Nexus 4 & Nexus 10

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Екран (осакатени бои-избледен, фрка кај одредени модели со тачот), квалитетот на звукот, проблемот со камерата е ист како кај ајфон 5 а да заборавив камерата му е мизерија невидена, тротл невиден ;) баг со меморија на 16гб моделите ;)
Амн бе, многу време ти требаше да ги собереш 'баговиве'.
Глупости. Ако се суди по исклучоци тогаш ајфон 5 е исчукан телефон уште не изваден од кутијата со мапи опасни по живот кои државите ги забрануваат.
 

T81

The Chosen One
Член од
15 ноември 2009
Мислења
229
Поени од реакции
6
ова е чиста глупост гугл неможе да даде македонска поддршка на плеј, на крај на краиштата има други производители кои имаат продавници кај нас па дури и епл стор
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Екран (осакатени бои-избледен, фрка кај одредени модели со тачот), квалитетот на звукот, проблемот со камерата е ист како кај ајфон 5 а да заборавив камерата му е мизерија невидена, тротл невиден ;) баг со меморија на 16гб моделите ;)
Скоро месец веќе го имам 4ката и можам да кажам дека досега не сум сретнал ниту еден од проблемите кои што ги имаш наведено.
Камерата му е просечна, можела да биде и подобра, ама за телефон од 350 евра тоа и не ми предизвикува некој проблем.
Единствено батеријата можеше да биде малку подобра. :)
 
Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Ajде дојде nexus 4 во ВИП по цена од 28990денари.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Па блиску до 299$ :pos:
И што е толку смешно кога се знае пред 4 месеци дека 300 (8GB) долари е само во Америка. Со достава околу 330 излегува. Во околината се продава околу 550 евра, и од тој аспект, цената е фер за „флегшип“ телефон.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
И што е толку смешно кога се знае пред 4 месеци дека 300 (8GB) долари е само во Америка. Со достава околу 330 излегува. Во околината се продава околу 550 евра, и од тој аспект, цената е фер за „флегшип“ телефон.
Во околината се продава по 500 евра и тоа без пост-пејд договор, еве во Бугарија го има и почетната цена му беше 1100 лева па сега му падна на 1000, до крајот на овој месец сигурно ќе падне на 800 или 900 лева. Што значи повеќе ти се исплати да отидеш до Бугарија да си го купиш отколку од ВИП да го земеш на договор. Размисли малце и направи математика пред да тропнеш нешто. Поисплатливо е дури и да го порачаш по некој од Германија да ти го донесе, таму е 300 евра.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Поисплатливо е дури и да го порачаш по некој од Германија да ти го донесе, таму е 300 евра.
Јасно ми е дека е поевтино да ти го донесе некој од Германија, ама нема секој човек кој може да му донесе.

Викаш дека во Бугарија е 1000 лева, односно 500 евра, што пак е поскапо од кај нас. И искрено се сомневам дека секој месец цената ќе му паѓа за 100-200 лева, во мај би бил 100 лева по таа пресметка :P. Плус кај нас имаш гаранција која ти важи, од надвор ако се земе, тоа го немаш, или ќе треба да го носиш за што би потрошил пак пари. Да отидеш до Бугарија и да го земеш, пак ќе дадеш некој денар за карта, јадење и слично, што може да биде 30тина евра, и конечно се зголемува цената на чинење. Во ред е да се гледа цената на самиот уред, ама и друго е кога ќе се земе од тука, на рака, со гаранција, со многу мала доплата.

Јас кога земав Галакси Нексус од ВИП, беше 21.000 на М тарифа. Овој на М е 22.500, а е нов модел. Галакси Нексусот кога излезе беше далеку поскап од овој сега што чини.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Јасно ми е дека е поевтино да ти го донесе некој од Германија, ама нема секој човек кој може да му донесе.

Викаш дека во Бугарија е 1000 лева, односно 500 евра, што пак е поскапо од кај нас. И искрено се сомневам дека секој месец цената ќе му паѓа за 100-200 лева, во мај би бил 100 лева по таа пресметка :P. Плус кај нас имаш гаранција која ти важи, од надвор ако се земе, тоа го немаш, или ќе треба да го носиш за што би потрошил пак пари. Да отидеш до Бугарија и да го земеш, пак ќе дадеш некој денар за карта, јадење и слично, што може да биде 30тина евра, и конечно се зголемува цената на чинење. Во ред е да се гледа цената на самиот уред, ама и друго е кога ќе се земе од тука, на рака, со гаранција, со многу мала доплата.

Јас кога земав Галакси Нексус од ВИП, беше 21.000 на М тарифа. Овој на М е 22.500, а е нов модел. Галакси Нексусот кога излезе беше далеку поскап од овој сега што чини.
Сигурно познаваш барем еден човек/пријател кој е во Германија или барем оди натаму, ако немаш некој толку близок сигурно некој твој другар или роднина има некој таков, што значи ако сакаш да завршиш работа треба само да прашаш и да замолиш за услуга. Сум го правел ова безброј пати до сега.

Цените на телефоните на почетокот се поскапи дури и од реалната вредност пред се поради трошоци за транспорт, даноци, ддв и слично. После одреден период, 1-2 месеци од пуштањето на употреба на некој уред цените на давачките се намалуваат и трошоците за изработка на истиот се намалуваат од самиот производител а така се намалува и продажната цена. Е сега сигурно дека неможе да достигне вредност од 100 евра ама на почетокот првите неколку месеци константно паѓаат цените на сите технолошки уреди и после застануваат на една цена и се задржуваат подолго време.

Можеби Бугарија не е најдобриот избор за држава од каде што би сакал да купиш телефон ама ни Македонија не е нешто подобра. Ти 20.000 денари ги сметаш за мала доплата? Да речеме дека ќе го земеш од ВИП на 500 денари претплата + интернет тарифа од 300 денари тоа ти е 800 ден месечно и плус доплата од 20.000 денари. 24 месеци по 800 ден ( а знак прашалник е дали секој месец ќе имаш сметка од 800 ден ) ти е 19.000 денари, плус 20.000 доплата и крајната цена на телефонот ќе ти биде 39.000 денари што е близу 650 евра и пак е поскапо отколку да го земеш од Бугарија или Германија. Значи како и да ја размислуваш оваа математика е проблематична. Пред се затоа што стандардот во Македонија е многу мал и обичниот работник тешко може да си дозволи вакви работи да купува. Не дека апаратите се скапи туку платите во Македонија се мали и затоа кога ќе ги видиме продажните цени на некои уреди ни изгледаат скапо. Да земаш ти плата 20.000 - 30.000 денари нема да ти изгледа скапо, ќе си кажеш една плата ќе одделам овој месец за нов телефон и готово. Ама не е така.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Не дека апаратите се скапи туку платите во Македонија се мали и затоа кога ќе ги видиме продажните цени на некои уреди ни изгледаат скапо. Да земаш ти плата 20.000 - 30.000 денари нема да ти изгледа скапо, ќе си кажеш една плата ќе одделам овој месец за нов телефон и готово. Ама не е така.
Другар, те разбирам и комплетно се согласувам со тебе. Доплата од 20.000 е секако висока доплата, ама реалноста е дека тие се цените кај нас, што е тука е.

Јас конкретно веќе го нарачав преку другар од Америка, 350$ за 16 гига модел, со достава 380 ќе излезе. Имам можност да го нарачам и преку Британија, и преку Германија, но не зборам за себе, зборам општо за сите во државава.

Пресметката со тарифниот модел не ја прифаќам од проста причина што и да го купиш 300 долари од Америка, ти пак ќе си ја плаќаш таа тарифа тука со постоечкиот договор. Значи, еве како што кажа, 800 денари тарифа (претпоставуваме дека нема да надмине 800), х 24 месеци, 19.200 денари. 300 долари нека се 15.000 денари, пак излегува 34.200, што и не е така далеку од онаа која ти ја пресмета претходно. Конечно, ја цитирав темата од причина што кога излезе Ѕ3, Note II, One X и сличните flagship модели, беа 35.000 само телефон, преку оператор. iPhone-от не го коментирам, знаеш впрочем и самиот која е цената, која горе-доле е 650 долари за отклучен, а кај нас „нешто“ повеќе.

Се надевам ме разбра, немам намера да контрирам, се согласувам со тебе, само кажувам дека за конкретниот модел цената не е драматично повисока.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Јас сварно не ве разбирам или се правите на тошо.Кој рекол дека NEXUS 4 ке биде 350evra.Уште кога излезе се знаеше дека само од гугле продамниците ке може да се набави по 350долари, додека на сите др места ке биде како и неговиот предходник по цена од 500евра.Па и во УСА T-Mobile го дава за 500dolari.Вие што си мислевте дека ке биде сегде 350долари и тоа телефон што се рамни со С3 со карактеристики.Дај не зборете да ви се смеат ако ви е скапо идете во германија и набавете го :)
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Дај не зборете да ви се смеат ако ви е скапо идете во германија и набавете го :)
Цитираш некого или онака само да напишеш? На сите одеднаш им е скапо затоа што знаат дека таму каде што има Google Play телефонот е 300/350 долари/евра, и тука одма таа цена е смешна. Телефонот е ѕвер, се рамни комплетно со сите телефони на пазарот моментално, комплетно поддржан ог Google.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom