Прво, многу држави во светот немаат сопствена армија, или имат паравоени единици(како тука) или имаат договори за заштита со други држави (Пример, Андора, со Шпанија и Франција). Второ, ситуацијата на Косово е деликатна. Теренот на Косово не е наменет за тенковски позиции, единствено ако се навлезе преку воздушен пат шансите за окупација/напад (како сакате наречете) се големи. Србија која е нивен најголем противник има авиони од типот МиГ-29 (ми се чини) и ред други професионалности што треба да ги има секоја Армија. Србија негува добри односи со Русија. Македонија и Албанија не претставуваат никаква опасност како и Црна Гора која во тој дел (градот Рожаје) е албанскојазичен и муслимански град. Србија со вакви премиери како Дачиќ и останатите што ќе дојдат се далеку од присвојување на Косово. Косово е веќе завршена приказна за Србија, плус Србија неверувам дека би влегувала во конфликт на Косово. Во Косово има многу мал број на Српско население, ги има само во Косовска митровица, и не целиот град туку само северниот дел на градот и уште некој помали места, така да помошта од теренот за Србите е минимална, додека еве во Крим, максимална е подршката кон војската...А тоа многу значи за една војска.Алудирам на тоа секоја држава во светот да има своја професионална војска.Исто така да не заборавиме дека Косовското население во големи мери е екстремистичко и сепаратистичко, тоа значи дека резервите се преку 200-300 илјади.Србија не би влегувала во конфликт во ваква ситуација, а плус Косово е во закрила на НАТО.