Апсолутно тврдам дека ова е школски пример на религиозен парадокс. Ако се што се случува е божја воља, тогаш манастирите не би требало воопшто да бидат загрозени, а и да се загрозени нема што да се мешаат обичните смртници во вољата на господ. И покрај тоа верникот има образ да ми каже дека неговата религија е праведна. Затоа ја користам секоја прилика да му 'ркнам во фаца на нивниот бог и неговите фанови.Напротив, атеист сум по убедување и не ме засега воопшо тој сегмент дека гори божји храм и затоа е нешто посебно.
Лично имам навистина убави спомени од манастирот и затоа малку сум испровоциран од твоето дрско прашање кое воопшто немаше никаква цел освен да се развие прежвакана дискусија за постоењето на Бог каде што аргументите секогаш се на страната на атеистите.
Не треба да имам завршено факултет за архитектура за да имам основно чуство за естетика и да знам дали нешто е убаво или не.
Ниту ти верувам дека имаш завршено филозофски факултет или теологија па гледам немаш проблем да го поставуваш прашањето за постоење на Бог.
Не те нападнав ништо посебно, само кажав дека е глупа таква дискусијата на темава.
Ако мислиш дека не е, тогаш образложи која ти е поентата кога ќе го докажиш непостоењето на Бог на темава?
Дека манастирот нема никаква вредност?
Апсолутно тврдам и дека храмот нема ама баш никаква вредност. Што е до мене можат сите цркви и џамии да изгорат, со задоволство ќе си направам пуканки и ќе гледам од страна. Можда дури и ќе снимам со камера за да имам на што да се ситам во вечерните часови.
Градбата како културно наследство од друга страна, е бесценета. Тоа што верниците решиле објектот да го нарекуваат храм, ич не ме тангира. Јас сум бил во безброј манастири и цркви, меѓу кои Марковиот манастир кој посебно ме фасцинира.
Значи, се разбираме сега? Градбата е прекрасна, епитетот "храм" е она што јас го напаѓам.