Издвој се од толпата - не биди обичен човек

L

Luki Junior

Гостин
Многу ми е криво што сум само дел од толпата, за жал немам ниту храброст, ниту доволно идеи за да настапувам поинаку.
Секако му се восхитувам на индивидуалците, зошто тие ќе го променат светот.
Карлин има многу добар говор за индивидуалноста..
Тешко е да бидеш индивидуален, денеска у Македонија. Ногу тешко. Општеството си има легални, нелегални, морални, неморални, политички, неполитички, полициски, судски механизми како да те врне назад у “нормалното и општо прифатеното“. Основата на сите е продавајнето ветер и магла како национална стратегија.
Лесно е на некаков филозофски начин да го издигнеш и апстрахираш проблемо од социјалнио контекст, тешко е коа нема да го направеш тава. Познавам човеци со идеи конкретни решенија за промени, сите си имат барем по еден банален криминален судски спор шо ги држе у послушност. :)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Ок сваќам јас говори за индивидуалноста и уникатноста.....

Но еве, ако сакаме да ги тргниме настрана односно да не ги следиме општествените правила, по дифолт стануваме одпадок од општеството, а тоа значи и загуба...
Ок, не одам на школо, не сакам да одам таму = нема работа, или па некоја не добро платена работа.
Без работа = без пари.
Без пари = паразит, парализиран
Парализиран = психофизична депресија
Психофизична депресија = нус појави
Нус појави = болест, затвор, смрт.....

Парите го владеат светот, без пари си никој и ништо! Да имаш пари, then you give a shit about rules! Ама ако си обичен смртник, ќе живееш и ќе умриш како обичен смртник.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Јас на пример не гледам турски серии, издвоен сум од толпата :rolleyes:
In a very good way, I must say ;)
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 13:10 ---
Ок сваќам јас говори за индивидуалноста и уникатноста.....

Но еве, ако сакаме да ги тргниме настрана односно да не ги следиме општествените правила, по дифолт стануваме одпадок од општеството, а тоа значи и загуба...
Ок, не одам на школо, не сакам да одам таму = нема работа, или па некоја не добро платена работа.
Без работа = без пари.
Без пари = паразит, парализиран
Парализиран = психофизична депресија
Психофизична депресија = нус појави
Нус појави = болест, затвор, смрт.....

Парите го владеат светот, без пари си никој и ништо! Да имаш пари, then you give a shit about rules! Ама ако си обичен смртник, ќе живееш и ќе умриш како обичен смртник.
Јаготке, не ти требаат пари за да размислуваш.
Оние кои имаат пари, не ги трошат на размислување за подобрување на светот и општеството.
Токму оние кои немаат, сфаќаат дека има проблем.
Не станува збор колку јас или ти ќе го промениме светот. Нема да го промениме. Но знаеш како е - мисли глобално, делувај локално.
Имено, ако нахраниш ти денес едно циганче, нема да престане гладта и сиромаштијата во светот. И утре ќе умре некој од глад. Но денес ти можеби на тоа едно циганче, ќе му овозможиш ден плус живот.
Веројатно тоа циганче денес го одминале 100 луѓе. Никој не го нахранил. Ти отстапуваш од мнозинството, не менуваш ништо во светот, но за тоа едно битие, менуваш нешто.

Глобално се менуваат работите, само кога и другите ќе го прифатат твоето однесување. Како со бунарот :) Денес ти го храниш циганчето, те гледаат 10 души и ти се смеат. Одат сите дома, се навраќаат на случката. Од 10, еден утре ќе сфати дека така треба, добро е така да постапи. Него ќе го видат 10 други луѓе, од тие 10 еден ќе постапи како него.... за глобална промена, потребен е народ, а твојот неконформизам ќе се претвори во конформизам. Ти сама ќе го донесеш прогресот, ама групата на конформисти кои ќе почнат да го следат твојот пример, ќе ја донесе промената. :)
 
Давид го победил Голиат. Ама у 99 од 100 борби, Голиат го посерува Давид у секоја смисла.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Глобално се менуваат работите, само кога и другите ќе го прифатат твоето однесување. Како со бунарот :) Ти сама ќе го донесеш прогресот, ама групата на конформисти кои ќе почнат да го следат твојот пример, ќе ја донесе промената. :)
Така е Пумичке, или како што рекол Ганди: Биди промената која сакаш да ја видиш во светот(y)
 
П

Пепси_

Гостин
Ок сваќам јас говори за индивидуалноста и уникатноста.....

Но еве, ако сакаме да ги тргниме настрана односно да не ги следиме општествените правила, по дифолт стануваме одпадок од општеството, а тоа значи и загуба...
Ок, не одам на школо, не сакам да одам таму = нема работа, или па некоја не добро платена работа.
Без работа = без пари.
Без пари = паразит, парализиран
Парализиран = психофизична депресија
Психофизична депресија = нус појави
Нус појави = болест, затвор, смрт.....

Парите го владеат светот, без пари си никој и ништо! Да имаш пари, then you give a shit about rules! Ама ако си обичен смртник, ќе живееш и ќе умриш како обичен смртник.
Види многу лошо размислуваш.....

Факт е дека во македонија владее некое правило како сите така и ти. За да те сметат нормален и на ниво (измислено ниво) достоинствено ти мора да одиш на факултет,па да најдеш таква и таква работа,на тие години да најдеш жена и то.

Земи америка,австралија за пример......има секакви институциии,има секакви курсеви,ако мене не ме бива за на факултет,шознам може ќе пробам да одам на некој курс за келнер или бармен, ама нема да ме гледат како не писмен или не корисен за општеството оти не одам на факултет.

и мене мама од мал ми вика сине како сите така и ти,е ја се контра од тогаш правам. :D
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Па и не е баш лесно да се биде/глуми индивидуалец во една мала, сиромашна и батал земја во сите полиња како што е Македонија ............ плус исто така со оглед на тоа што сме доминантно затворено и конзервативно општество индивидуалците и не и се баш многу омилени на средината !
Б.Т.В. за да се биде индивидуалец потребно е како прво да се имаат доволно средства/пари, море не само пари туку паришта, со пет пари во џебот тешко дека некој ќе стане/глуми индивидуалец !
Ако се имаат доволно средства/пари ОК, но во спротивно ќе мора човек едноставно да си легне на брашното, да си се предаде и да си се помири со реалноста и со судбината и да си биде како и повеќето други околу него т.е. ќе мора да си биде само еден обичен човек/смртник(т.е.овца од стадото), во секој случај подобро е човек да биде една овца од големото стадо, отколку да биде едно никогаш несфатено и изгубено космичко тело !
ОК е да се биде индивидуалец, многумина тоа го сакаат, но ретко на кои им успева тоа б.т.в. ова е Македонија, не е ова Холандија или Шведска ........... овдека стандардот е никаков, а богами и менталитетот на народот е претежно конзервативен, да бидеме реални !
 
R

Randy

Гостин
И што ако се издвоиш од толпата и не си обичен човек?
пфф. Јака работа.
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 19:08 ---
Тешко е да бидеш индивидуален, денеска у Македонија. Ногу тешко. Општеството си има легални, нелегални, морални, неморални, политички, неполитички, полициски, судски механизми како да те врне назад у “нормалното и општо прифатеното“. Основата на сите е продавајнето ветер и магла како национална стратегија.
Лесно е на некаков филозофски начин да го издигнеш и апстрахираш проблемо од социјалнио контекст, тешко е коа нема да го направеш тава. Познавам човеци со идеи конкретни решенија за промени, сите си имат барем по еден банален криминален судски спор шо ги држе у послушност. :)
Најлесно нешто. Купи ајфон најнов. Никој нема да е ко тебе и сите ќе сакаат да се како тебе. За поголем ефект оди во некој од помалите градови со ајфонот.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
И што ако се издвоиш од толпата и не си обичен човек?
пфф. Јака работа.
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 19:08 ---

Најлесно нешто. Купи ајфон најнов. Никој нема да е ко тебе и сите ќе сакаат да се како тебе. За поголем ефект оди во некој од помалите градови со ајфонот.
Не е баш така, ајфонот е сепак ситна работа и мало-морген дека тој ќе ти ја зголеми и нахрани индивидуалноста .... ОК може ама само на одреден период, после некое време ќе ти пројде меракот и ќе го баталиш т.е. ќе го џитнеш у некоја фиока по дома !
Под индивидуалност и отскокнување од околината/толпата околу тебе подразбирам да бидеш финансиски стабилен и независен, да не зависиш од никого, ни од мама, ни од тато, ни од дедо, ни од баба... потоа под индивидуалност подразбирам сам да живееш, сам да си ги плаќаш сите месечни трошкови од А до Ш, сам да си го тераш и кроиш животот, никој да не ти се меша, ама баш никој, да можеш да си дозволиш со парите многу повеќе од еден обичен и просечен живот, потоа под индивидуалност подразбирам исто така покрај прво-опишаниве работи плус треба да имаш начин на живот, размислувања, однесување, сфаќања... поинакви од оние на средината околу тебе ........... т.е. различни општествени, животни, политички, религиски погледи... и ред ред други работи кои би те направиле единствен и посебен(начин на облекување, омилен тип на музика, хобија, навики, интереси, некое јако ауто...) ................... но за повеќето работи кои ги спомнав потребни се пари, многу пари... така да со оглед на тоа дека живееме во мала, сиромашна и батал земја во секое поле мислам дека во Македонија е тешко и скоро невозможно да се стане/биде успешен индивидуалец ! :icon_mrgr:
 
Згрешив де, ајфон е за сељаци. Во право си треба да си индивидуалец со стил. Со ајпед и бесно порше може или малку е и тоа?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Згрешив де, ајфон е за сељаци. Во право си треба да си индивидуалец со стил. Со ајпед и бесно порше може или малку е и тоа?
Само ајфонот ЈОК ......... ама тоа поршето може да ти заврши работа ......... да станеш индивидуалец де(посебан и једини) .......... (y) :icon_mrgr:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Воинот на пример се разликува од обичниот човек по тоа што за него се’ е предизвик, додека за обичниот човек се’ е или благослов или проклетство- трето нема
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Воинот на пример се разликува од обичниот човек по тоа што за него се’ е предизвик, додека за обичниот човек се’ е или благослов или проклетство- трето нема
Oвие твои зборови се поезија....
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тешко е да бидеш индивидуален, денеска у Македонија. Ногу тешко. Општеството си има легални, нелегални, морални, неморални, политички, неполитички, полициски, судски механизми како да те врне назад у “нормалното и општо прифатеното“. Основата на сите е продавајнето ветер и магла како национална стратегија.
Лесно е на некаков филозофски начин да го издигнеш и апстрахираш проблемо од социјалнио контекст, тешко е коа нема да го направеш тава. Познавам човеци со идеи конкретни решенија за промени, сите си имат барем по еден банален криминален судски спор шо ги држе у послушност. :)
Луки тоа не е проблем само во Македонија туку глобален. Гледај само во што се претвори движењето Occupy Wall Street во центарот на демократијата. Се уфрлија инсајдери, медиумите го пласираа како некое помодарство на левичари и една цела идеја се претвори во циркус и никој не ја зеде за сериозно. На другата страна од топката во комунистичка Кина слично како и во САД се убидуваат да го убијат индивидуалистот. Еве ти документарец за еден од најголемите дисиденти од Кина Аи ВеиВеи и што се случува кога некој поинаку размислува. Се согласувам дека цел на системот е да продуцира колку што може послушни работници кои плаќаат данок, но тоа не е проблем на системот туку на нас самите. Не е убаво да се зборува од име на толпа, но овде морам да речам ние сме тие кои ги убиваат индивидуалистите. Се плашиме од промената и подобро ни е во комфорот што ни го нуди секојдневието и благопријатното чуство на рутината, па затоа и индивидуалистите се осудени на прогон и пропаст.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom