Издвој се од толпата - не биди обичен човек

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114


веројатно овој е Евреин:pos:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ретко за себеси размислувам како за обичен или необичен. Таков сум каков што сум. Можеби ќе станам подобар (понеобичен, уникатен и сл.) отколку што сум, што не е премногу веројатно, или полош, што за жал е биолошка неминовност. Се сметам за индивидуалец и по малку мизантроп, ама тоа денес е толку присутно, што е повеќе симптом за обичност, а не за невообичаеност.
Општеството има потреба од корисни и послушни битија, па не е препорачливо да се биде поинаков, некој од кој што се нема ќар, па уште е и непослушен. Па уште и ако има способност да размислува со своја глава, ете голем проблем за општеството. Инаку средината си има свои механизми за успешно справување со издвоените од толпата - изолација, негирање, омаловажување, сопки, сплетки, подметнувања - за секого по нешто. Не дека нема да се најде некој манијак меѓу посебниве, но дали сте ја забележале тенденцијата на секој генијалец да му се припишува некаква крупна фалинка, фабричка грешка, психичка болештина? Еве еден интересен опис за издвоените од толпата, кои според толпата, најчесто/секогаш се некорисни, па како резултат на тоа, секогаш се и помалку вредни, фалични:


Од друга страна не значи дека секој што се смета за посебен е во право:

Сите сакаме да сме посебни, интелектуално надмоќни, надлуѓе со аристократски манири.

Посебните, ако се посебни и способни, ќе најдат начин да се издвојат од толпата. И натаму, токму поради нивната посебност, самата толпа наоѓала, наоѓа и ќе наоѓа начини да ги издвои, независно од тоа дали се посебни поради нивниот различена поглед врз нештата, или пак се само луѓе кои ја имале несреќата да бидат со посебни потреби.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Ретко за себеси размислувам како за обичен или необичен. Таков сум каков што сум. Можеби ќе станам подобар (понеобичен, уникатен и сл.) отколку што сум, што не е премногу веројатно, или полош, што за жал е биолошка неминовност. Се сметам за индивидуалец и по малку мизантроп, ама тоа денес е толку присутно, што е повеќе симптом за обичност, а не за невообичаеност.
Општеството има потреба од корисни и послушни битија, па не е препорачливо да се биде поинаков, некој од кој што се нема ќар, па уште е и непослушен. Па уште и ако има способност да размислува со своја глава, ете голем проблем за општеството. .
со ова се слагам со тебе-
и да, околу мизантропијата- толку е очигледна - баш ко што велиш апла присутна и веќе не е невообичаеност- туку напротив.Секој секого го гледа како непријател.Колку е само мизерно што луѓе шетаат и никој никого не поздравува , сите буљат во под .Сите гледаат како едниот да го заебе другиот - Мене ми се гади од тоа - но , за да не се претопам во толпата па да почнам и јас ко нив да размислувам и да ги мразам- да гледам некако да ги заебам- морам да се издвојам -
ама тоа треба да го сториш и ти, и тој, и таа ......
 

Дарко Рибарот

Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
Член од
15 мај 2012
Мислења
134
Поени од реакции
46
Секогаш вистинските играчи играат по правилата. Останатите се маргинализирани.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
со ова се слагам со тебе-
и да, околу мизантропијата- толку е очигледна - баш ко што велиш апла присутна и веќе не е невообичаеност- туку напротив.Секој секого го гледа како непријател.Колку е само мизерно што луѓе шетаат и никој никого не поздравува , сите буљат во под .Сите гледаат како едниот да го заебе другиот - Мене ми се гади од тоа - но , за да не се претопам во толпата па да почнам и јас ко нив да размислувам и да ги мразам- да гледам некако да ги заебам- морам да се издвојам -
ама тоа треба да го сториш и ти, и тој, и таа ......

Добро, јас не сум толку огорчен и голем човекомразец, и немам некоја изразена желба да зафркнам некого :) Едноставно не сум премногу воодушевен од „човештвото“ како такво, од толпата (иако друг би требало да оценува, а и донекаде различно e прашањето дали јас сум дел од таа толпа или не). Поради тоа не би можел да напишам дека филантропијата ми е јака страна, што не значи дека намуртен шетам наоколу и се ситам или завидувам некому.


Секогаш вистинските играчи играат по правилата. Останатите се маргинализирани.
Општеството е тоа што ги поставува правилата на играта и за да се успее во неа треба истите да се почитуваат. Тие што се издвојуваат, независно од тоа дали се под или над пожелниот просек (златната медиокритетска средина) едноставно штрчат. И таквите најчесто остануваат маргинализирани, осамени, непожелни. А како што напишал Крлежа: Кога си заедно со луѓето смрди, ама е топло. Ама потоа допишал и дека самотијата е празна. Кој како ќе си ја нареди :)
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Нема да кажувам некое мислење само ке препорачам една книга токму за оваа тема ..
Што и да мислиш мисли го спортивното .
Харви Мекеј.
Од други коментари ке се воздржам, ако стварно сакате да ја осетите магијата на погрешното размислиување и издвојување од толпата тогаш ова е вистинскиот одговор за вас ...
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Ова во превод значи "Биди геј "
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
417
Многу чуден тип на мизантроп сум не она апла туку по малку и на некој нереален начин.
Филантропот у мене може да се јави у ситуации кога треба некому помош или било каква поддршка тогаш безрезрвно ја има од мене но само ако се најдам у таква рандом ситуација инаку не сакам луѓе околу мене ги чувствувам туѓи, многу чудно чувство ко да не сум човечко битие. Сум се дружела и знам како да се однесувам во друштво и сум менувала другарства и сфатив дека никој тип на другарство не ми одговара до толку сум индивиџуал, некои ми викаат себична дека сум а некои ме поистоветуваат со мизантроп.
Ја не знам кај да се сместам.

На моменти чувствувам како да не сум човечка раса буквално имам рандом моменти кога ќе здогледам луѓе кои ги извршуваст секојднeвните usual обврски а мене ми иде некое туѓо чувство у смисла како е можно ова вака или онака и тоа се случува на неколку секунди и одеднаш се сепнувам дека уствари и ја тоа го правам а неколку секунди пред тоа ми изгледа како нешто ново како туѓо како невидено дотогаш.
Се на се weird experience ми е. И често ми се случува.[DOUBLEPOST=1446259699][/DOUBLEPOST]Сум размислувала околу ова кој колку е уникатен сам по себе.
Мислам дека сите се уникатни на некој начин но некои одлучуваат да лижат газови и да тераат туѓи ќејфови со цел прифатени да бидат па од аголот делуваат како толпа или пак се случува и исти интереси да се совпаднат не е исклучена и таа теза а останатите си тераат свој ќејф но за сметка на тоа отфрлени се од околината или пак сами одлучуваат да не се дружат.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Одам алигаторски во парк додека жените озборуваат. И правам се за да бидам чудак ама нели де... да не бидам страв и трепет. :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
еве една бугарка која се кандидирала скоро за градоначалник на некоја нивна општина

Заради нејзината фризура била цел на потсмев -и се’ заради тоа што е поразлична од останатите

повеќе овде
https://www.google.com/search?q=кандидат-кметицата+от+село+Гаганица+Антоанета+Лазарова&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0CAcQ_AUoAWoVChMIxNPN7aOEyQIVQRcsCh0K-wqf&biw=1143&bih=528&dpr=0.9#imgrc=_
 

Kajgana Shop

На врв Bottom