Џои, точно ќе има нови модели, ама прашање на време е кога ќе се појават реално на пазар, а камоли кај нас (иако во последно време релативно брзо ги носат).
Пример може да биде Xperia Z, кој беше прикажан на CES2013, а сеуште нема трага од пуштање во продажба со конкретен датум. Самсунг нема сега да го прикаже следниот Галакси, најверојатно тоа ќе биде некој засебен настан. Можно е HTC да излезе со нов модел, но сепак ќе поминат неколку месеци додека е пуште во продажба. Google, нема да најави нов телефон сигурно сега, евентуално X Phone во соработка со Моторола, и тоа на Google I/O во мај/јуни.
Мислам дека Нексус 4 и те како е солиден телефон во моментот, само два месеци е на продажба (од кои месец и пол немаше залихи).