Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Јас се слагам со тебе. Детето такви емоции умее да пренесе, па и едни очи што ги има, се распекмезив и јас кога плачеше.:icon_lol:
Колку што се сеќавам затоа и режисеров го одбрал девојчето. Невино детуле со невин поглед кон светот со кое гледачот треба да се поистовети и да добие желба да го заштити. A кога ги мешаше зборовите најсмешна ми беше. Инаку визуелно најимпресивен филм што го имам гледано.

 
е, ви препорачувам да идете на пајрат беј, да пишете graham norton и да ја симнете s12e16
гости се марк волберг, сара силверман и мајкл фасбендер
се дешаваат ствари
некој има пиено алкохол.
 
Јас се слагам со тебе. Детето такви емоции умее да пренесе, па и едни очи што ги има, се распекмезив и јас кога плачеше.:icon_lol:
Девојчето е посебен квалитет на The Fall и ептен ми остави впечаток. Финтата со неа е што мислела дека Рој е навистина болен и неподвижен. Режисерот намерно се решил на ваква манипулација со цел сцените да бидат пореални. Всушност, детската глума најчесто се должи на манипулација на режисерот и/ или родителите позади камерите, а помалку на некаков свесен процес или читање меѓу редови. Не дека тоа е лесно. Од таа причина е глупо да номинираш 6-годишно девојче за Оскар.
 
Ќе видиш кога ќе ни дојдеш тука со импресии. Таман фати си ја викендашки. Петок, сабота, недела и си ја гледал најдобрата трилогија на сите времиња. :)
Back to the Future е најдобра трилогија на сите времиња

#хипстери-су-меџу-нама
 
69220_556214981075629_1621081619_n.png


:vozbud:
 
RocknRolaa ^ Веќе ја имам спуштено поодамна ама ми стои во компјутер, се некако одлагам да ја гледам оваа трилогија (не ми беше на листа за гледање) ама сега дефинитивно ќе ја изгледам (y)

Чим така спуштај ја трилогијата LOTR. Ако Хобитот ти се допаднал, тогаш оваа трилогија ќе те нокаутира. :)

Нека почека дур искочат и другите два дела од Хобит, зошто се ќе му се измеша у п.м. во хронолошка смисла ако ја гледа сега првата трилогија, и тек после другите два филма. Чим чекал до сега може да почека уште малку.
 
Нека почека дур искочат и другите два дела од Хобит, зошто се ќе му се измеша у п.м. во хронолошка смисла ако ја гледа сега првата трилогија, и тек после другите два филма. Чим чекал до сега може да почека уште малку.

Работава нека почека уште две години за да ги гледа ЛОТР.:) Ништо нема да му се измеша. Приказната е пред и потоа, многу е едноставно.
 
Туку ќе заборавев. Го гледав The Fall од 2006 година. Многу убаво филмче, особено главниот актер ме импресионира. По некој коинциденција филмот го гледав дента кога отидов да го гледам Хобитот, кога го гледам и него во филмот. Некако ми се промакнал од останативе, а навистина добар актер е.

Леле јас овој му го препорачав на Psyside пред година, може и повеќе. Ми вети дека ќе го гледа, ама слабо изгледа...
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 08:08 ---
Jennifer Lawrence ми станува омилена актерка :icon_lol: , додека за Bradley Cooper и Robert De Niro веќе се докажано добри актери.
Па и јас да ги земам овие актери ќе направам ВРВ ФИЛМ :)
Кажи му го тоа на режисерот на Movie 43.
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 08:33 ---
The Game (1997) драма-трилер-мистерија режирана од Дејвид Финчер смислена до најмал детал. Мајкл Даглаг е во главна улога на Николас ван Ортон, богат инвеститор-банкар кој живее во самотија и депресија потсетувајќи се на сликата од самоубиството на својот татко. За својот роденден добива чуден поклон од својот брат(Шон Пен), услуга од компанија која подготвува игри за своите клиенти засновани на случките од минатото. Поклонот е со цел да се размрда здодевниот, богаташки и рутински живот во кој тоне Николас.

Дечко имаме wikipedia за да ги прочитаме овие ствари. Дај напиши како тебе ти се допаднал филмов. За Престиж рецензијата ти ја читам и врска немам дали си бил воодушевен или разочаран.
 
Друг пат "обични смртници" нема да слушам. Наместо човечки да речат ок филм е , солиден така/така, ја добивам
"Гледај го OMG OMG многу е јак, вистинска прича... леле мораш да го глеаш па ќе видиш"
#flight

Ауууууууу сеа ми текна колку ќе ме флејма псај овој шо го глеав а не Alien
 
Некое квалитетно филмче со Клинт Иствуд или Џон Вејн или поточно препорачајте ми некои вестерн филмови кои што би требало да ми се гледани, а не ми се? :)
 
Некое квалитетно филмче со Клинт Иствуд или Џон Вејн или поточно препорачајте ми некои вестерн филмови кои што би требало да ми се гледани, а не ми се? :)

The Good, the Bad and the Ugly
High Plains Drifter
Hang 'Em High

Овие гледај ги.
 
Некое квалитетно филмче со Клинт Иствуд или Џон Вејн или поточно препорачајте ми некои вестерн филмови кои што би требало да ми се гледани, а не ми се? :)
не знам дали вреди како вестерн, ама на сите им го давам кога бараат таков :D

http://www.imdb.com/title/tt0381849/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom