Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Никој не рече дека веруваме во тоа. Само ја цитирав докторката.Дека сите потребни аминокиселини ние ги вдишуваме преку воздухот,а нели аминото е составот на протеинот,и дека мускулот кои го добиваат бодибилдерите било благодарение само на нивното вежбање.
Нека оди да им каже на професионалциве да се искачат на Алпите, па таму да си направат теретена, и само да вежбаат ќе качуваат мускулна маса.

Се чудам јас како тие во Африка гладните не се мускулисте...А, да...заборавив не вежбаат! Треба некој да им каже како докторкава.

Од такви доктори, државата ни цвети, оди во болница, малку да ти е покачен притисокот, ќе ти кажат, ааа дечко ти пиеш протеини од некои протеини се покачува, намали малку :facepalm:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Нека оди да им каже на професионалциве да се искачат на Алпите, па таму да си направат теретена, и само да вежбаат ќе качуваат мускулна маса.

Се чудам јас како тие во Африка гладните не се мускулисте...А, да...заборавив не вежбаат! Треба некој да им каже како докторкава.

Од такви доктори, државата ни цвети, оди во болница, малку да ти е покачен притисокот, ќе ти кажат, ааа дечко ти пиеш протеини од некои протеини се покачува, намали малку :facepalm:
Ме потсети на една ситуација, на систематски требаше ехо на абдомен да ми прават и викам ај да прашам "стучно лице" т.е. доктор за употреба на протеин, креатин односно да го "проверам нејзиното знаење" и ми вика:
-Штетни се, може да имаш проблем со бубрези, жолчка итн итн, покачен притисок и што уште не наброја.
Си викам добро и легнувам да ме опипа со апаратот и ми вика:
-Ете дечко ти кажав еве гледаш(покажува на екранот) ова е жолчката а ова тука камче, оп еве уште едно и уште едно и избројавме три камчиња. Почна да врти да гледа убаво и вика:
-Не било тоа камче на жолчка, сепак се работело за каналите на жолчката. :facepalm:

После ова искуство ама баш никаков коментар немам навистина.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Да е здрав и жив интернетот а од нашите доктори ако сакаме да се информираме тешко нас, секоја чест на исклучоци.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Афлатоскинот се инактавира со високопротеинска диета во желудникот, така да ете уште една превентива од бодибилдерството (y)
--- надополнето: 19 февруари 2013 во 17:56 ---
Да е здрав и жив интернетот а од нашите доктори ако сакаме да се информираме тешко нас, секоја чест на исклучоци.
Консултирај се со доктори по спортска медицина или оние кои се заинтересирани со таа проблематика ако сакаш вистински информации. Реално неможе општ матичен доктор или специјалист од област која нема врска со спорт да се занимава со вакви ствари. На не обучуваат да лекуваме конкретни болести, а медицината како наука е прегололема за некој да може да знае се . Сепак се сложувам дека е непрофесионално да даваат совет дека е штетно за нешто за што не знаат, во најмала рака требала да каже да се консултираш со компетентен доктор (што направив и јас пред да почнам да студирам медицина)
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
194
Поени од реакции
101
Дали може некој да ми предложи високо протеински ниско-кардбохидратни "намирници" што можат да се купат во нашиве продавници ?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Дали може некој да ми предложи високо протеински ниско-кардбохидратни "намирници" што можат да се купат во нашиве продавници ?
Месо и риба само.
Не ти препорачувам да имаш малце ЈХ во исхраната, ќе бидеш ко умрен пошо ќе си без енергија.
 
D

dbt

Гостин
Тунешко
Тестирање на примероци риба од продавници и ресторани во САД покажало дека преку половина од она што се продава од туна е нешто друго.

Испитувањата ги правела непрофитна организација земајќи 1,215 мостри риба од продажни места а генетските тестови покажале дека:
- 59 проценти од туната не е туна.
- Суши рестораните далеку повеќе лажираат од продавниците
- Во Чикаго, Остин, Њујорк и Вашингтон, ама баш секој примерок од декларирана туна не бил туна.
89 проценти од она што се продавало како бела туна всушност била рибата есколар (од која се добива една непријатно подмачкувачка нуспојава наречена oily anal leakage.- Единствената риба која се лажира повеќе од туната е снеперот.

Извор

Ај упм и сега што да се јади, кога во Америка ова се случува не сакам ни да помислам каква е ситуациајта кај нас со конзервите туна. И да болдираниот дел е најважен.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.471
Поени од реакции
3.277
Ај упм и сега што да се јади, кога во Америка ова се случува не сакам ни да помислам каква е ситуациајта кај нас со конзервите туна. И да болдираниот дел е најважен.
Го немаш овој проблем кај нас, немај гајле.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Дечки, сте пресметувале калории во чинија грашок/грав? Правам некој список и ќе го постирам тука овие денови, ама за грашок/грав никако неможам да пресметам. Обично има и некое месце фрлено, во грашокот пилешко, а во гравот некои колбасички :)
 
Член од
15 септември 2008
Мислења
29
Поени од реакции
3
За урдата од Идеал Шипка, знае некој колку калории е на 100 грама?
 
Член од
24 март 2011
Мислења
28
Поени од реакции
6
@Myers Друже, гледам имаш доста знаење за оваа тематика, па ако си уште активен на форумов би сакал да те прашам за совет и малку помош околу исхранава и бодибилдингот.

Веќе 3 месеци одам не теретана . но онака чисто рекреативно без да следам некој посебен план за исхрана , па од сега одлучив да почнам да применувам строга програма и ќе почнам малку поинтензивно но ми треба помош од поискусен . Ќе постирам нешто што прочитав низ интернетов , пример исхрана во еден ден од неделата , па ете можеш да предложиш што е добро, што плус да додадам, што да отфрлам и слично..

Планирам вежбите од овој програм да го користам. Доста е интензивен, но исхраната не ми се свига ради големиот број на додатоци во исхраната што се користат. Повеќе би сакал природно, па еве една пример исхрана која планирам да ја користам :

09:00 - 1чинија овес со млеко (200грама)
1 банана
5 јајца (2 цели и 3 белки)
1 чаша сок од портокал

11:00 - 1 јаболко

11:30-13:00 - тренинг + (2 дозерки протеин мешани со вода)

16:00 - пилешки гради (200грама)
зелена салата (200грама)
ориз (200грама)

18:00 - 1 банана

20:00 - 1 туна конзерва со маслиново масло (150грама мислам дека е конзервата)
1 чаша сок од портокал(јаболко)
2 парчиња интегрален леб

22:00-23:00 - 2 дозерки протеин шејк пред спиење помешани со млеко

Плус за додатоци планирам да јадам аронија, матичен млеч, ореви , моркови, гранола коцки и сл. меѓу оброците. Другите денови би менувал , наместо ориз варени компири или тестенини, наместо пилешко риба. Исто, незнам каков протеин да земам, па ако може предлог за добар протеин. Инаку сум 183cm висок и имам 80kg .
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Претпоставувам дека целта ти е да качиш (мускулна) маса?

Исхраната на прв поглед изгледа супер, со мали промени (бананата од 18:00 префрли ја веднаш по тренингот со 2те дози протеин, и сите 5 јајца насабајле јади ги цели) и веќе по 2-3 недели би требало да забележиш промена.

Промената барај ја во огледало, не на вага.

Доколку не качуваш маса, тогаш зголеми го внесот на калории, односно додади уште нешто на сегашната исхрана.

Внесот на вода гледај да биде над 2 литри на ден, и ако си во можност купи си мултивитамини кои се многу битни за секој што се занимава со спорт.
Нив можеш да ги најдеш во најблиската аптека.

За изборот на протеин како додаток, ќе си помогнеш самиот според буџетот со кој располагаш.

Мој предлог е да биде тоа изолат - протеин од сурутка (whey)


Понатака, доколку имаш пречки без проблем можеш во секое време да се обратиш на форумов.
 
П

Пепси_

Гостин
Кога да се пијат тие мултивитамините,имам дома 2 вида,и посебно калциум и магнезиум,ретко ги пијам по 1 на ден.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Кога да се пијат тие мултивитамините,имам дома 2 вида,и посебно калциум и магнезиум,ретко ги пијам по 1 на ден.
Магнезиум пред спиење, калциум врска неам, мулти после јадење пишува на моиве.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom