Луѓе,дај бе малку
ПОСЕРИОЗНО да не речам
ПРОФЕСИОНАЛНО да си ја сфатиме работата...

Да заличи темата на нешто,да има секој корист од предлозите шо се тука напишани....
Не знам за вас,ама мене ми делува ептен
АМАТЕРСКИ темава...

Се некои постови од типот
ОВА ЌЕ ГО ИЗИГРАМ ДЕНЕС,па молби да се даде гол,КЛЕТВИ ПО ТИМОВИТЕ ШО ЌЕ ЗАЕБАТ,ПА НЕКОИ ИНСАЈДЕРСКИ ДОЈАВИ ОД НЕКОИ БЛОГЕРИ,од некоја дечурлана која нема ни 18 години,газот не знаат сами да си го избришат,погодиле две три ливчиња по 1000 денари,отвора на секој чекор профили на социјалните мрежи и дрнкаат
ДОЈАВА МАКС БЕТ,ALL IN,ОВАА 80%...другата 50%
(со секоја чест на исклучоците,има членови шо даваат добри издржани анализи на нивните типови)....
Или пак пост со некоја утакмица во болд и толку...

и шо треба ова да значи,демек сигурна е?А зошто така мислите?
Нема сигурна утакмица.....односно има,ама неа ја знаат само ограничен број луѓе....и никој не дава сигурен меч за ебани 50 денари по пуштен СМС.....
Баталете такви утакмици,да играме она шо го има на располагање,а не да чекаме од некои менаџери да се јават и да не збогатат....
Не знам како има сеуште будали шо веруваат на вакви клошари....(и јас бев будала пред 2 години)имав пишано пост за моето искуство со блогерите,шиткачите на дојави,постарите членови можеби ќе се сетат....сум купил 3 тн
ДОЈАВИ ,со другари дадовме над 250 евра,ни на полувреме не влегоа на утакмиците,камоли пресврти,прелази жими курот...
Не се лажете,не ја полнете темава со постови од типот
СТАРИ МАЈСТОР ЈА ДАДЕ,ЏАРО ЈА ДАДЕ...џаро ако беше таков мајстор немаше да банкротира....

Има и добри страни шо даваат по некој предлог,пред се Печели...доста добра успешност имаат на нивните предлози.....но грото се тиња....
Да не го тупам да се вратам на темата..
Значи мој предлог....
Да не се трупа темата со типови
ОВА ГО ИЗИГРАВ...добро е шо го изигра браво,со среќа .
АМА ЗОШТО?
Да има некое образложение......а не само се постираат типови и каша попара темата е....
Во форма се,им треба утакмицата,ефикасно играатдрн,дрн...било шо....
А не 3/4 од постовите се само пишани утакмиците и толку....

Напишете некој збор зошто мислите така,да држи типот,па ако излези арно,ако не повеќе среќа наредниот пат......
Ете има луѓе шо следат НБА ги знаат тимовите,следат форма на играчи,проблеми со повреди...
Тие нека пишуваат предлози,шо да се изигра..
Ракомет,други спортови....да има предлози....да има по некој тип...па ако сака да изигра некој арно....
Друг следел Шпанско,Италијанско,Премиер Лига....па да имаме некои корисни утакмици за тимовите шо ги играме...
Вака како на слепо се игра....демек Реал мора да победи зошто е Реал и крај,па после ќе ја полниме темата
ПОПЛАКИ...
Сите играат исто,се маваме на некои тешки клошарски екипи ете како за викендот Шалке,вчера Фенер,Марсеј....
Е затоа и кладилниците лупат пари....затоа на секој чекор се отвораат нови уплатни места...зошто се во ќар...
За Битола ќе се осврнам,па пола град се заборчи до гуша кај лихвари,и жените си ги продаваат за кладилница...
И на крај,пак кладилницата победува..зошто паѓаат се на исти утакмици
шо би рекле стрејнџерите hot favorites
Доколку секој се потруди малку би можело да се ископаат по неколку добри утакмици,со анализа зошто така да се изигра....
Ако се организира подобро темава ќе имаат сите ќар,вака не личи на ништо(според мене,не знам за вас...).....
И многу постари членови шо беа активни порано,шо имаа познавања,шо имаа добри добивки.... не пишуваат сега....
Да се ангажира некој модератор,ако има таков,па да воведи малку ред на темата,да се бришат спам постовите,да се оставаат само предлозите....
Од нас зависи....
