Прашање до Атеистите:
1. Од кого сте створени?
2. Зошто човекот е створен?
3. Зошто не верувате во загробен живот?
4. Дали имате некои Аргументи за вашето “верување“ дека не постои БОГ?
1. Јас лично од мајка ми и татко ми. Другите атеисти си имаат свои биолошки родители.
2. На тоа прашање никаде нема да најдеш одговор. Искрено и не ме интересира. Човекот е само уште едно животно на оваа планета. Само од негова перспектива се гледа себеси семоќен, но во реалноста не е. Има само најразвиена свест, во однос на физичките способности, и не е така силен.
3. Затоа што не постои никаков научен доказ за истиот.
4. Има, а форумов е преполн со докази. Само кој да ги види
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 04:33 ---
А дали вопшто ВЕРУВАТЕ дека тоа е така? Или кај вас Атеистите не постои никакво ВЕРУВАЊЕ??!!
Кај мене не постои никакво верување за натприродни битија, може има атеисти кои си веруваат дека секоја ноќ вонземјани им пеат приспивна.
Атеизмот е неверување во богови. Толку. Точка. Крај.
Ни повеќе ни помалку.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 04:37 ---
Јас не сакам да прашам ништо,само сакам да им честитам атеистите
Атеизмот со други зборови уствари значи: Се разочарав што мојата религија не ми понуди одговори на моите прашања,а другите за инает нема да ги проучувам,па ќе се праам модерен и ќе викам дека Бог не постои.
Срдечен Поздрав
In the matter of fact, атеизмот постои пред религиите. So, атеизмот нема ништо модерно во себе. It is sooo bc.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 04:42 ---
Така е,не велам не.
За да не бидам офтопик,ќе поставам и прашање:
Дали може да ми дадеш ти,или било кој од тие што одговараат на темава..листа со познати личности кои биле и се атеисти,па да се преброиме
Познатите личности и не се некој репер за да се броиме.
На пример, јас тебе ти гарантирам дека не живееш сосема по муслиманските правила.
Од една страна не можеш. Не е ова Саудиска Арабија, среќа.
Од друга страна, не ти одговара.
Вака. Јас можам на следен попис да се напишам христијанка. Дали тоа ќе ме направи христијанка?
Бројот на верници не е еквивалентен со бројот на декларирани верници. Пошто, ако гледаме прави муслимани/христијани, барем во Македонија, ќе дојдеме до бројот 0.
(
едитирано од модератор)