Земјите во развој - нова шанса за македонскиот извоз

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Македонија треба да почне да извезува повеќе на Исток?


  • Вкупно гласачи
    40
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Датум: 28.01.2013, 22:41
ОГРОМЕН ЕKОНОМСKИ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ИСТОKОТ
Земјите во развој - нова шанса за македонскиот извоз
5DB584A1380D8C4E94BBCD3B9007CAB6.jpg

Трговската соработка со Русија, Турција, Kина, Индија, Полска, Украина, Kазахстан постојано расте, но извозот кон тие земји од Македонија сепак е симболичен. Станува збор за своевидни економски тигри во услови на криза со потенцијал за увоз, кој може значајно да ја размрда и македонската економија. Kако клучна пречка за позначително размрдување на трговијата со овие земји познавачите ја посочуваат недоволната информираност на компаниите, но и тоа што Македонија нема договори за слободна трговија со повеќе од нив. Економистите што ги консултиравме предлагаат економската промоција на Македонија да се интензивира токму во регионите што се со најголем потенцијал за раст, земји кои, и покрај ударот од кризата, имаат исклучително добри економски перформанси.

- Нема конкретна анализа, но најверојатно Македонија мора да се насочи и детаљно да ги истражи тие пазари. Размената мора да почне што поитно, со што значајно може да се влијае врз промената на структурата на македонскиот извоз, но и да се сменат показателите за трговскиот дефицит на земјата во време кога традиционалните трговски партнери бавно заздравуваат - вели Шенај Хаџимустафа, професорка на Универзитетот ЈИЕ.

Според анализата на трговските односи на Македонија со земјите во развој, соработката е скромна, иако некои од нив се добро познати за македонските компании, најмногу Турција и Kина. Македонија има договор за слободна трговија со Турција, а извозот во 2011 и во 2012 година бележи раст, особено во 2011 година кога пораснал за дури 44 проценти. Извозот во Kина е зголемен за 45 отсто во 2011 година и за 37,2 отсто за единаесет месеци во 2012 година. Во Kина најмногу се продава македонското вино. Според статистичките податоци од земјите што бележат позначаен економски раст, Македонија извезува само во Полска.

- Нашите анализи покажале дека споредено со 2011 – 2012 година, имаме извесно зголемување на трговската размена на тие пазари и покрај економската криза, и покрај неразработеноста на тие пазари, политичките немири, па дури и војните. Овие земји с` уште се во платежна кондиција и иако скромна, имаат побарувачка во однос на нашето производство. Тоа се должи на заемно непознавање - вели Љубица Нури, виш консултант во Стопанската комора на Македонија.

Немаме договори за слободна трговија

Без договори за слободна трговија и без потпишаните конвенции, Македонија тешко ќе успее да се пробие на брзорастечките пазари. Сепак, економистите бараат поактивна улога и од бизнисмените.

- Тука има задачи и за државата и за бизнисмените. Стопанството послободно да истражува, а државата да ја обезбеди законската рамка и ако може, и да го субвенционира тоа производство, односно извозот - вели Хаџимустафа.

За годинава Стопанската комора на Македонија во својот фокус ја ставила конкретната поддршка на компаниите за пробив на овие пазари преку партнерства со стопанските комори од тие земји, организирање бизнис-мисии и учество на саеми.

- Потребни се билатерални договори за преференцијалната трговија и други конвенции кои ќе овозможат сигурност, заштита на трговијата и ќе се отвораат можности за соработка во областа на услугите, инвестиции, но и непречени престои на деловни луѓе во тие земји и од тие земји кај нас. Ние со САД с` уште немаме конвенции за одбегнување на двојното оданочување или поттикнување и заштита на инвестиции. Да не зборуваме за земјите од Северна Африка или Блискиот Исток - вели Нури.

Од Министерството за економија велат дека редовно се врши промоција на извозот и на земјата. Направени се и нови истражувања на меѓународни пазари.

- Минатата година одржани се промотивни настани, посетени се многубројни саеми, средби и на барање на 75 компании во оние земји што се потенцијален пазар. Kластерите за преработка на храна, вино, текстил, информатичка технологија и автомобилската индустрија ги посетија Германија, Шведска, Полска, Чешка и САД - велат од Министерството за економија.

Пазари со најголем потенцијал за раст

Меѓународниот монетарен фонд, во најновиот извештај, предвидува раст на вкупната кинеска економија од 8,2 проценти за годинава и 8,5 проценти за в година. Според Фондот, индиската економија годинава ќе порасне за речиси 6 проценти, в година за 6,5, но за земјите од т.н. Азија во развој се прогнозира поголем раст од 7 отсто. Kолку за споредба, за еврозоната, каде што завршуваат над 60 отсто од македонскиот извоз, за годинава ММФ прогнозира пад на БДП од 0,2 проценти. За Германија, нашиот традиционално најголем трговски партнер, за годинава е проектиран раст од 0,6 проценти, а за в година од само 1,4 отсто.

„Дневник“ веќе пишуваше оти новите анализи покажуваат дека на пазарите во брзорастечките економии може да продаваме во изобилство најмногу информатичко-технолошки услуги, лекови, хемикалии, медицински апарати, но и вино и добро обработени и спакувани обработки од храна. Во поголем дел од земјите во развој значаен пробив може да имаат и домашните градежници. Пионерски обиди за влез на новите источноевропски, азиски, африкански пазари засега имаат само мал број од домашните компании.
Александра ТомиЌ
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=83691A5F0321A340A5075CF40658A0C6
 
Не дека се разбирам од економија ама еве ќе дадам некое мислење.
Според мене моменталните партнери ни се добри и ако човек остане со тебе кога ти е најтешко го нарекуваме пријател, а моментално колку толку сме „бизнис-пријатели“ со западниве земји и да речам имаме некоја заедничка култура.

Од земјиве што ги спомна мислам дека треба да воспостават повеќе врски со Турција и интензивно да се работи на подобрување на истите.

Најискрено за мала земја како Македонија ако менаџерите на големите компании знаат да си го тераат бизнисот не би требало толку тешко да им е пласман да најдат сепак се она што го извезуваме е едвај 0.1% од она што на пример Германија го увезува(кој не примети бројкиве се од ракав извадени)


Сума сумарум исто како и во реалниот живот така и во бизнисот за да створиш силна врска треба време, напор и во некои случаи и пари.Според мене најпаметно е да ги зацврстиме постојните врски и можеби повеќе да се ангажираме кон Турција која барем од она што гледам е пријателски настроена кон Македонија и нејзиниот пазар од 80 милиони би бил доволно за се што можеме да произведеме секако доколку нашиве „менаџери“ заедно со владава се потрудат малце повеќе.На крај сепак за бизнис се работи и доколку сме неспособни да го произведеме она што се бара се е џабе.
 
Стопанската комора оди во бизнис мисија во Азербејџан и Грузија

Александар Јанев

getImageThumbnail.axd

Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески во петок заминува во бизнис мисија во Азербејџан и Грузија, како дел од проектот на Комората за освојување на трети пазари. Освен во овие земји, Комората до крајот на годината планира да ги посети и Ирак, Казахстан, Либија и Катар за да се интензивира размената меѓу компаниите од Македонија и овие потенцијални извозни пазари.
Од Комората објаснуваат дека најголем потенцијал засега гледаат за поголем извоз на компаните од прехранбената индустрија, но и голема шанса за ангажирање на градежните компании.
Во фокусот на разговорите со коморите од овие земји ќе биде како да се надминат проблемите со вадење визи, признавање на документи како возачки дозволи и дипломи, дозволи за работа, договори за одбегнување на двојно оданочување.
„Во време кога традиционалните европски пазари се соочуваат со криза, дефинитивно еврозасиските и земјите од блискиот Исток може да бидат потенцијални пазари за нашите бизнисмени. Овие земји се во одлична платежна кондиција и имаат побарувачка во однос на нашето производство, иако скромна но тоа се должи на взаемно непознавање. Токму тоа ќе биде нашата мисија во 2013 година, да им помогнеме на домашните бизнисмени полесно да ги освојат новите пазари.“, оценува Љубица Нури, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора.
Според податоците на Стопанската комора, за 10 месеци лани Македонија остварила трговска размена со овие земји во вредност од 55 милиони долари. Тоа е можеби незавидно ниво на размена, но сепак трендот во споредба со претходната година е растечки и тоа за 20%.
Капитал во последниот број на магазинот објавен на 24 јануари анализираше кои се потенцијалните извозни пазари на Македонија надвор од Европската Унија. Проценките на меѓународните финансиски институции покажуваат дека Русија, Турција, Полска, Украина, Казахстан, Азербејџан се земји чии економии ќе остварат силен раст годинава и покрај последиците од глобалната криза и токму зтао експертите во нив ја гледаат шансата за домашните извозници.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija..._biznis_misija_vo_azerbejdzhan_i_gruzija.aspx
 
Македонија најдобро ќе биде да е член на Шангајската група.

Иднината на светот не е ниту ЕУ ниту Запад, туку иднината е во ЕвроАзија...
 
За Русија и Турција се сложувам да треба да се ориентира извозот кон овие пазари.За Кина или пак Индија според мене се огромни пазари и за да извезуваш таму ти треба и количина.Во Украина традиционално се извезуваат металите а со Полска незнам каква е состојбата таму, уствари незнам што би можеле да увезуваме или извезуваме искрено..
 
Стопанската комора оди во бизнис мисија во Азербејџан и Грузија

Освен во овие земји, Комората до крајот на годината планира да ги посети и Ирак, Казахстан, Либија и Катар за да се интензивира размената меѓу компаниите од Македонија и овие потенцијални извозни пазари.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija..._biznis_misija_vo_azerbejdzhan_i_gruzija.aspx

Се ми е јасно... ама во либија и ирак не знам што ќе продаваме.
Американци на кило ....
 
Македонскиот извоз и не е нешто по количина за да се бараат нови пазари. Барем сегашните пазари се и предоволни за нас,...у ствари не сум ни слушнал дека имаме проблем со извозот ради тоа што немаме пазар.
Можда од Стопанска имаат други информации штом ги натерало да се свртат накај Азија. За градежништвото не знам како стоиме и колку сме конкурентни па не ни навлегувам во таа тема.
 
Македонија најдобро ќе биде да е член на Шангајската група.

Иднината на светот не е ниту ЕУ ниту Запад, туку иднината е во ЕвроАзија...
И каква ЕВРОазиja ке постои без ЕУ?
 
Па со државите којшто не се членки на ЕУ: Русија, Украина, Белорусија, Казахстан...

Унија на „драпај си меот“ држави. Ваква Македонија, да, припаѓа таму.

Што се однесува на „извозот“.. што да извезуваме? Што?
 
Па со државите којшто не се членки на ЕУ: Русија, Украина, Белорусија, Казахстан...
Сакаш да ни кажеш СССР со Азиja. Ако има концепт на ЕвроАзиja,тоа е нешто сосем поголемо и поразлично от тоа што напиша.
 
Унија на „драпај си меот“ држави. Ваква Македонија, да, припаѓа таму.

Што се однесува на „извозот“.. што да извезуваме? Што?
Земјоделски производи. 2012 во однос на 2011 извозот на Македонски земјоделски производи кон Русија пораснал за 30 отсто...
--- надополнето: 1 февруари 2013 во 21:57 ---
Сакаш да ни кажеш СССР со Азиja. Ако има концепт на ЕвроАзиja,тоа е нешто сосем поголемо и поразлично от тоа што напиша.
Вака би изгледала Евроазиската унија...
sv-Evroazijska-unija.jpg
 
^^
Уште со Украjна 2013,2016 Сириja,коja не се знае судбината, па и после 2020 година со Романиja,Грузиja,Србиja и Бугариja... тоа не е можно.
 
Земјоделски производи. 2012 во однос на 2011 извозот на Македонски земјоделски производи кон Русија пораснал за 30 отсто...

Па да. Наместо 10 кила патлиџани, сега извезуваме 13. Битно да има пораст.
 
Унија на „драпај си меот“ држави. Ваква Македонија, да, припаѓа таму.

Што се однесува на „извозот“.. што да извезуваме? Што?


Зелки за по 5 денара од кило :)

^^
Уште со Украjна 2013,2016 Сириja,коja не се знае судбината, па и после 2020 година со Романиja,Грузиja,Србиja и Бугариja... тоа не е можно.

Да да можно а после во 2022 и Полска и Чехословачка и Југославија..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom