Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Исто како и со Ибрахимовиќ, да останеше во еден клуб цел живот, ќе имаше доста респект иако карактерот му е на ниско ниво.
PS, FORZA SIENA!![]()
Boom Shaka Lakka
Како прво јас за кого дискутирам кој жалам на кој му се смеам твоја работа треба да биде најмалку.
Интер ми е интересен затоа што ме потсеќа на мојот Јувентус од сезоните 2009/2010 и 2010/2011 кога ние ќе се залетавме после победа против Интер или Милан, а всушност во себе поголемиот дел од навивачите на Јуве знаевме дека тоа е краткорочен резултат и дека следното коло ќе го јадеме од Бари и од Лече (противниците од кој загуби Јуве после победите против Интер во 2009 & 2011).
Со тоа што реков дека никаде не го оправдува Пирло потегот на Тоти не цитирав дел од твојот пост туку сакав да кажам дека Пирло не го намалува значењето на стартот врз него и да вели "абе ајде може да помине". Ја слушнав изјавата и воопшто не беше среќен кога одговори на тоа прашање. Чисто од култура рече дека тоа се случува, ама воопшто не беше среќен што тоа му го направи соиграч од репрезентацијата, без разлика дали било намерно или не.
И за крај те замолувам не го прави Тоти светец и не го намалувај значењето на потегот од некни па и на сите такви потези во текот на неговата кариера. Одличен гол постигнал некни па се друго може да се прогледа низ прсти, така? Тебе можеби ти се допаѓаат такви работи, но некому не му се допаѓа да гледа како некој наместо да се радува како секој нормален играч тој да оди да се заебава со голманот оти му го дал пеналот или да го бутне оти му го одбранил жив!
Тоти ниту знае да победува, а ниту да губи. Кога ќе победи се буди тоа арогантното во него, а кога ќе загуби или ќе плаче или ќе крши како ненормален. Не знам дали се сеќаваш кога на Рамелов од Баерн Леверкузен му стапна врз коленото или кога на Недвед го удри со копачката по главата на земја или кога губејќи од Интер 0-1 во финалето 2010 отиде за да му скрши ногата на Балотели. Којзнае на колку работи не се сеќавам во моментот, кој не били против правилата на играта, но сигурно против етиката.На тоа ако си горд или го занемаруваш и го сметаш за небитно да се вбројува во кариерата на играч како Тоти(овде те цитирам затоа што според твоите реченици треба да се занемарат тие потези), тогаш стварно нека ти е на честа и нема што да правам муабет со тебе. Поздрав и се најдобро.




Не заебавај, тоа што навивачите на Фиорентина го мразат Јувентус не ги прави никакви ривали (иако ривал е поим кој се употребува за било кој опонент во било која сфера). Значи поточно е да се каже дека Јуве-Фиорентина не е вечно дерби само затоа што тие чувствуваат омраза кон Јувентус. Еве јас на пример го чувствувам кон Фиорентина истото што го чувствувам кон Пескара, НИШТО. Ни ги мразам, ни ги сакам, ни ги почитувам, ни им посакувам добро, ни им посакувам лошо. Тие за мене се само уште една екипа која ја пополнува лигата.^
И 10-0 да тепавме немаше на никој фан на Јуве да му биде гајле ако му ја скршеше ногата на Пирло,да му пуштиш на некој крв треба асално крвнички да го заринкаш со крампони.И дај не си кревајте акции,не болел еден пораз после серија понижувања што ви ги приредивме.Галје ни е на нас Јувенташите дали сме изгубиле од вас или од Пескара кога ни од далеку не имаме ривалство со вас како што имаме со Виола,Интер,Торино и Милан.
А исто така и Конте сељакот не испушти шанса да го искритикува Тоти, ама тука се гледа културата, Пирло остана смирен и кажал дека се е во ред и дека такви работи се случуваат на фудбалски натпреки натпревари, ама ете Конте знае најдобро, лигле !! -Еве што пиша ти: "Што ли нема да слушнеш. Јас многу подобро прочитав што рече Пирло. Тој нагласи дека му се извинил Тоти и дека се случуваат на теренот такви работи, а никаде не рече дека е оправдано. "
Ти многу подобро си прочитал од мене, добро тогаш каде јас згрешив во читањето и дали лошо го протолкував тоа ?
А значењето на потегот на Пирло вие го зголемувате бидејќи изгубивте и тоа што Тоти ви го збрца, да победевте 90% од сите тука што се немаше да го споеменете потегот, јас не го намалувам значењето, туку го кажувам реално како е, а како што кажав и вие немаше да му обрнете внимание доколку тепавте .. и доколку стартот на Тоти го споредуваш со оние врз Балотели и Рамелов, тогаш стварно не си реален, го ставаш во исти кош бидејќи се работи за твој играч, да се случеше на играч од друга екипа никој немаше да го прокоментира тоа !!!
И немој молим те да ми кажуваш како Тоти не знаел да победува, каде си приметил тоа дека тогаш се буди арогантното во него ? Доколку ова така го мислиш тогаш ти имаш проблем со толкување на играчот ... и кажи ми само кога се случило тоа да го заебава голманот кога му дал гол, за ова стварно прв пат слушам, кажи кога ? ?
А за тоа дека не знае да губи, тука си во право, јбг, тој се осеќа моќен, но соиграчите поркај него во цела кариера никогаш не се биле на негово ниво(освен 2000/01год.) .. затоа е често фурстриран, не сака да помисли дека неговиот тим е слаб, дека неговите колеги не се толку јаки како него и дека е нормално да изгубиш од посилен противник, тоа го фурстрира вајда .. и фала богу ниту еден негов лош потег во кариерата не го оправдувам
И за крај, еве ти, сега напиша пост со голема доза на провокација, ама јас ти вратив пристојно, додека претходно кога јас го пишав постот со доза на провокација, ти ме понижи мене кога пиша: "Што ли нема да слушнеш", а нов си и не ме знаеш .. ма да тоа си е твое, барем за брзо време како што си на форумот докажа дека не си толку пристоен како што изгледаш .. ајде се најдобро и тебе.
му брани пенал кој Тоти сакаше да го изведе како Паненка (да ја поткопи топката од доле). Откако му го одбрани Тоти наместо да му подаде рака што го процени, тој го турна.
.ЈасНекој за кладба за во недела?![]()

Аватар на една недела бива?

.. тоа што го кажав за Тоти, не е како оправдување, само причина зошто е таков Тоти, но повторно не го оправдувам, јбг таква судбина си одбрал и самиот требало да биде свесен дека во тој тим нема секогаш да победува ..