Ретко за себеси размислувам како за обичен или необичен. Таков сум каков што сум. Можеби ќе станам подобар (понеобичен, уникатен и сл.) отколку што сум, што не е премногу веројатно, или полош, што за жал е биолошка неминовност. Се сметам за индивидуалец и по малку мизантроп, ама тоа денес е толку присутно, што е повеќе симптом за обичност, а не за невообичаеност.
Општеството има потреба од корисни и послушни битија, па не е препорачливо да се биде поинаков, некој од кој што се нема ќар, па уште е и непослушен. Па уште и ако има способност да размислува со своја глава, ете голем проблем за општеството. Инаку средината си има свои механизми за успешно справување со издвоените од толпата - изолација, негирање, омаловажување, сопки, сплетки, подметнувања - за секого по нешто. Не дека нема да се најде некој манијак меѓу посебниве, но дали сте ја забележале тенденцијата на секој генијалец да му се припишува некаква крупна фалинка,
фабричка грешка, психичка болештина? Еве еден интересен опис за издвоените од толпата, кои според толпата, најчесто/секогаш се некорисни, па како резултат на тоа, секогаш се и помалку вредни, фалични:
Од друга страна не значи дека секој што се смета за посебен е во право:
Сите сакаме да сме посебни, интелектуално надмоќни, надлуѓе со аристократски манири.
Посебните, ако се посебни и способни, ќе најдат начин да се издвојат од толпата. И натаму, токму поради нивната посебност, самата толпа наоѓала, наоѓа и ќе наоѓа начини да ги издвои, независно од тоа дали се посебни поради нивниот различена поглед врз нештата, или пак се само луѓе кои ја имале несреќата да бидат со посебни потреби.