Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
69220_556214981075629_1621081619_n.png


:vozbud:
 
RocknRolaa ^ Веќе ја имам спуштено поодамна ама ми стои во компјутер, се некако одлагам да ја гледам оваа трилогија (не ми беше на листа за гледање) ама сега дефинитивно ќе ја изгледам (y)

Чим така спуштај ја трилогијата LOTR. Ако Хобитот ти се допаднал, тогаш оваа трилогија ќе те нокаутира. :)

Нека почека дур искочат и другите два дела од Хобит, зошто се ќе му се измеша у п.м. во хронолошка смисла ако ја гледа сега првата трилогија, и тек после другите два филма. Чим чекал до сега може да почека уште малку.
 
Нека почека дур искочат и другите два дела од Хобит, зошто се ќе му се измеша у п.м. во хронолошка смисла ако ја гледа сега првата трилогија, и тек после другите два филма. Чим чекал до сега може да почека уште малку.

Работава нека почека уште две години за да ги гледа ЛОТР.:) Ништо нема да му се измеша. Приказната е пред и потоа, многу е едноставно.
 
Туку ќе заборавев. Го гледав The Fall од 2006 година. Многу убаво филмче, особено главниот актер ме импресионира. По некој коинциденција филмот го гледав дента кога отидов да го гледам Хобитот, кога го гледам и него во филмот. Некако ми се промакнал од останативе, а навистина добар актер е.

Леле јас овој му го препорачав на Psyside пред година, може и повеќе. Ми вети дека ќе го гледа, ама слабо изгледа...
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 08:08 ---
Jennifer Lawrence ми станува омилена актерка :icon_lol: , додека за Bradley Cooper и Robert De Niro веќе се докажано добри актери.
Па и јас да ги земам овие актери ќе направам ВРВ ФИЛМ :)
Кажи му го тоа на режисерот на Movie 43.
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 08:33 ---
The Game (1997) драма-трилер-мистерија режирана од Дејвид Финчер смислена до најмал детал. Мајкл Даглаг е во главна улога на Николас ван Ортон, богат инвеститор-банкар кој живее во самотија и депресија потсетувајќи се на сликата од самоубиството на својот татко. За својот роденден добива чуден поклон од својот брат(Шон Пен), услуга од компанија која подготвува игри за своите клиенти засновани на случките од минатото. Поклонот е со цел да се размрда здодевниот, богаташки и рутински живот во кој тоне Николас.

Дечко имаме wikipedia за да ги прочитаме овие ствари. Дај напиши како тебе ти се допаднал филмов. За Престиж рецензијата ти ја читам и врска немам дали си бил воодушевен или разочаран.
 
Друг пат "обични смртници" нема да слушам. Наместо човечки да речат ок филм е , солиден така/така, ја добивам
"Гледај го OMG OMG многу е јак, вистинска прича... леле мораш да го глеаш па ќе видиш"
#flight

Ауууууууу сеа ми текна колку ќе ме флејма псај овој шо го глеав а не Alien
 
Некое квалитетно филмче со Клинт Иствуд или Џон Вејн или поточно препорачајте ми некои вестерн филмови кои што би требало да ми се гледани, а не ми се? :)
 
Некое квалитетно филмче со Клинт Иствуд или Џон Вејн или поточно препорачајте ми некои вестерн филмови кои што би требало да ми се гледани, а не ми се? :)

The Good, the Bad and the Ugly
High Plains Drifter
Hang 'Em High

Овие гледај ги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom