Момчета, да ми помогне некој по искусен у овие работички ако можит.
Значи ми треба мала помош.
У Фотошоп ка работам, имам како еден проект и имам задача да копирам текстче, или да дуплирам, ама да го составам од буква по буква, фактички на мене ми имат дадено некои реченици, и сега јас од тии реченици, со тај фонт шо е тексто пишан без никакви промени, со копиране на буквите треба да составам други реченици кој ми се зададени. Ако може некој да ми даде некоо клипче, или да ми објасне накратко как тава изгледе, чисто да имам некоо основа, после ке се снајдаме не е проблем.
А па момиче, ак не те мрзи, тури тука едно скринче од проектот, да видам ја шо как...Ако бојата на текстот знатно се разликува од позадината ќе ја наредееме ваа, лесна е
--- надополнето: 11 април 2013 во 09:29 ---
Дај ве молам се нервирам..сакам од слика само особата да ја остам другото да испадне со magic wand то се работи ...ама ко ке одам да селектирам покрај него..ЦЕЛА слика се селектира ...на нерва ми оди веке 5 сати госпо да чува
Е па така е кога не знаете за што и како е некоја алатка и на кој принцип работи...Magic wand ги селектира работите кои се слични или поточно кажано исти и соседни. Пример ако позадината е црна и имаш девојка на сликата во бел фустан, со magic wand, супер ќе ја селектира девојката со голема точност...ама ако поздината е, да кажам, недефинирана, на пример ако е сликано во парк, а девојката носи шарена облека, фармерки, блуза со 2-3 бои и плус во позадина имаш сив бетон, кафено дрва, зелена трева, ништо не можеш да направиш со magic wand, а тоа да личи на нешто...Селектирањето и одделувањето на луѓе од слика е една од најзаебаните работи. Има полесни и посложени техники како се прави тоа, секако, секоја дава резултат според комплексноста
Јас најчесто правам со pen tool, си цртам патека околу тоа што сакам да го одделам, правам селекција од тоа, малку дотерувања на селекцијата, ова-она, мавам ctrl+j и прилично добри резултати дава. Е сега има и други техники, со кои и цела коса, на пример ако е долга, виткана, голема, волуменеста, со таа техника можеш целосно да ја одделиш од сликата ама мене тоа искрено ми е многу тешко и не се замарам да го правам
.
http://bobipp.deviantart.com/gallery/38807283
Шо мислиш како ми се овие ставени на сликиве....? Од други слики, вадени со Pen tool