@Myers Друже, гледам имаш доста знаење за оваа тематика, па ако си уште активен на форумов би сакал да те прашам за совет и малку помош околу исхранава и бодибилдингот.
Веќе 3 месеци одам не теретана . но онака чисто рекреативно без да следам некој посебен план за исхрана , па од сега одлучив да почнам да применувам строга програма и ќе почнам малку поинтензивно но ми треба помош од поискусен . Ќе постирам нешто што прочитав низ интернетов , пример исхрана во еден ден од неделата , па ете можеш да предложиш што е добро, што плус да додадам, што да отфрлам и слично..
Планирам вежбите од
овој програм да го користам. Доста е интензивен, но исхраната не ми се свига ради големиот број на додатоци во исхраната што се користат. Повеќе би сакал природно, па еве една пример исхрана која планирам да ја користам :
09:00 - 1чинија овес со млеко (200грама)
1 банана
5 јајца (2 цели и 3 белки)
1 чаша сок од портокал
11:00 - 1 јаболко
11:30-13:00 - тренинг + (2 дозерки протеин мешани со вода)
16:00 - пилешки гради (200грама)
зелена салата (200грама)
ориз (200грама)
18:00 - 1 банана
20:00 - 1 туна конзерва со маслиново масло (150грама мислам дека е конзервата)
1 чаша сок од портокал(јаболко)
2 парчиња интегрален леб
22:00-23:00 - 2 дозерки протеин шејк пред спиење помешани со млеко
Плус за додатоци планирам да јадам аронија, матичен млеч, ореви , моркови, гранола коцки и сл. меѓу оброците. Другите денови би менувал , наместо ориз варени компири или тестенини, наместо пилешко риба. Исто, незнам каков протеин да земам, па ако може предлог за добар протеин. Инаку сум 183cm висок и имам 80kg .