Гори манастирот Трескавец!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Напротив, атеист сум по убедување и не ме засега воопшо тој сегмент дека гори божји храм и затоа е нешто посебно.
Лично имам навистина убави спомени од манастирот и затоа малку сум испровоциран од твоето дрско прашање кое воопшто немаше никаква цел освен да се развие прежвакана дискусија за постоењето на Бог каде што аргументите секогаш се на страната на атеистите.
Не треба да имам завршено факултет за архитектура за да имам основно чуство за естетика и да знам дали нешто е убаво или не.
Ниту ти верувам дека имаш завршено филозофски факултет или теологија па гледам немаш проблем да го поставуваш прашањето за постоење на Бог.
Не те нападнав ништо посебно, само кажав дека е глупа таква дискусијата на темава.
Ако мислиш дека не е, тогаш образложи која ти е поентата кога ќе го докажиш непостоењето на Бог на темава?
Дека манастирот нема никаква вредност?
Апсолутно тврдам дека ова е школски пример на религиозен парадокс. Ако се што се случува е божја воља, тогаш манастирите не би требало воопшто да бидат загрозени, а и да се загрозени нема што да се мешаат обичните смртници во вољата на господ. И покрај тоа верникот има образ да ми каже дека неговата религија е праведна. Затоа ја користам секоја прилика да му 'ркнам во фаца на нивниот бог и неговите фанови.

Апсолутно тврдам и дека храмот нема ама баш никаква вредност. Што е до мене можат сите цркви и џамии да изгорат, со задоволство ќе си направам пуканки и ќе гледам од страна. Можда дури и ќе снимам со камера за да имам на што да се ситам во вечерните часови.

Градбата како културно наследство од друга страна, е бесценета. Тоа што верниците решиле објектот да го нарекуваат храм, ич не ме тангира. Јас сум бил во безброј манастири и цркви, меѓу кои Марковиот манастир кој посебно ме фасцинира.

Значи, се разбираме сега? Градбата е прекрасна, епитетот "храм" е она што јас го напаѓам.
 
Teмата е едноставна донемајкаде. Се уништи едно прекрасно место(секако оние кои биле го знаат тоа најдобро). Оние кои не биле дали од пусти инает оти понижување им е својата ,,просветленост" (не)духовна или незначењето на овој збор или не е битно ни едното и другото, нема да се поврзат емотивно со местото. Јас лично сум поврзан, од религиски причини, од добри спомени и помини, од одењето на прекрасниот пат и пејсажите кои ми ги пружел истиот, до спиење и опуштената атмосфера во манастирот. Глупо е во вакви теми да се служиме со иронија, која многу лесно можеме да ја испалиме сите. Има супер теми за дебати каде работите се движат во некаков си круг, over and over again, така да нема потреба и воде да си играме ринге ринге јаја. И на прашањето нели се што се случува е божја воља, кој одговор е потребен?! Да така е(одговори верник) со образложение-Во манастирот или ѓаконите, сестрите се онаделе, па Господ ги казни за таквото однесување. На празникот на 27 август многу се пие и пее, се води демонски живот, затоа е ова казна. Очигледно нешто не штимало и не е ко шо треба,Божја работа. Или да, се запалија собичињата но црквата остана, гледаш, Божја работа пак Бог го спаси светото место.
И после враќање на одговорите, абре неписмени едни, која Божја работа, човекот е Бог на земјава, тој е и бу и џа, тој е wooow, тој ја запали црквата, тој ја спаси и така натака. Непотребна дискусија максимално и назад.
 
Апсолутно тврдам дека ова е школски пример на религиозен парадокс. Ако се што се случува е божја воља, тогаш манастирите не би требало воопшто да бидат загрозени, а и да се загрозени нема што да се мешаат обичните смртници во вољата на господ. И покрај тоа верникот има образ да ми каже дека неговата религија е праведна. Затоа ја користам секоја прилика да му 'ркнам во фаца на нивниот бог и неговите фанови.

Тука има школски пример на атеистички парадокс, ти како неверник во Господ веруваш во негово постоење, инаку како би му ркнал во фацата?
 
Тука има школски пример на атеистички парадокс, ти како неверник во Господ веруваш во негово постоење, инаку како би му ркнал во фацата?
Парадокс е само кога ги вадиш зборовите од контекст. Јас реков НИВНИОТ БОГ, како и да го замислиле. Не мора да верувам во нечиј идеал а да плукам по него, зарем не? А потоа додадов "неговите фанови", тоа мислам дека знаеш што значи.

Не знам како до сега не ти стана јасно дека вадењето од контекст функционира само во ситуации каде што соговорник не е достапен, како на пример во весници. Се дур соговорникот е тука да те врати во колосек, трикот не функционира :)

Затоа..

fail-again-fail-better-samuel-beckett.jpg
 
ОК, сеа може да се смирите? Кога ја отварав темава тогаш беше уште се на почеток скоро, а очекував со оглед на тоа што голем број од медиумите знам дека го посетуваат форумов ќе известат што побрзо и ќе повикаат на помош БИЛО кој од тоа дали народот дали центарот за кризи да реагира побрзо затоа што можеше да се изгуби пред се ОБЈЕК значаен за нас од проста причина што пред се тоа е КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО што ни е оставено, без разлика вие дали сте верници или не, за секој од нас гледа на него од друга точка. Така да не гледам што се расправате... Беше отворена и друга тема од Misirkov кој дури побара и мобилизација на Прилепчани и побрза реакција на народот. Ако сакате да го задржиме и тоа малце што го имаме треба да се бориме. Ако не ќе градиме фалц историја со барок и бронза.
 
zalna e slikata vo manastirot jas bev vidov sega pred 1 saat si idevme peski po patekata koja vodi do markovi kuli i stvarno custvoto koga 4e vidis deka se e napraveno pepel e mnogu tazno baram jas mnogu se rastaziv koga vidov isto taka moram da napomenam za edna zena koja ja nacekavme po pat alal da i e imase mozebi 70godini a idese sama i bez nikakvo svetlo pa mozite da vidite za nekoi luge deka mnogu znaci manastirot i zalosno e toa sto se sluci zosto e eden od najubavite vo makedonija no zatoa pak bog ne dade da izgori srceto na manastirot toa e crkvata koja sto kako sto kaza monahot kalic datirala od 12-13 vek a za konacite 4e se napravat nanovo iako mislam deka ne treba pak da gi napravat da bidat 80% od drvo...
 
Штета... што друго да се каже... Кога последниот пат се видов со Калис викаше дека ова со патот што го нема е колку добро толку и лошо а ако го има и тогаш ќе е колку добро толку лошо... гледано од сега после 5-6 месеци од тогаш зборовите имаат сосема поинакво значење. Ако имаше пат пожарните ќе беа горе многу побрзо ама ако имаше пат моженоста за многу други глупости ќе беше поголема од кражби, штети и слични работи кога има многу народ на лесно пристапно место... Сега сеуште е нодостапно до толку ама и за добро и за лошо е недостапно, по случајов горе вода со хиликоптер што се вика ама и тие ете додека стасале заминаа многу работи... Народот го обновил пред пола век народот ќе ги обнови пак само штета што ова мораше да се случи...
 
Сум видел како горат куќи, многу малку фали да се фати целиот комплекс... Особено на такви места кај шо помошта од пожарни е недостапна.

Најголемо чудо е што во последно време се гори. И тоа се самозапалува.
Сите ќе ве џишнам... совреме го кажаф, ама кој како ме има сватено.
 
Не е ништо подметнато ако алудираш на тоа. Вчера бев таму и манастирот беше преполн со гости од кои доста беа во горните соби каде што има мангали.
Најверојатно се работи за некакво невнимание таму во собите и се има зафатено дел од конаците кои се изградени од дрво.
За несреќа има само еден монах таму, а манастирот е огромен и човекот покрај тоа што се труди да го одржува не може да стаса секаде.
Простор за критикување е тоа што не се купија аларми за пожар и поставија во собите каде што спијат гостите, а ваму е споменик на културата.

Не алудирам на ништо,правам само проста анализа.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 03:07 ---
Во Лабуништа и Речица ги запалија Албанците.
(дури и, како што знаеме, ги попречуваа пожарникарите да гасат)

За Бигорски не знам, а овој ваљда е од невнимание на гостите или слично

Незнам која и зошто е причината со сигурност,можеме само да претпоставуваме,но само едно ми е јасно а тоа дека вакви "случајни и самозапаливи" пожари ке имаме и во иднина,затоа што никој во оваа држава не сноси одговорност... евентуално ако има потреба за да се смират страстите на пичкински начин ке сноси некој што најмалку е виновен...
 
Значи, се разбираме сега? Градбата е прекрасна, епитетот "храм" е она што јас го напаѓам.
Да, ама непотребен муабет.....и јас не сум некој верник, ама објектов стварно е вреден историски споменик и покажувам почит кон тоа.....
На влада, попови, владици - мајки шајки и све по список да им наредам посебно на првите....покажуваат денеска некаква ажурност со „демек-донации“ (од наши џебови), а ги заболе стојко....еден пат да напраеа до таму барем....
Фрлаат милиони за дебилни реклами по милчовци и републики, а да дојде странец има што да види - „абе иаме еден манастир таму накај Прилеп....изгоре додуша, а и онака немаше пат до таму....“ - патетика...
 
Направена првичната стратегија за итно возобновување на опожарениот манастир “Трескавец”.

Советот на општина Прилеп и локалниот Економски совет, ја утврдија стратегијата за итно возобновување на вчера опожарениот манастир Трескавец.

Општината, од Буџетот, првично ќе издвои еден милион денари, а бизнис секторот ќе се координира согласно проектот за обнова кој допрва ќе треба да се изготви.

Најоптимистичките прогнози се дека обновата може да биде завршена најрано за три години, притоа сметајќи и на помошта која синоќа беше ветена и од министерката за култура.

Катастрофалниот пожар, кој, инаку, уште синоќа беше локализиран, целосно ги изгоре конаците од ова светилиште.

Според најавите, првично ќе се пристапи кон расчистување на теренот, за што, секако, како приоритетна задача ќе биде интензивирање на изградбата на крајно непристапниот пат, која започна пред пет месеци, и требаше да биде завршена за година и пол.

Каролина Дурло Извор: http://www.sitel.com.mk/milion-denari-od-lokalniot-budzhet-za-treskavec


Владата одлучи да се исплати еднократна интервентна парична помош во износ од 615 илјади денари за санирање на првичните последици од пожарот во манастирскиот комлекс Трескавец.
izgorea-konacite-na-manastirot-treskavec-120549.jpg
Владиниот портпарол Александар Ѓоргиев попладнево изјави дека Владата го задолжила Министерството за култура најдоцна за еден месец да изработи комплетен проект за реконструкција и рестарвација на целокупниот манастирски комплекс, односно деловите кои беа опожарени во пожарот.
Очекуваме, наведе Ѓорѓиев, проектот по изработувањето да биде ставен во функција.
- На Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта им е наложено да се интензивира работата кон изградба на патот кој води до манастирскиот комплекс Трескавец и очекуваме динамиката да биде засилена затоа што патот е потребен за вршење на градежните работи за реконструкција и реставрација на овој објект, рече Ѓоргиев.
По изработката на проектот за реконструкција и реставрација на опожарениот дел на манастирскиот комплекс Владата, најави портпаролот, согласно проценките и потребите кои ќе бидат дефинирани во рамки на овој проект треба да излезе со дополнителна финансиска поддршка која ќе значи инвестиција на средства во изведување на градежните работи за реконструкција и обновување на опожарениот дел на манастирскиот комплекс.
Ѓеоргиев посочи дека Министерството за внатрешни работи е на терен, прави испитувања и врши истрага околу причините кои довеле до појава на пожарот. - Сите информации кои досега ги имаме се на ниво на претпоставки, ќе почекаме МВР официјално да се произнесе околу причините поради кои настанал пожарот. Формирана е и комисија која треба да направи проценка на штетата која е настаната и потоа да ја известиме јавноста за тоа колку ќе чини реставрацијата на опожарениот дел во манастирскиот комплекс, наведе Ѓорѓиев.
Извор: http://www.sitel.com.mk/node/58544

Владава направи нешто паметно!
 
Сега све е „итно“.....да им се нае**м на сите овие „итни“ мајмуни све што праат отпосле....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom