Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.767
- Поени од реакции
- 22.720
Европол откри мрежа на 380 наместени фудбалски натпревари
Спорт | 4. февруари 2013 - 14:30
Европската полиција Европол соопшти денеска дека успеала да идентификува дури 360 наместени лажирани фудбалски натпревари
Станува збор за мечеви од европските национални лиги, но и од Светскиот куп, квалификациите за Европското фудбалско првенство и од Лигата на шампионите.
Ова е најголема полициска истрага за местење натпревари во Европа досега.
Според Роб Вајнврајт, шеф на Европол, за местење на резултатите од натпреварите се осомничени 425 судии, играчи и останати официјални лица. Истрагата траела 18 месеци при што е откриено дека координацијата била од Азија.
Еден од натпреварите во Лигата на шампионите, за кој посоти сомнеж дека бил лажиран, е одигран во Англија, но претставниците на Европол на денешното презентирање на својата истрага во Хаг, не посочуваат за кои натпревари станува збор, ниту за тоа кои се тимовите во овој дуел од Лигата на шампионите.
Во лажирањето на еден натпревар, биле вложувани и до 16 милиони евра, при што бил остваруван профит од осум милиони. За подмитување се издвојувале по два милиони евра, а највисоката исплата на учесниците во лажирањето изнесувала 140.000 евра.
Во синџирот на лажирање се вклучени 15 земји, а досега се уапсени 50 лица.
http://press24.mk/story/sport/evropol-otkri-mrezha-na-380-namesteni-fudbalski-natprevari
http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/21319807
Покрај пониски лиги биле манипулирани и игри за квалификација на СП но и во Европската ЛШ. Досега најголем откриен скандал, кој натпревари биле манипулирани ќе биде сигурно во следните дена и недели откриено. Се работи за период од 2008 - 2011.