Како се третира декодирањето мобилни телефони во земјава?

  • Креатор на темата Креатор на темата DavidMkd995
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 април 2012
Мислења
36
Поени од реакции
4
Возраст
28
Декодирањето на мобилни телефони во Македонија е кривично дело. На овој начин се прави повреда на одреден софтверски дел кој се наоѓа во мобилниот телефон.
Измена или користење на нелегален софтверски пакет во законот се смета за криминал , бидејќи со тоа се повредува нечие авторско дело.Секоја измена на заштитениот софтвер е повреда на авторското право .
Сите институции во земјава користат легални софтверски мрежи, но како компаниите кои продаваат мобилни телефони се заштитуваат од нелегалниот бизнис на приватните мобиларници.
Нивните огласи за декодирање на мобилни телефони се јавни , а се повеќе се зголемува и побарувачката за услугата со која граѓаните всушност прават криминал.
До сега само една компанија која произведува мобилни телефони дозволила легално да се вршат измени во софтверот.Услуга, која самата компанија ја нуди за одреден паричен надоместок.
Во САД денеска стапи во сила законот со кој Американците нема да можат да ги декодираат мобилните телефони кои се заклучени, без да добијат дозвола од операторот.
Од 2 ипол илјади долари е казната за оној кој бара декодирање , а дури 500 илјади долари и затворска казна до 5 години за оној кој ја врши услугата. Сите оние кои ќе го повторат делото, можат да добијат затворска казна до10 години и глоба од милион долари.
 
Ненормална работа е ова со висината на казните во Америка . Па за убиство можи да се случи да си поминиш полесно , од овие драконски казни кои ги измислиле за овој таканаречен криминал . Одамна ми е јасно дека светов е отиден во три пичке материне , но ова е претерано .
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 20:26 ---
Дали можеш да објасниш што всушност е тоа декодирање?

Веројатно се мисли на пробивање на заштитата која ја има телефонот , а која е ставена од телефонскиот оператор кој го продава телефонот . Со таа софтверска заштита телефонот може да користи само СИМ картичка од тел. оператор кој го продава телефонот . Значи всушност самиот тел. оператор прави незаконско дело со тоа што го ограничува телефонот да неможи да користи СИМ картичка од друга оператор .
 
Нормални ли се бе?
А ја да прашам..дали се губи гаранција на телефонот ако е декодиран? ВИП конкретно.
 
Нормални ли се бе?
А ја да прашам..дали се губи гаранција на телефонот ако е декодиран? ВИП конкретно.

Да , ако го декодираш не ти важи гаранцијата , без разлика од кој оператор си го купил . Затоа реков во предходниот пост дека всушност операторите прават незаконски работи со оваа работа .
 
Н
Веројатно се мисли на пробивање на заштитата која ја има телефонот , а која е ставена од телефонскиот оператор кој го продава телефонот . Со таа софтверска заштита телефонот може да користи само СИМ картичка од тел. оператор кој го продава телефонот . Значи всушност самиот тел. оператор прави незаконско дело со тоа што го ограничува телефонот да неможи да користи СИМ картичка од друга оператор .
Најголемо право е понекогаш најголема неправда.
Ius summum saepe summast malitia
Тој го продал телефонот, ти си го купил и можеш со него што сакаш да правиш.
Но западњациви измислуваат секакви глупости само да пљачкаат.
Незнам дали сте забележале Аспиринот е сега многу скап. Се работи за наједноставна хемикалија и тоа порано беше најефтин лек. Порано можеше да се купи под име Аcisal, Acetisal, Acetal и тн. Сега е меѓу поскапите лекови, го има под оргинално име Бајер или Андол од Алкалоид. Што е најинтересно патентните права застаруваат по 20 години, аспиринот е многу постар.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Аспирин
 
Ако сум го купил нештото - тоа е мое и ќе правам што сакам.

Ако сакам ќе го искршам пред нив во салон, ако сакам ќе го декодирам, кодирам прекодирам и правам се друго за кое што твојот побркан мозок мисли дека треба да платам казна.
 
Казните се за нелегално декодирање. Доколку се јавиш во компанијата и побараш да ти го декодираат телефонот затоа што одиш во странство тие ќе го направат тоа за безпари. Порано знам дека можеше да купиш телефон од Америка го испраќаш каде сакаш, го пријавуваш за изгубен или украден а тие ти праќаат нов. Но сега сите нови телефони имаат GPS и триста други срања за следење па колку и да сакаш да го декодираш и криеш ќе го најдат.
 
Ако е така операторите имаат ли дозвола од компанијата на која е производен телефонот дозвола за кодирање ?
 
Ако е така операторите имаат ли дозвола од компанијата на која е производен телефонот дозвола за кодирање ?
Би требало бидејки секоја компанија потпишува договор со мобилна компанија. На пример Ајфон во Америка има во Спринт, Верајзон и АТ&Т а нема во Т-Mobile, а други телефони што ги има во T-mobile можи да ги нема во останатите. Е сега во Македонија не знам како одат работите но би требало да е слично. Еиндствено што ме нервира е што во МК мора да платиш за да ти го декодираат :cautious:
 
А можно е телефонскиот оператор да открие на било каков начин дека телефонот е декодиран?
 
Да , ако го декодираш не ти важи гаранцијата , без разлика од кој оператор си го купил . Затоа реков во предходниот пост дека всушност операторите прават незаконски работи со оваа работа .
Кој ти кажа дека не важи јас однесов во вип декодиран телефон и на крај ми го вратија пак само да можам на вип да го користам не изнесувај невистинити ;)
 
А можно е телефонскиот оператор да открие на било каков начин дека телефонот е декодиран?

Можи да открие само во случај ако не дај Боже ти се расипи , а сеуште е под гаранција , и кога ќе го однесеш да ти го поправат додека е под гаранција , ќе видат дека е декодиран а со самото тоа не ти ја признаваат гаранцијата .
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 22:01 ---
Кој ти кажа дека не важи јас однесов во вип декодиран телефон и на крај ми го вратија пак само да можам на вип да го користам не изнесувај невистинити ;)

Ок де и така нека е , важно пак ќе треба да даваш пари за декодирање :свиркам: .
 
Можи да открие само во случај ако не дај Боже ти се расипи , а сеуште е под гаранција , и кога ќе го однесеш да ти го поправат додека е под гаранција , ќе видат дека е декодиран а со самото тоа не ти ја признаваат гаранцијата .
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 22:01 ---


Ок де и така нека е , важно пак ќе треба да даваш пари за декодирање :свиркам: .
Ама чекај малце погоре викаш едно сега викаш друго ако не веруваш ти или некој друг т.е не ти веруваат на оваа твоја теза нека пробаат самите нека однесат декодиран мобилен со дефкт кој е под гаранција сеуште и ќе видат дека на мојата теза ќе дојде дека можеш да однесеш декодиран мобилен но ти е ти го враќаат само на 1 сим картичка да го користиш
 
Ако сум го купил нештото - тоа е мое и ќе правам што сакам.

Ако сакам ќе го искршам пред нив во салон, ако сакам ќе го декодирам, кодирам прекодирам и правам се друго за кое што твојот побркан мозок мисли дека треба да платам казна.

Не е така едноставно како што мислиш. Телефоните купени на договор по снижени цени се всушност субвенционирани од страна на операторот. Затоа телефон од 600 долари го плаќаш 200. Затоа и не го поседуваш целосно само ти туку си обврзан на договорот што си го потпишал, а таму можат што сакаат да напишат. Ако сакаш да го поседуваш телефонот, плати ја целата сума. Така и нема да биде кодиран на нивната мрежа.

Не викам дека е добро, мене ако ме прашуваш ја би забранил воопшто операторите да си ги кодираат телефоните али ај...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom