Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Еве на нашки.

Според Фокс, ќе се снима нов Hitman. Улогата нема да ја повтори Тимоти Олифант(мање битно), и во овој филм ќе се појави Пол Вокер. Овојпат, ќе се работи за Агентот 57, а не 47. Снимање од Јуни.
Баш ме занима што ќе бидне од ова, дали ќе се почне со снимање и што ќе биде финалниот производ.
Фан сум голем на играта и ги имам сите изиграно и „свртено“. Ме интересира, зошто направат кастинг на David Bateson, актерот кој го сихронизира Mr. 47 во играта. На лик е најблиску до оној во играта. И зошто би праеле „нов“ убиец.

david_bateson.jpg
 
Затоа се сеќавам на порно пародијата Пирати, е тоа беше едно пеколно добро сценарио :D.
Уф, многу јако се отворија Џеси Џејн и Беладона :X3:
 
Јас мислам дека секоа мислење на Сусаро во Филм и ТВ може комотно да се игнорира.
We hate you(n)

Не одете оф топик. Оставете го тоа веќе настрана. Дајте да се фокусираме на фини нешта.

Оскари се ближат тигрови мои морски. :)
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 23:50 ---
Туку ќе заборавев. Го гледав The Fall од 2006 година. Многу убаво филмче, особено главниот актер ме импресионира. По некој коинциденција филмот го гледав дента кога отидов да го гледам Хобитот, кога го гледам и него во филмот. Некако ми се промакнал од останативе, а навистина добар актер е.
 
Послатко нешто од малецкото девојче од The Fall немам видено. Други луѓе па што сум ги прашувал не можеле да ја поднесат и како демек филмот им го расипала.
 
Послатко нешто од малецкото девојче од The Fall немам видено. Други луѓе па што сум ги прашувал не можеле да ја поднесат и како демек филмот им го расипала.

Јас се слагам со тебе. Детето такви емоции умее да пренесе, па и едни очи што ги има, се распекмезив и јас кога плачеше.:icon_lol:
 
Можеш, дејството на Хобитот е пред LOTR, нема да ти промени ништо.
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 15:41 ---
Мислам можеби некои ликови нема да знаеш кои се бидејќи не е потрошено време за нивно претставување, се подразбира дека сите веќе знаат, но сепак мислам дека не менува ништо посебно.
Благодарам за одговорот (y)
Веќе го изгледав Хобитот и позитивно сум изненаден, филмот е екстра (не за џабе и птиците говорат дека е добар) да не ти се верува дека поминале 170 минути а да не те фатило досада. Искрено не сакам филмови од овој тип на авантура/фантазија ама за овој немам зборови :) .
 
Чим така спуштај ја трилогијата LOTR. Ако Хобитот ти се допаднал, тогаш оваа трилогија ќе те нокаутира. :)
 
Не одете оф топик. Оставете го тоа веќе настрана. Дајте да се фокусираме на фини нешта.

Оскари се ближат тигрови мои морски. :)
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 23:50 ---
Туку ќе заборавев. Го гледав The Fall од 2006 година. Многу убаво филмче, особено главниот актер ме импресионира. По некој коинциденција филмот го гледав дента кога отидов да го гледам Хобитот, кога го гледам и него во филмот. Некако ми се промакнал од останативе, а навистина добар актер е.

Filmot me potseka na Mara, top10 mu bese..

Inaku najgolem! protest od mene za hitman filmot.
 
Јас се слагам со тебе. Детето такви емоции умее да пренесе, па и едни очи што ги има, се распекмезив и јас кога плачеше.:icon_lol:
Колку што се сеќавам затоа и режисеров го одбрал девојчето. Невино детуле со невин поглед кон светот со кое гледачот треба да се поистовети и да добие желба да го заштити. A кога ги мешаше зборовите најсмешна ми беше. Инаку визуелно најимпресивен филм што го имам гледано.

е, ви препорачувам да идете на пајрат беј, да пишете graham norton и да ја симнете s12e16
гости се марк волберг, сара силверман и мајкл фасбендер
се дешаваат ствари
некој има пиено алкохол.
 
Јас се слагам со тебе. Детето такви емоции умее да пренесе, па и едни очи што ги има, се распекмезив и јас кога плачеше.:icon_lol:
Девојчето е посебен квалитет на The Fall и ептен ми остави впечаток. Финтата со неа е што мислела дека Рој е навистина болен и неподвижен. Режисерот намерно се решил на ваква манипулација со цел сцените да бидат пореални. Всушност, детската глума најчесто се должи на манипулација на режисерот и/ или родителите позади камерите, а помалку на некаков свесен процес или читање меѓу редови. Не дека тоа е лесно. Од таа причина е глупо да номинираш 6-годишно девојче за Оскар.
 
RocknRolaa ^ Веќе ја имам спуштено поодамна ама ми стои во компјутер, се некако одлагам да ја гледам оваа трилогија (не ми беше на листа за гледање) ама сега дефинитивно ќе ја изгледам (y)

Ќе видиш кога ќе ни дојдеш тука со импресии. Таман фати си ја викендашки. Петок, сабота, недела и си ја гледал најдобрата трилогија на сите времиња. :)
 
Ќе видиш кога ќе ни дојдеш тука со импресии. Таман фати си ја викендашки. Петок, сабота, недела и си ја гледал најдобрата трилогија на сите времиња. :)
Back to the Future е најдобра трилогија на сите времиња

#хипстери-су-меџу-нама
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom