exlexmk ќе го напишев тоа што напишав и на темата Прашања за атеистите, но ќе ми избегаше мислата и жарот да ви свртам поглед малку да видите што се случува.
Ако немате време како модератори, правејќи пари за јадење и кафе, нека почнат да ја наплаќаат услугата модератор овие од форумов
Се зезам...
Треба да се има подбуцнувања и провокации и што ли уште не и не треба да се има ништо против тоа, но треба да се задржи муабетот во рамките на темата, да не се премине во лични навреди помеѓу неколку членови (ок лична навреда не се смета ако некој вели дека Исус не е бог или пак Мухамед е педофил или Кроули е наркоман или Гурџиев е ерменски забушант и незнајко - што имаме ние со нив како членови?)
Затоа реков да се казнуваат луѓето и да престанат со ЛИЧНИ навреди (ако никот им е нешто лично, нормално) .
Едно е да се провоцира за некое учење или верување, друго е да се провоцира кој каков е и што е како член на форумов.
Да, и јас провоцирам, на разно-разни теми, но лично почнувам да се занимавам со некој ако некој пробал да ме навреди лично... како член на форумов.
Од друга страна, ако некој проповеда овде дека христијанството е „врти образ - има кој да го казни“ или исламот како мирољубива религија (а се навредуваат за сешто), или „просветлените“ овде, таквите проповедници треба да си се држат до законите што ги проповедаат, а не да враќаат на провокации со навреди.
Ако не можат да ги извршуваат тие работи кои ги проповедаат, зошто полемизираат на темите обидувајќи се да оправдаат или да му дадат некакво божествено значење на нештото кое и самите не го прават? Хм? Ова е добро прашање за форумот религија...
Ете, бидна и тука до модераторот
Почнете да казнувате за лични навреди, не за провокации на темите... без провокации ќе ви умре форумот. Ќе нема полемика.
Имај пријатна ноќ и размислете за ова што ви го реков за казнувањето. Не мислев ништо лошо, само ме замори читањето на форумов каде што еден муабет прекинува и се почнуваат бесконечни расправии помеѓу членови, а темата е сосема нешто друго. Не може човек ни да одговори, ќе го качат на крст.