Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Форумџии дали има некој туторијал на македонски јазик за Photoshop сакам да научам да го работам а немам можност за да платам курсеви. Бтв ако нема на Македонски можи и на англиски но некој на кој што е добро објаснато. Јас побарав на нет и најдов на англиски јазик ама не се баш за почетник.

Можеш на јутјуб(ArcheosDesign, IceFlowStudios, PhotoGavin[овој има туторија и за фото апарати ако те интересираат]) да гледаш туторијали, а можеш една(не е една, повеќе се) книга да симнеш од интернет "Adobe Photoshop CS5 Classroom In A Book", книгата има околу 400-500ни страни и е многу корисна.
Потоа, можеш исто така по овие торентиве да побараш туторијали од Lynda.com, Digital Tutors и не знам уште кои беа таму такви страни за учење/совладување на Фотошоп.
 
Оке Фала многу.
 
Со 2-годишно искуство :D
Супер но има ли негде туторијал за тоа ? ,јас често кога ќе фотографирам огномет навечер за дочек нова година се ми излегува како размачкано никакво
 
Прво треба да сликаш, каква, таква пристојна фотографија со апаратот, нешто како мојата. За среќа на мојот има посебен мод за сликање на огномет што колку толку помага мада задолжително е апаратот да стои на статив, пошто нема шанса со рака да додржиш и да не мрднеш ни 1 мм. Јас сликав од балкон па апаратот ми стоеше на ограда :D. Е после за шминкање на сликата се користат 5-6 алатки, кои вака поединечно не можам да ти ги кажам и објаснам, тоа со тек ба време кога ќе поминеш неколку различни туторијали ќе можеш сам да ги користиш и комбинираш. Ако е скроз замачкана сликата, ни Господ не ја поправа. :D Дај да видам шо слика имаш, можда јас ќе можам да направам нешто. А еве ти добра страна за Photoshop туторијали: www.psd.tutsplus.com.
Eве ти овде книгичка на македонски, а овде туторијали :)
 
Имам голем проблем, кога кликам на BR (bridge) за да ставам рендер, ми се јавува ова:

c1wca188iuw0hmkyc8.png

Што значи ова и како да го опраам?
 
Мене ми треба помош, ја симнав програмава, и сега ми бара емаил нешто, пробав со два различни и не ми отвора пак.
Аnybody ?
 
Мене ми треба помош, ја симнав програмава, и сега ми бара емаил нешто, пробав со два различни и не ми отвора пак.
Аnybody ?
Не е бесплатна програмата. Варез муабет, по приватна порака ако сака некој нека ти одговори.
 
TTbooY

Добро изгледа но ако можеш сподели малце повеќе информации или стави кои слики ги користеше за да дојде до тоа што си посирал :)
 
Ќе може ли некој да ми помогне со тоа логото што го стават на сите слики во ноќните клубови,како да го изработа да ми биде проѕирно да биде исто како на сликата само јас да си сменам знакот и буквите.Благодарам
GuXR4a3.jpg
 
Сакаш тоа што е “Во Штип“ и знакот до него да биде прозирно или сакаш твое лого и текст да бидат прозирни како она infoMedia?
За првиот случај е многу тешко да се направи, треба да го имаш оригиналниот фајл со логото, а за вториот може да се направи, треба да го смениш стилот на layer-от од normal во overlay и да намалиш opacity негде до кај 60-70% зависи, ќе си видиш сам.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
MiStudioBooth.pngMiStudioBoothCardFront.pngwhutemug1.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom