Прилеп и Мариово

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.735
Поени од реакции
981
Неофицијално разбрав стадионот е веќе земен под општина затоа и проектот е нацртан тука, а гледачи некаде би требало да има 16-17000, затоа и исчистија кај Брза Помош и ги сечат дрвата кај скалите брич е направено местото, се направи некој со дрва зимава :icon_lol:.
Хе хе , богами ќе се топли некој зимава со тие неколку дрвја шо беа зад едниот гол . Иначе одлична вест е ова што го велиш дека општината го зела стадионот , а за делот кај Брзата помош , одамна имаше муабет дека на тој дел треба да се направи помошно игралиште за тренинг .
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Хе хе , богами ќе се топли некој зимава со тие неколку дрвја шо беа зад едниот гол . Иначе одлична вест е ова што го велиш дека општината го зела стадионот , а за делот кај Брзата помош , одамна имаше муабет дека на тој дел треба да се направи помошно игралиште за тренинг .
Трибина ќе биде, нема помошно игралиште.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
ОБНОВЕНО: Трескавец. е во пламен!

Од 10без10
04 Февруари 2013

Од сеуште непознати причини избил пожар во некоја од собите на манастирот Успение на Пресвета Богородица - Трескавец.
Манастирот е во пламен!
Материјалната штета е голема. Противпожарните екипи се упатуваат кон манастирот да помогнат во гаснењето на пожарот и спасувањето на едно од најсветите места во Македонија.
Неофицијално дознаваме дека пламените јазици целосно го опфатиле манастирот Успение на Пресвета Богородица - Трескавец, загрозена е и манастирската црква, која моментално е приоритет за спасување на противпожарните екипи и доброволците.
Конаците од манастирскиот комплекс најверојатно нема да биде возможно да се спасат од пламените јазици.
Манастирот потекнува од 13 век, и е оддалечен 13 километри од Прилеп и сместен на непристапен терен, што само ја отежнува интервенцијата на пожарникарите.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Кој баксуз го имаме со пожариве. Прво бигорски, па сега и Трескавец... двата непроценливо вредни. Па и поштата...
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.677
Кој баксуз го имаме со пожариве. Прво бигорски, па сега и Трескавец... двата непроценливо вредни. Па и поштата...
и копанки не заборавај, дури на човек ќе му дојде на ум дека некој намерно ги пали
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
:place: се надевам дека ке му изграда подобар конак , уште поубав
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Колку и да е лошо тоа што се случи со Трескавец (два пати сум бил таму, пешки, од Прилеп, низ оној ланец камени ридови што започнуваат со Маркукуле, и во двата наврати за празникот во август), прекрасно е што прилепчани активно и во немал број се вклучиле во расчистувањето.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Прилеп со идеја за стаклена пирамида на плоштадот Александрија

Локалната самоуправа од Прилеп најавува дека ќе гради стаклена пирамида со висина од 12 метри на плоштадот Александрија. Димензиите на основата ќе бидат 10 х 10 метри, додека вкупната корисна површина на внатрешноста ќе биде 200 метри квадратни. Стаклената пирамида со футуристички дизајн е замислена како челична конструкција со комбинација на стакло. До објектот ќе се пристапува со скали и пристапна рампа од страната на булеварот „Гоце Делчев“.





Модерното здание ќе се користи за повеќе намени, првенствено од културно – уметнички карактер. Во него ќе биде сместена кино сала за 3D проекции и планетариум, а просториите ќе се употребуваат и за литературни средби, поетско – драмски читања и книжевни промоции. Објектот ќе служи и за регистрација на идните брачни парови.





Стаклената пирамида е планирано да се гради во втората половина од 2013 година. Финансиската конструкција на проектот изнесува 1,5 милиони евра, кои ќе се обезбедат од буџетот на општината и од приватни компании преку примена на моделот на јавно – приватно партнерство.


 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.531
Поени од реакции
2.402
чиста глупост на врмровците од прилеп... неможи маријан нешто да среди како човек и сеа ќе го лажи народот со споменици за карпалак и вакви пирамиди....
една инсустриска зона неможат да средат со пастирот негов.. ги купија нивите во Алинци и ги заградија.. толку ете индустриска зона во Прилеп, за да не плачат мајмуните како не се вложувало во Прилеп..

Прилеп од еден од најразвиените градови стана пуст град.. па Кавадарци е попросперитетен од Прилеп..
Секако го менуваат Маријан годинава .... само го унакази Прилеп..
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
фино, ама шо прајме со дупкине по улицине,м? една здрава улица веќе нема.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
фино, ама шо прајме со дупкине по улицине,м? една здрава улица веќе нема.
А кружноно кај поштата си го видел какво е? Ко дете од забавиште да го смислило. Тотална непрофесионалност... поголеми кретени, мрсули и лигушковци од овие во општина никогаш немало до сега. Неспособни се мрсулите да си ги избришат, а не па да направат нешто корисно и неопходно.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Демек


Абе едно нешто оригинално да се изградеше, секоја една градба е копија :sick:.
Па и местоположбата :гомце:. Уште ова нешто фалеше на плоштадот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom