивилзиацијата дава два различни точки на потекло? Во првиот, постар случај, велат дека се од Алфа Кентаури, во другиот, дека се од соларни системи во јатото ѕвезди наречено Плејади. Поверојатен ми е случајот од Јужна Африка, бидејќи располага со далеку по-прифатливи информации преку материјалот што е произлезен, и горе доле може да се вклопат повеќе работи преку анализирање на податоците. Кај материјалот на Маер тоа е помалку застапено. Всушност, ретко да е било што научно прифатливо од неговиот материјал. Типот не прави разлика од соларни системи, ѕвездени јата, соѕвездија, и галаксии, се му е измешано.

Друга битна работа за увид, е разликата помеѓу Алфа Кентаури и Плејадите. Алфа Кентаури е на 4,3 светлосни години, систем кој е прв соларен сосед на Сонцето. Сите три ѕвезди од системот се од тип кој ако околностите се погодат, можат да бидат домаќини на планети погодни за живеење. Плејадите се јато ѕвезди, релативно млади, екстремно жешки, полни радијација, сини ѕвезди, доста блиску едни до други, но исто така и доста далеку од нас, едно ~450 светлосни години. Со оглед на тоа колку често се појавуваат како контакт низ историјата овие битија кај разни народи во минатото, и доста држави ден денес, сигурно (од логичка, енергетска, и ресурсна гледна точка) доаѓаат од некое место кое е доволно близу нашиот систем, и доволно погодно за живот да можат да се создаде голема популација. Затоа постариот случај, со Алфа Кентаури како точка на потекло, е поверојатна и поприфатлива.

Сега, остануваме на два заклучока - 1) Били Маер имал контакт со некаква си вонземска цивилизација, но доста рано прекинал контактот, од некоја причина, и тие заминуваат на друго место, па Били е оставен сам да си го пополнува материјалот, и сам да произведува докази за валидноста на неговиот контакт (но ете, гадно се заебува во тој поглед); 2) Самата цивилизација од некоја причина му дава грешни, луди и нелогични информации, за на некој начин ако некогаш излезе јавно со приказната, да биде дискредитиран.

И во двата случаи, резултатот може да биде - Били Маер се покажува како ужасно лоша индивидуа, или остава впечаток како таква па - 1) вонземците одлучуваат да му дадат глупости да пишува, или 2) заминуваат, а он сам си пишува и измислува се.

Уште повеќе се заеба со тој P.R. спикерот што му е, што го стави да збори во негово име и да го промовира. Заборавив како му беше името - Мајкл .... нешто. Е он, го досреди.
 
Дојде ред и Стантон Фридман да го постирам овде.
Човекот е жива легенда на уфологијата. Кој не го мрзи нека го изгледа неговото излагање.
Меѓу другото зборува и за добро познатите: кондоновиот извештај, проектот сина книга, инцидентот кај розвел, проектот 12 величевствени (посебно интересно е спомнувањето на д-р Доналд Мензел) и тн. Кого го интересира оваа тема, мислам дека би му се допаднало ова излагање.
 
Еве кој има време нека го погледне ова се зборува за вонземјани, индиго деца доста интересно е
http://www.youtube.com/watch?v=pEow50Lm1vU
речиси 2 часа е али ке поминат како 10 мин :)
 
Ako razmislime logicki.. Kolku galaksii postojat??
Kolku svetovi postojat? Postojat milijardi planeti? Pa Zarem vo site tie planeti, nitu edna ne e slicna na nasava??
Kako logicen sled na sevo ova, jas smetam deka vonzemski zivot postoi, sega drugo e prasanjeto dali tie se pointeligentni i ponapredni od nas.. A za videata sto kruzat po internet, ne znam sto da kazam, navistina nivnata verodostojnost i avtenticnost e diskutabilna, megutoa ako nosime logicni zaklucovi najverojatno vonzemjani postojat!
Pozdrav!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom