Прилеп и Мариово

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Дајте бе легнетеси, касно вие. Демек Прилеп на град личеше за време на Пиргано.
Не туку рипај одма со клише споредби од типот „претходните бетер беа, овие прават нешто“.
Мозокот им е на овие колку на еден клукајдрвец. Се трудат нешто да направат, а ем не знаат како, ем се’ прават фушарски и крпено. Си видел ко ќе асфалтираат некоја уличка на шо личи тоа? Туриле 1cm слој асфалт, ни подлога ставено, ни рабници ко што треба, ни тротоар саламен, шахтите никаде не се нивелирани па исто ко дупки да има... Сообраќајот е тотален хаос во градот. Ништо не функционира по правило и по пропис. Градот наликува на некое градче од дивиот запад кај што локални шерифи владеат.
Па ќе правеле пирамида... која корист ќе ја има Прилеп од таа пирамида? Ѕвезди ќе гледаме во тој планетариумот, да му се мочам во планетариумот. Не знаат една улица и тротоар да направат како што треба, шахој и пирамиди ќе прават...
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Не сум многу запознаен со политиката нивна каква е за инвестиции во Прилеп ама знам дека купуваа доста индустриска зона накај Лагово и Алинци, почнаат да градат нешто ама ете запре.Како што реков и претходно не може да отвори Марјан маркет, затоа што и тогаш ќе му се најде мана, а најгласни ќе биде се разбира конкуренцијата.Знам дека само таква работа има ама што да правиш тоа е тоа, јас излезов за некој временски период го гледам како надвор од државава или евентуално да почнеш мал бизнис доколку имаш финансиска моќ.
Јас сум благодарен за тоа што сторија за Прилеп, подобро нешто отколку ништо. ;)
да ама тоа нешто(плоштади и споменици) мнозинсвото млади овде во Прилеп не не интересира....
дали мислиш мене ми е до 2 споменици за карпалак,или фонтана за тоше?.. не, ама ич не ме интересира, а веројатно како тебе и јас ќе си заминам од пустелијава дали Скопје дали надвор небитно
алинци ги купија нивите ги заградија и ги оставија.... инвеститори сами ќе си дојдат че си наместат и инфрастуртура тие...
па Чебрен и Галиште 20 години ги прават,
знам дека не е се до нашиот градоначалник дека и до владата е.
ама од друга страна кога че видиш дека иста партија се Грујо и Маријан тогаш или Грујо не му е интересен Прилеп, или Маријан не знаи да преговара со Грујо..
па сите 3 - 4 компании кои дојдоа во Македонија го избегаваат Прилеп. една во Битола, една во Кавадарци (за ~5000 вработени), една во Штип и една во Скопје..... и после како да бидам задоволен од Маријан?
 
2

~2A

Гостин
Види вака и ти си во право, грев е да одречам нешто од ова затоа што и јас живеам во овој град и тоа е вистината, се нема работа, тешко е да најдиш работа се е приватизирано, а во државнава администрација сето старци "залегнати на брашното" и не оставаат на младинава да поработи.
Ама од друга страна па најлесно е да се бара во јајцето влакно односно само да се критикува. ;)
Оставете малце простор можеби ќе се оправи затоа што само тоа ни остана.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Партерно ќе се уредува просторот околу Градскиот часовник

И ова го читам, убаво што ќе го средат и тоа. Требаше да се дотера тој простор и саатот, ама пак нешто мора да се усери работата. Никако не можам да сфатам што имаат толку запнато со сечење на дрвава, како упорно да им сметаат. Ги исекоа на плоштад тие големите, кај полукружните клупи што беа, сега и кај саатот ќе ги испосечат, а најверојатно следни се оние дрва на булеварон од макпетрол до солидност (кога ќе се проширува таа улица).
Ама до некаде и ги сфаќам. Дојдени од село, не се израснати со тие дрва, немаат спомени од тие дрва, ништо не ги поврзува со нив. А богме и толкава им е културата. Во цивилизираните држави се борат за секое едно дрво да остани, а кај нас ги боли ташак. Кај невидена голотија е цела прилепска околија, карпи и само карпи... па и градот се трудат да го досоголат уште толку. Ваљда да ги потсеќа на селото од кое дошле.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
ФОТО: Прилепчанец со транспарент и искажа љубов на девојката

14 Февруари 2013


Анонимен но сепак храбар прилепчанец, денеска на денот на вљубените преку транспарент и изразил љубов на својата девојка на кој пишува „Те сакам, Марија“.
Фотографијата е направена на улицата Ладо Лапецот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.541
Поени од реакции
14.674
разбрав градска порта ќе се градело ???
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.266
Поени од реакции
3.622
Исправете ме ако грешам за редоследот или ако прескокнам нешто...
авенија
кино
транвај/шинобус
стадион
пирамида
“елитен“ трговски

арно ама избориве за месец дена, “шо че биди че видиме“ или по финтата го гледаш онај мостон, кој мост, е па го нема ама требаше да го има...
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.541
Поени од реакции
14.674
реално 50 % од овие проекти да се остварат ќе биде добро.
али сепак можам да пофалам до локална дека направија прилично добра работа досега,
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.596
Поени од реакции
13.281
Исправете ме ако грешам за редоследот или ако прескокнам нешто...
авенија
кино
транвај/шинобус
стадион
пирамида
“елитен“ трговски

арно ама избориве за месец дена, “шо че биди че видиме“ или по финтата го гледаш онај мостон, кој мост, е па го нема ама требаше да го има...
Tрговскиот е веќе почнат, ако зборуваме за истиот. (кај пазарот) :) Киното и стадионот се 100% за правење, башка кружни кај Поштата и Табана, со што 100% ќе биде решен проблемот со сообраќајот, додека паркингот веќе е решен. За трамвајот сум скептик, но најбитно од се, индустриски зони. Добро се покажаа за Прилеп...
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Tрговскиот е веќе почнат, ако зборуваме за истиот. (кај пазарот) :) Киното и стадионот се 100% за правење, башка кружни кај Поштата и Табана, со што 100% ќе биде решен проблемот со сообраќајот, додека паркингот веќе е решен. За трамвајот сум скептик, но најбитно од се, индустриски зони. Добро се покажаа за Прилеп...
чекај, ти Прилеп живееш??
имаш појдено Алинци да ја видиш тн „индустриска зона“ ? па само ги заградија нивите и го нарекоја индустриска зона...


еве кажими дали се има отворено нова фабрика или компанија во ПП? освен грцине со текстилните компании.
Прилеп никогаш немаше проблем со сообраќајот. Трите кружни тека беа непотребни... за киното нема да биде изграден нов објект туку ќе се искористи некое место што ќе биди откупено или под кирија, а ќе се инвестира само во опрема... А стадионот нема да биди изграден онака како што беше илустрирано. Како ќе го решат проблемот со куќите до стадионот? ќе ги туркаат? хах
8 години неможат да го решат проблемот со водоснабдување. Па минатово лето секој трет ден снемуваше вода во попладневни часови.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.824
Колку добра тема за супер гратчево во кое живееме, а внатре темата преполна со посрана политика. :гомце:
Супер гратче оти е мадафакерско уште од дамнешни времиња. Тие зеле ја здрвиле кој шо праел како праел
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Колку добра тема за супер гратчево во кое живееме, а внатре темата преполна со посрана политика. :гомце:
Супер гратче оти е мадафакерско уште од дамнешни времиња. Тие зеле ја здрвиле кој шо праел како праел
Ај да си правиме муабет искрено и без нервози... непристрасно гледано, што е СУПЕР во Прилеп?! Освен можда филингот дека е роден град па најубаво си се чувствуваш меѓу своите. Реално гледано, градот е тиња... тоне во мизерија се’ повеќе и нема со генерации да исплива од мизеријата, бидејќи се’ што е попаметно и поамбициозно е избегано надвор или се труди на секој начин да избега од градот. Остануваат тие што се просечни и потпросечни (’рзаците) или пак тие што немаат амбиција и се плашат да се одвојат од средината, се плашат од пријателите да се одвојат, од мама и тато... Ама ако (ко во песнана :) ) треба и такви да има, иначе човек не ќе остани во градот.
Ако зборуваме искрено, квалитетот на живот во Прилеп е мизерен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom