Со вакво поднебје што го има Македонија(квалитетни производи, земјоделски пред се) а башка и 2 милиона сме не треба да имаме никаков проблем со извоз. Пазете, државата не треба да се фокусира толку на барање на извоз, имаме бизнисмени, трговци итн што сами си обезбедуваат пласман. По лично мое мислење државата треба да помогне да се заштити македонскиот пазар и производите што ги извезуваме да не завршат низ европа и азија како белоруски, романски итн.. Колку за информација еве ќе го споменам грозјето од југот на македонија.. Има извоз буквално до килограм за него, но по која цена? Ќе дадам пример еве за 200 тона грозје да им се плати по 20 денари макс. на производителите(зависно од сорта и по која цена ке се продаде горе), 3 денари гајба, 1 денар книга на секоја гајба на која што пишува дека е македонско грозјето и од која фирма, па работна сила, па 4 денари чување во ладилник од килограм пред да се продаде, даноци, транспорт и завршува во романија за 0.50 центи до 0.80 центи што не е мала цена за ова време што го живееме во сиромаштија. Е сега на истото грозје му се вади книгата од гајбите во романија и романците го продаваат на русите како молдависко по 2 евра од килограм.Не го зборам ова тукутака, лично се имам уверено во тоа на пазарот во Букурешт. Тука ни бегаат парите на нас, доколку тој производ се продаде во русија како македонски а штом русите го купуваат тоа грозје значи им одговара нашиот квалитет, тогаш наместо 20 денари мах да се плати на производителите тука ке се плати минимум 30 денари од килограм, наместо 15 000 денари плата на вработените ке се дадат барем по 25 000(и тие се малку за таква физичка работа), производителите на гајби ке имаат фул работа затоа што оној производител ако има 10 декари грозје ако му се плати по пола евро од килограм ке сее уште 10 декари итн..Друг пример ке дадам со доматите, до пред 10 години турците не знаеја за домати, сега се број 1 во европа по извоз на домати и тоа со никаков квалитет..Најквалитетна домата имало во Македонија и ке има во Македонија ама кој да ја работи? Најголемата грешка на оваа држава беше што му се даде субвенција на македончето, еве и јас сум земјоделец ама кажувам баш така како што е..Не му давај пари, дај му ѓубрива, семе итн а не пари бре човече.Со тие пари нема да купи ни семе ни ѓубрива туку леб а нема да работи. Е тука производството се намали со минимум 50% на домати во валандовско-гевгелискиот регион затоа што луѓето наместо домати сејат ореви, бареми и незнам што ти друго заради субвенции, извоз нема(со ореви и бадеми нема да бидеме конкурентни верувајте) а со тие субвенции и со тоа што го посеал нема да извади ни просечна плата. За други видови производи освен земјоделските не навлегувам да дадам мое мислење. И после државата ќе ни барала пазари на нас, демек досега ние од државата зависевме за пазари на нашите производи и конкурентни да бидеме одозгора, па ние како што стоиме во место со години пред се заради незаштитеноста на македонскиот производ ќе немаме што да понудиме на постоечките пазари а не пак на нови.