G
Geezer
Гостин
^Најжалното е што ова се дешава 5 години уназад.
Не, последниве две. Но да ја гледаме и другата страна. Челзи поминува низ смена на генерации, измината и оваа сезона. Арсенал се бори постојано со заминувањето на најдобрите играчи, па одново почнува да гради тим, да прави костур. Ливерпул појма немам што им се дешава.
Затоа сакам да доаѓаат јаки играчи во лигава, без разлика во кој тим. Да има посилна конкуренција, да има силни претставници во Европа од ПЛ.
Манчестер е постојано во тој фудбалски крем, освен лани, секогаш стигаат до завршница. Челзи ги следи последниве 8-9 години, исто и Арсенал кој нема па воопшто среќа и стално налетува на Барселона

Плус, од ПЛ си заминаа одлични играчи. Роналдо на пример, Фабрегас, па и еден Балотели кој не е рамо до рамо со овие, но сепак замина во Сериа А.
Не знам дали памтите, но истата таа Сериа А почна да опаѓа баш со заминување на главните играчи од екипите. Малку по малку. Па после згора на се беше и скандалот со местенките.
Да не зборам за тоа дека судиите се очајни и полоши од било кога и од било кого. А лига која го има епитетот најдобра, не смее да има такви арбитри, не смее да има такви срамни судења и не смее судијата да биде центар на внимание.