Издвој се од толпата - не биди обичен човек

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
Најубо го кажа ова, сите сме различни само подоцна разликата е во степенот на потиснување на различноста. Почнуваат скоро сите да се фаќаат во некаква невидлива мрежа на одредено традиционално-социјално однесување општо прифатено како "нормално" кое (може) да се менува до кај 30тата година (+/-), моментот кога доаѓа крајниот стадиум "треба да се жениш" и така продолжуваат до крај...неубо садријазме, мислам мене ми е неубо :)

Ја претходно за ептен "инакви" зборував изгледа :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
And boring, too.
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 02:54 ---
ОН:
Зависи што подразбира ,,обичноста,,.
Во огромна мера се сложувам со Крејзи.
Секој треба да има сопствени ставови, но ставот ,,јас морам да бидам различен по секоја цена,, е само форсирање на ,,види ме колку сум уникатен,,.
Ако нешто ти чини, прави го, без оглед дали си еден, или сте сите.
Ако нешто не ти чини, не го прави, без оглед дали си еден или сте сите.

Од друга страна, не ја сфаќам потребата од беспрекорен конформизам, и искрено, тоа повеќе ми пречи од форсираната индивидуалност.
,,Затоа што така треба,, ,,така е редот,, - се најпогрешните причини за некој да прави нешто. Тоа значи дека тој некој не размислува. Размисли, ако ти прави логика редот, почитувај го, ако не, немој.

Секој има право да прави што сака.

Така и јас, алергична сум на држење свеќи за Велигден од страна на луѓе кои не ни знаат што е тоа. Од луѓе кои не ја знаат традицијата велигденска на пример, и мислат дека јајцата православните ги измислиле.
Не можам да поднесам конформизам поттикнат од неписменост.
 
L

Luki Junior

Гостин
Ќе говореш на дијалект.:cool:
Половина свет не го разбира, а другата половина го смета за нешто најдолно. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Ќе говореш на дијалект.:cool:
Половина свет не го разбира, а другата половина го смета за нешто најдолно. :)
Не постои човек што зборува литературно, барем не во Македонија.
Сите си имаат свои дијалекти и ,,сленгови,,.
Па сега, ако самите себе се сметаат за најдолни...... :)
 
L

Luki Junior

Гостин
Не постои човек што зборува литературно, барем не во Македонија.
Сите си имаат свои дијалекти и ,,сленгови,,.
Па сега, ако самите себе се сметаат за најдолни...... :)
Ма не ме интересира како говорат другите.. Ниин проблем, не мој... :icon_mrgr:
Ако најдеш некој друг random bullshit generator како мене, частам те. :cool::cool:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
А шо треба да правиме за да не бидеме обични?
тетоважи фарбај косата розева пирсови етц. Се што ќе те направи да мислиш дека си уникатна снегулка.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
тетоважи фарбај косата розева пирсови етц. Се што ќе те направи да мислиш дека си уникатна снегулка.
Темата е за ,,обично,, и ,,необично,, размислување (според воведниот пост), а не за физички изглед.
--- надополнето: Nov 15, 2012 3:17 AM ---
сакаш да кажеш дека „обичните„ луѓе се нормални- а остатокот ненормални?!

Ти остануваш значи во „ТОЛПАТА“?
Па Кул, баш така е.
Ако во една село, сите пијат вода од чешмата во сред село, а ти пиеш од таа надвор од селото, првото е нормално однесување, а ти отстапуваш од истото.
Нема ништо погрешно во ,,ненормалното,, ако е продуктивно. Да речеме, водата надвор од селото е почиста ;)
--- надополнето: Nov 15, 2012 3:21 AM ---
 
C

cige

Гостин
Темата е за ,,обично,, и ,,необично,, размислување (според воведниот пост), а не за физички изглед. Па Кул, баш така е. Ако во една село, сите пијат вода од чешмата во сред село, а ти пиеш од таа надвор од селото, првото е нормално однесување, а ти отстапуваш од истото.Нема ништо погрешно во ,,ненормалното,, ако е продуктивно. Да речеме, водата надвор од селото е почиста ;)
А таа сред село е загадена од фабриките селски? :P Како да бидеме поразлични? Да паркираме на пешачки премин? Да јадеме салата со оцет и шеќер наместо сол? Риба да ловиме со пушка? Кога ќе ни побараат лична карта ние да покажеме здравствена? Кога ќе ми ѕвони телефонот јас да го кренам даљинското? Чорапите да ги носиме на рацете? Децата да не ги пуштаме нашколо, нели и тоа е "толпа"? Да не се возиме во автобус?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
А таа сред село е загадена од фабриките селски? :P Како да бидеме поразлични? Да паркираме на пешачки премин? Да јадеме салата со оцет и шеќер наместо сол? Риба да ловиме со пушка? Кога ќе ни побараат лична карта ние да покажеме здравствена? Кога ќе ми ѕвони телефонот јас да го кренам даљинското? Чорапите да ги носиме на рацете? Децата да не ги пуштаме нашколо, нели и тоа е "толпа"? Да не се возиме во автобус?
Кој те тера да бидеш ,,поразличен,,? Ако ти е удобно во зоната во која си, нема потреба да се менуваш. Промените настануваат тогаш кога не си задоволен од нешто.
Неконформистите се оние кои го носат прогресот во едно општество, а конформистите се оние кои се заслужи зошто постои едно општество, или една заедница.
Истиот пример со чешмите. Селаните се навикнати да пијат од водата во сред село. Еднаш стекнатата навика е тешка за отфрлање. Во почетокот на селанецот кој пие надвор од селото, ќе му зборуваат дека ,,ама ние одсекогаш тука пиеме!!,, ,,е никој до сега не умре, сега ние ќе сме умреле,, ,,да бе, далеку ми е да одам надвор,, ,,ама оваа ни е од дедовците оставена,,. Тоа е нормален процес, се додека уште еден од многуте не отиде и да ја проба онаа надвор. Ќе се врати и ќе го потврди мислењето на првиот. Ќе појде трет... и така настанува нова ,,нормална,, работа - сите ќе почнат да пијат надвор од селото.
Тоа што некогаш беше неконформизам, уникатност, различност, стана нормална појава.

Ова е прост пример, но од прилика така се движат сите од ,,ненормални,, во ,,нормални,, појави во општеството.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Многу ми е криво што сум само дел од толпата, за жал немам ниту храброст, ниту доволно идеи за да настапувам поинаку.
Секако му се восхитувам на индивидуалците, зошто тие ќе го променат светот.
Карлин има многу добар говор за индивидуалноста..

Исто така Запа има извонреден цитат за инвидуалноста во што потполно се согласувам.
 
М

Мартин`

Гостин
Во ред е во некои работи да бидеш поразличен и да не ти е гајле за околината што ќе каже значи да не се потпираш под сите тие ненапишани правила , но како што реков во некои не во сите и по секоја цена.. има луѓе кои намерно стануваат поразлични со една и единствена цел да бидат во центарот на вниманието оти не им посветувале внимание тие околу нив.. а не дека така им е подобро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom