Дечки и девојки, само да ве информирам дека не сум повеќе модератор. Го направив тоа вчера додуша ама не знам дали ми го избришаа постот или пак го лупнав во погрешна тема. Како и да е, имајте го ова како информација од практични причини.
Сакам да ви кажам дека ми беше огромно задоволство да го модерирам овој подфорум и среќен сум што виртуелно се дружев со така фини луѓе како повеќето овде. Имаше и што да помогнам на нови членови и што да научам од членови кои навистина имаат убави познавања и вкус за филмска уметност. Беше интересно, поучно, но пред се забавно. Се надевам дека така и ќе остане.
Ми беше привилегија и задоволство да модерирам со
џимеј, со кого си имавме одлично разбирање и работевме со голем ентузијазам. Го реорганизиравме форумов во оваа форма во која е денес (постарите членови памтат како беше порано), го направивме прегледен за да може секој да најде што бара и отворивме теми како оваа во која има максимална слобода на пишување, по што се воведе ред во темите за рецензии кои не личеа на ништо. Подоцна ни се придружи
Rocknrolaa која брзо се вклопи и стана модератор за пример. На двајцата им посакувам да си работат со уживање и уште долго да модерираат.
Исто сакам да им се заблагодарам на супермодераторките
Џену и
Crazy in Love кои секогаш беа тука да помогнат и да не заменат.
Како и во секој Оскаровски говор ако продолжам да набројувам ќе заборавам некого и ќе ми се налути. Ве сакам скоро сите
Се читаме!